За странските студенти кои што се запишуваат во словенечките образовни институции во академската 2019/2020 година, компанијата 2TM организира интензивни курсеви за изучување на словенечкиот јазик. Тие се акредитирани од страна на Министерството за образование, наука и спорт.
Photo: Unsplash/Priscilla Du Preez
Со помош на искусен предавач – носител на јазикот – студентите ќе научат да читаат, пишуваат, правилно да зборуваат и да го разбираат јазикот (на ниво А1-А2), а исто така ќе учат за словенечката култура и традициите. Тоа ќе им го олесни студирањето и животот во Република Словенија.
Интензивниот курс од 100 часови ќе се одржи во Љубљана и Марибор од понеделник до петок, по четири школски часа дневно.
Посетувањето на јазичниот курс непосредно пред почетокот на студирањето е добар потег, бидејќи студентите теоретското знаење ќе можат веднаш да го применат во практика, и со самото тоа да го зачуваат своето знаење.