За студентите компанијата 2ТМ организира интензивни курсеви за изучување на словенечкиот јазик. Намената на овој јазичен курс е да им се олесни прилагодувањето на студентите во Република Словенија и да се подготват за студиите за да можат да ги следат предавањата и успешно да ги полагаат испитите.

Под водство на искусен предавач, на којшто словенечкиот јазик му е мајчин јазик, ќе научите словенечки јазик на различни нивоа и ќе ја запознаете словенечката култура и традиција.  Наставниот план вклучува, поздравување, фрази, основни поими и изрази за олеснување на асимилацијата и следење на наставата. Групите се мали – до 15 студенти – што му овозможува на наставникот индивидуален пристап и ја олеснува комуникацијата на учениците со професорот и подобро вклучување во процесот на учење.

Интензивните курсеви се погодни за почетници и ќе се одржат во Љубљана.

Курсот за изучување на словенечки јазик е акредитиран од Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија. Студентите добиваат потврда за завршен курс.

Следен интензивен  курсеви:

ВО ЖИВО:

  • почеток 11.07.2022,  ниво А1-A2, 100 часа: Љубљана, 600 €
  • почеток 01.08.2022: ниво А1-A2,100 часа: Љубљана; 600 €

Изберетекурс и обезбедете си слободно место. За повеќе информации кликнете тука или напишете ни на следната електронска адреса: [email protected]