Информација што задолжително мора да ја знаат сите студенти во Словенија

Ако го читате овој текст, сигурно ве интересира образованието во Словенија, планирате да се запишете на факултет таму, или сте родител на иден студент. Можно е и веќе да сте се запишале на факултет во Словенија и со гордост да се нарекувате бруцош, т. е. студент на прва година.

Photo by Vadim Fomenok on Unsplash

Според податоци од сигурни извори, за вас ги собравме најважните информации за правата и обврските на студентите, а и карактеристиките на студентскиот живот во Словенија. Во оваа статија ќе зборуваме за тоа како изгледа студентскиот свет, како функционира и кон што треба сериозно да се однесувате.

Што се подразбира под студентски статус?

Според правната дефиниција, студент е она лице кое според востановениот поредок е запишано на образовна институција заради студирање. Па, така, кога идниот студент се запишува на дипломски или на постдипломски студии, на факултет или на висока школа, добива статус на студент.

Документ кој го потврдува статусот на студентот е студентската картичка, а до нејзиното издавање од деканатот може да се земе потврда за упис, која може да се користи заедно со пасошот.

Откако ќе го добие студентскиот статус, студентот:

  1. може да користи здравствено осигурување;
  2. може да добива попуст на исхраната;
  3. може да користи попуст за јавниот превоз;
  4. може да добива стипендија;
  5. може официјално привремено да се вработи преку студентскиот сервис;
  6. може да живее во студентски дом, ако официјално не е вработен и ако не е регистриран во Заводот за вработување.

Студентскиот статус почнува на 1 октомври, трае до 30 септември наредната година и се продолжува при секое успешно преминување во наредната година, сè до завршувањето на студиите.

Студии и испити

Сите студентски обврски може да се сведат на две главни: студентот мора да учи, при тоа користејќи ги сите можности, и успешно да ги извршува академските должности. Освен тоа, студентот станува лице на универзитетот, затоа мора да биде подготвен да го претставува и него и факултетот, и да ја брани неговата чест на конференции, конкурси и форуми.

Сите студенти мора да присуствуваат на предавања и семинари, да извршуваат пракса, да ги исполнуваат домашните задачи, а и самостојно да се едуцираат. Професорите на различни начини го проверуваат знаењето, а методите на проверка зависат од студиската програма: студентите прават тестови, изработуваат семинарски, исполнуваат истражувачки задачи, меѓутоа основни методи на проверка се испитите и колоквиумите.

Колоквиумот значи дека сето знаење што студентот го стекнал во текот на семестарот се дели и се проверува во неколку етапи. Ако студентот го положил првиот колоквиум, професорот го пушта на наредниот.

На секој испит студентите може да се појават определен број пати, во зависност од правилата на универзитетот. При тоа, првите три пати се бесплатни, а наредните се плаќаат. Ако студентот ја повторува годината, појавувањето на испит се брои од почеток, а ако се вратил од академско отсуство, броењето продолжува.

На словенечките универзитети има три испитни рока:

  1. зимски – јануарско-февруарски;
  2. летен – јунско-јулски;
  3. есенски – за решавање на заостанати академски обврски.

За студентот да може да се појави на испит, мора да го пријави преку порталот eVŠH, 3-8 дена пред испитот. Пријавата значи дека студентот ќе присуствува на испитот: ако не се одјави во следните 2-3 дена и не се појави, се подразбира дека не го положил испитот, и може да не го примат да полага во следниот испитен рок. На колоквиум по еден предмет студентот треба да се пријави само еднаш, а понекогаш не треба ни да се пријавува, зашто професорот го договара колоквиумот заедно со студентите.

Ако студентот не се согласува со резултатот од испитот, може да поднесе жалба. Роковите и условите за жалба не се исти на сите универзитети.

Секој студент може да ја поправи оценката на испитот: за тоа мора да пополни посебен формулар и да се подготви за повторно појавување на испитот во некој од следните рокови. Студентот мора претходно да провери во деканатот, кој резултат од испитот ќе се смета за валиден, најдобриот или последниот.

Продолжување на рокот за студирање

Студентот има право да го продолжи рокот за студирање уште една година, но за тоа мора да постои определена причина. Универзитетите оваа проблематика ја решаваат на различни начини, меѓутоа обично како основа за продолжување на студиите се зема болест или активно учество на студентски манифестации кои влијаеле на академскиот успех. Покрај ова, на Универзитетот во Љубљана може да побарате дополнителна година за студирање, ако е тоа неопходно поради семејни околности, или поради сложени животни ситуации, и исто така ако студентот има статус – лице со посебни потреби. Универзитетот во Марибор како причина за продолжување на рокот за студирање ги наведува и служењето воен рок и школувањето во странство.

Студентките со деца може да го продолжат студентскиот статус за уште една година за секое новородено дете и да добиваат мајчин додаток.

Студентот има право на дополнителна година за да го пишува дипломскиот труд, и при тоа да не го изгуби студентскиот статус.

Како да се премине во друга струка

Ако во текот на студиите студентот сфати дека избрал насока која не му одговара или ако не може да собере доволно кредити и да ја исчисти годината, еднаш во текот на студиите има право да премине на друга студиска програма.

Ако профилот на студиите не претрпува големи промени и ако студентот преминува на програма која е слична со претходната (на пр. од економија на финансии), има големи шанси да го продолжи школувањето без да губи година. Можеби ќе мора да полага еден или два дополнителни диференцијални испити во текот на годината, но резултатите во другите дисциплини, сродни со претходните студии, ќе бидат земени предвид.

Ако новата програма целосно се разликува (на пр. преминување од студии по информатичка технологија на лингвистика), мора да почне од почеток.

Академско отсуство

Академското отсуство (замрзнување на студиите) на студентот му овозможува привремено да ги прекине студиите и подоцна да ги продолжи. Само еднаш додека студира, студентот има право да ги замрзне студиите. При тоа, нема да има право да ја искористи дополнителната година за завршни испити и за пишување на дипломската работа. Додека му се замрзнати студиите, студентот ги губи сите права поврзани со студентскиот статус. Тие ќе бидат обновени автоматски тогаш кога студентот повторно ќе почне да студира.

Ако академското отсуство трае две или повеќе години, а структурата на студиската програма во меѓувреме се променила, студентот мора да напише молба за продолжување на студиите по првичната програма. Ако студентот има заостанати испити, по враќањето од отуството, полагањето на овие испити се плаќа.

Како да не го изгубите студентскиот статус

Ако студентот ги игнорира студентските обврски, ги нарушува правилата на универзитетот или ако препишува на испитите, во најдобар случај добива предупредување или укор, а во најлош – ќе биде избркан од универзитетот.

Студентот го губи студентскиот статус:

  1. ако престане да оди на настава и нема неопходен број кредити за да премине во наредниот семестар;
  2. ако е избркан од универзитетот;
  3. ако не успеал да ги положи сите испити и ако не успеал да го напише дипломскиот труд во текот на дополнителната (апсолвентска) година.

Тимот на компанијата 2ТМ на студентите им посакува да го изгубат студентскиот статус само поради една причина – успешно завршени студии. Обратете ни се за сите недоумици, поврзани со уписот и со студиите на факултетите во Словенија!

Текстот го прилагоди: Анастасија Пименова

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х