Иден магистер по кинезиологија, Душан Сенковиќ од Србија: Во блиска иднина професионалн се гледам во велнес центар во Словенија

Душан Сенковиќ дипломирал медицинаска рехабилитација на медицинскиот факултет во Нови Сад, Србија. Но, неговата желба за образование и доусовршување на професионален план не застанала тука. Голема улога во одлуката да запише магистерски студии во Словенија, била и информацијата дека студиите за српските државјани се бесплатни. Во дилемите околу изборот на најсоодветната студиска програма му помогнала специјалистката по едукација во 2ТМ Мојца Ламовец, по што ја избира студиската програма по кинезиологија. Со Душан Сенковиќ разговаравме за студиите на Универзитетот во Копер, учењето на словенечкиот јазик и студентскиот живот на море.

Photo: © Душан Сенковиќ

Бесплатен и квалитетен високообразовен систем

„Бесплатен и квалитетен високообразовен систем“ – со овие зборови студентот од Србија Душан Сенковиќ, ја аргументира својата одлука да го продолжи високото образование во Словенија.

Дипломирав на медицинскиот факултет во Нови Сад, отсек медицинска рехабилитација, а овде се запишав на магистерски студии по кинезиологија при Универзитетот на Приморска во Копер. Одлично е, за сега сум задоволен и со факултетот и со односот на професорите до мене. Особено ми се допаѓа тоа што тие се отворени и во рамки на студиите ни даваат можност да се занимаваме со истражувања кои не интересираат нас студентите“. – вака Душан го опишува својот петмесечен студиски престој во Копер. Иако размислувал да студира физиотерапија, се одлучил за студиската програма по кинезиологија, откако ги добил сите потребни информации од страна на 2ТМ.

Навремена и ефикасна комуникација со 2ТМ

Душан дознал за 2ТМ преку интернет. „Тие ми ги дадода сите потребни информации за студиите во Словенија. Од нив дознав и дека студиите се бесплатни за српските државјани, што беше особено важно за мене, бидејќи не се плаќа школарина.“ Сенковиќ објаснува дека целата комуникација со 2ТМ и подготовката на потребните документи за неговиот упис на факултетот во Копер се одвивала навремено и ефикасно.

2TM ми беше од голема помош и поддршка за време на моето пријавување на факултетот во Словенија. Тие се трпеливи, прецизни и имаат одговор на секое ваше прашање“ – ја опишува Душан соработката со 2ТМ.

„Vaja dela mojstra“ – за учењето на словенечкиот јазик

Сенковиќ го изучувал словенечкиот јазик три месеци во друштвото на Словенци во Нови Сад. Признава дека кога дошол во Словенија, бил малку несигурен поради јазикот, но според него нема јазик што не може да се научи, па така и словенечкиот.

Магијата во словенечкиот јазик е во тоа што тој е истовремено и сличен и различен. Можам да кажам дека ми оди многу добро. Разбирам сѐ, додека на говорот и на изговорот сметам дека треба уште да работам“ – се смее Душан и ни кажува една словенечка изрека „vaja dela mojstrа” („со вежбање станувате мајстор“). Тој вели дека кога се подготвува за колоквиумите или за некој испит, понекогаш му треба повеќе време за да преведе и да запамети некоја реченица, но дека за сега му оди добро.

Студентски живот на море

Душан живее со три цимери во стан во Копер. За морската клима вели дека е голем плус и дека таа е секогаш пријатна, освен кога дува ветер. Слободното време го користи за играње кошарка во термините кои им ги обезбедил факултетот на студентите. Душан често се дружи со другар од Нови Сад кој работи во Копер, но запознал и многу нови пријатели од факултетот.

На прашањето што му недостасува овде во Словенија, тој одговара: „семејството, девојката и пријателите“. Но, истакнува и дека неколку пати одел дома во Нови Сад, а кај него на посета во Копер еднаш биле и родителите.

Професионални планови за иднина

Во блиска иднина професионално се гледам во велнес центар во Словенија“ – ни открива овој млад иден магистер по кинезиологија..

Автор: Лидија М.Кустербајн

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х