За запишување во поголемиот број на образовни установи во Република Словенија нема потреба да се полагаат приемни испити и тоа претставува олеснителна околност за кандидатите. Исклучок се некои студиски програми на кои не можете да се запишете на високообразовните установи без полагање на приемниот испит, на пример ако станува збор за креативните студиски програми или студиските програми од сферата на архитектурата. Во тој случај за кандидатите не е доволно да имаат само добар успех од средните училишта туку потребно е и да се полага приемен испит. Добиените бодови на приемниот испит се решавачки фактор за запишување на посакуваниот факултет.

Photo: Designed by @tutatama

Во Република Словенија приемните испити се полагаат во случај да се запишувате на следните факултети:

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ЉУБЉАНА

Музичка академија

За програмата „Музичка уметност“ се полагаат приемни испити по основните предмети и музичко-теоретските предмети. Од полагање на испит по музичко-теоретски предмети се ослободени кандидатие кои што завршиле уметничка гимназија, останатите треба да ги полагаат испите по предметите: „Солфеж“, „Хармонија“, „Историја на музика“. За определени студсики програми се предвидени конкретни специфични барања, на пример, писмена задача, доставување на авторски композиции, проверка на слухот за музикалност и така натаму.

За програмата „Музичка педагогија“ испитот се состои од четири дела: писмен тест, испит по свирење на пијано, вокален испит и испит по знаење на солфеж, а исто така и педагошки тест (есеј и инервју).

Резултатите од приемниот испит се важечки само во тековната година.

Академија за театар, радио, филм и телевизиска уметност

За сите програми потребно е да се полага испит по уметност и да се докажат соодветните психофизички способности. Психофизичките способности се потврдуваат со уверение за општата здравствена состојба. За програмите „Филм и телевизиска уметност“ и „Театарска режиска уметност“ исто така треба да се полага специјален тест за проверка на видот и слухот. Резултатите од приемниот испит се важечки само во тековната година, испитот може да се полага максимум три пати. Ако не успеете да се запишете од првиот обид, не се разочарувајте, познато е дека многу словенечки актери го полагале приемниот испит по неколку пати. Важно: при запишувањето на сите програми на Академијата за театар, радио, филм и телевизиска уметност се бара сертификат кој што го потврдува познавањето на словенечки јазик на ниво В2.

Академија за ликовна уметност и дизајн

Приемниот испит се состои од два дела. Во првиот дел треба да се исполни задачата која што ја налага избраната прогрма. Вториот дел од испитот кој што исто така се разликува во зависнот од избраната програма, можат да го полагаат само тие кои што успеале да го положа првиот дел од приемниот испит. Резултатите од приемниот испит се важечки само во тековната година, се препорачува да се запишете на еден од подготвителните курсеви.

Биотехнолошки факултет

Во текот на приемниот испит за запишување на порограмата „Надворешно уредување“  кандидатите треба да го демонстрираат својот квалитет, кој што е потребен во наведената професија: добро восприемање на просторот, креативни навики, разбирање на писмени и на графички нијанси и изразување (цртање). Приемниот испит е писмен. Темата на испитот се способностите за изразување, прецизниот метод на проверка и критериумите за оценување секоја година ги определува комисија.

Факултет за архитектура

Креативниот приемен испит за кандидатите од програмата „Архитектура“ вклучува проверка на уметничкото и просторното восприемање и негово изразување, а исто така и познавање на проблематиката поврзана со ахитектурата. Во текот на испитот исто така се црта по модели, по сеќавање и по восприемање на просторот. Креативниот испит за кандидатите кои што сакаат да се запишат на програмата „Урбанизам“ вклучува и проверка на логичко размислување, способност за просторно восприемање и изразување, а исто така и разбирање на проблематиката од современиот живот. Обично испитот се одржува два дена, во текот на првиот ден се исполнуваат графички задачи, а во вториот ден на двете програми се одржува интервју со кандидатите. Резултатите од приемниот испит се важечки само во тековната година.

Факултет за спорт

Кандидатите во текот на испитот по фискултутра треба беспрекорно да ги положат следните дисциплини: трчање на 100 и 2400 метри, скок во далечина од место, салто на назад, кравање на вратило со низок зафат (женски), кревање на вратило со висок зафат (за момчиња), и пливање на 100 метри. Резултатите од приемниот испит се важечки само во тековната година. Кандидатите во текот на втората етапа од уписната кампања (во септември) можат да ги подобрат своите оцени. Да напоменеме дека со цел успешно да се положи приемниот испит за кандидатите за упис, факултетот за спорт секоја година организира подготвителни курсеви.

Природно- технички факултет

Приемниот испит за запишување на програмата „Дизајн на текстил и облека“ слободно цртање и сликање на фигурата на човекот , дизајн на облека, дизајн на текстил и проверка на восприемањето на бои. Кандидатите треба да ги демонстрираат своите рачни способности, кои што се многу важни во дизајнот на текстил. Резултатите од приемниот испит се важечки само во тековната година.

Педагошки факултет

За запишување на програмата „Уметничка предагогија“ потребно е да се положи приемниот испит по уметност, кој што се состои од две задачи (цртање на фигура по модел и цртеж од мртва природа), со чие цртање кандидатот ги покажува своите уметнички способности. Резултатите од приемниот испит се важечки само во тековната година. За запишување на програмата „Логопедија и сурдопедагогија“ кандидатите треба да положат испит по вештини во комуникација. Резултатите од приемниот испит се важечки само во тековната година.

Факултет за здравје

За запишување на програмата „Лабараториска забана протетика“ потребно е да се положи испит по практика за проверка на вештините, кои што се состои од три дела: цртање, моделирање од различни материјали и формирање на различни материјали. Од пријавените кандидати кои што имаат желба да се запишат на факултетот за здравје се избираат само посебно надарените, тие кои што имаат природен талент. Во случај на голем интерес за кандидатите се организира подготвителен курс за приемниот испит. Треба да се земе во предвид дека при запишување на факултетот за здравје потребен е сертификат за познавање на словенечкиот јазик на ниво В2.

УНИВЕРЗИТЕТ ВО МАРИБОР

Факултет за градежништво,  транспорт и архитектура

За запишување на програмата „Архитектура“ потребно е да се положи креативен испит. При проверката на способностите на кандидатите, кои што имаат желба да станат архитекти, се земаат во предвид нивните креативни способности, нивото на претстава на просторот , иновативност, адаптивност, комуникативност, чувство за естетика и ерудиција. Кандидатите полагаат уметнички задачи и имаат интервју.

Педагошки факултет

Испитот е со цел проверка на музичките способности за програмата „Музичка педагогија“ и вклучува писмен и усен дел. Кандидатите треба да исполнат програма на пијано и да имаат предзнаења во областа на музиката. Креативниот испит при запишувањето на програмата „Уметничка педагогија“ вклучува цртање или сликање на природата на зададена тема. Кандидатите кои што се запишуваат на програмата „Спортска подготовка“ треба да полагаат испит по моротика (се оценува силата на рацете и нозете, координација, еластичност и така натаму ). Покрај тоа при запишувањето на сите програми на педагошкиот факултет се бара сертификат за познавање на словенечки јазик на ниво В2.

АВТОНОМНИ ВИШИ ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ

Alma Mater Europaea, Академија за танци

Сите кандидати кои што имаат желба да се запишат на програмата „Уметнички танци, кореографија“, треба да полагаат креативен испит со презентација на портфолио. Исто така треба да достават уверение за здравствената состојба и анамнези, во кои што се наведени информациите за претрпените сериозни повреди и болести и способноста за изджување на големи прихофизички оптоварувања. Уверението за здравствената состојба може да го издаде матичниот лекар (специјалист).

Факултет за дизајн

Испитот се состои од два дела. Првиот дел е писмен и вклучува проверка на дизајнерските способности, креативни способности, знаење да набљудува и визуелно да се изрази,  визуелно изразување, уметнички способности (претстава за просторот) и квалитетот на исполнување. Вториот дел се состои од интервју, во текот на кое што се проверува мотивираноста на кандидатот и неговите способности за дизајн, креативните способности и така натаму. Резултатите од приемниот испит се важечки само во тековната година.

IAM – Виша школа за мултимедија

При запишувањето потребно е да се достави мулимедиален материјал (серија на фотографии, аудио или видео материјал, електронски образовен материјал, графички материјал, 2D или  3D анимација), а потоа да се одржи интервју со комисијата.

Виша школа за услуги

Креативниот испит по специјалноста „Фото уметност“ вклчува разгледување на работата на кандидатот (портфолиото со минимум 10 фотографии). Комисијата ги оценува уметничките способности, восприемањето и претставувањето на просторот , прецизноста на пренесувањето на смислата, техниката на исполнување и јасноста на мотивот.

Напоменуваме, дека пријавните рокови за запишување во образовните установи во Република Словенија продолжува. Ако сакате да добиете бесплатна индивидуална консултација поврзана со прашањата за запишувањето, обратете се до нашите специјалисти!

Извор: dijaskisvet.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х