Ние продолжуваме да објавуваме совети за тоа, како успешно да се помине интервјуто за работа и се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат вам да ја добиете посакуваната работна позиција.

Целта на интервјуто за вас се состои во тоа да го убедите потенцијалниот работодавач дека токму вие сте најдобриот кандидат за отворената работна позиција. Затоа во текот на интервјуто со претставникот на компанијата вие треба да оставите впечаток дека ги поседувате токму тие знаења, вештини и квалитети, кои што и се потребни за отворената работна позиција во таа компанија.

Photo: Unsplash/CoWomen

Компаниите бараат луѓе, кои што:

– ги владеат потребните професионални вештини, имаат работно искуство, соодветно образование, заинтересирани се за работното место и не им се на прво место нивните права (како на пример: годишен одмор, празници, паузи);

– владеат со комуникативни вештини, подготвени се за обуки, флексибилни се, покажуваат самоиницијативност, самостојност, иновативност и динамичност;

– умеат да чуваат деловни тајни;

– способни се да предложат нови свежи идеи и решенија;

– зрачат со позитивна енергија и искрено се насмевнуваат.

Запомнете дека во текот на интервјуто не ве избира само работотдавачот вас туку и вие го избирате него. Затоа немојте да се најдете во позиција на „барател“ и не покажувајте разочарување, дури и ако многу долго време  безуспешно барате работа.

Пред интервјуто:

  1. Проучете ја компанијата: какви производи или услуги предлага таа, колку вработени има, дали има претставништва во други земји, прочитајте ги соопштенијата за печат, промотивните материјали, статиите на интернет, распрашајте се по пријателите и познаниците за компанијата;
  2. Проучете ја состојбата во таа стопанска гранка, во која што се наоѓа компанијата: нејзините актуелни и идни тенденции, дејноста на конкурентските компании;
  3. Дознајте нешто повеќе за идниот соговорник (ако знаете кој ќе биде) со помош на социјалните мрежи;
  4. Самоанализирајте се – подгответе список на вашите способности и квалитети, поврзете ги со моменталното искуство преку призмата на потребите на компанијата. На тој начин, вие прецизно ќе одредите, во кој дел може да се искористат вашите услуги во компанијата;
  5. Обезбедете си претставителен надворешен изглед. Вашата облека треба да биде максимално удобна и солидна, да не биде пренатрупана со детали, со накит, модни додатоци, и наметливи бои и да не се истакнува премногу. За девојките не е препорачлива многу нападна или вечерна шминка. Фризурата треба да биде примерна и уредна, обувките треба да бидат класичен модел и задолжително да бидат добро исчистени.
  6. Земете го со себе резимето, документите кои што ги потврдуваат вашите достигнувања, а исто така и список со препораки, посебно ако таков список не ви побарале. На тој начин со документи можете да го потврдите своето искуство;
  7. Дојдете на време, бидејќи доцнењето укажува на вашата несериозност. Оптимално е да се пристигне 5 до 10 минути пред започнувањето на интервјуто.

Во големите компании на интервјуто многу често присуствуваат неколку луѓе – менаџери од кадровското одделение и раководителите на одделите со кои што вие во иднина ќе треба да соработувате. Во малите компании интервјуто може да го одржи раководителот.

После воведниот разговор и ракувањето вам ви задаваат општи прашања за образованието и работното искуство. Понатаму во разговорот следат прашањата, кои што директно се поврзани со отворената работна позиција. На кројот повторно следат поедноставни прашања за вашите интереси, хоби и така натаму. На крајот на разговорот ве информираат на кој начин ќе ве известат за резултатите од изборот. Потоа следува ракување и збогување.

Ако поради оддалеченоста на компанијата или поради тоа што компанијата се наоѓа во странство или во интерес на времето работодавачот закаже интервју преку интернет, тогаш најверојатно ќе ја користите програмата Skype. Обрнете внимание корисничкото име на Skype да биде пристојно, обезбедете тишина во просторијата. Ова правило важи и при интервју кое се одвива преку телефон. Можете да си помогнете со тоа што ќе составите краток концепт за потсетување; задолжително имајте покрај себе тефтерче и пенкало, за да запишете некоја важна информација. За време на интервјуто гледајте во камерата и не се деконцентрирајте од други работи околу вас. На прашањата на лицето кое што го води интервјуто одговарајте јасно и прецизно, со целосни реченици: тоа посебно е важно при телефонски разговор, бидејќи човекот, кој што зборува со вас, не ве гледа. Таму каде што ќе процените дека е умесно, можете да се насмевнете: вашиот соговорник ќе ја забележи насмевката по тонот на вашиот глас и тоа ќе го направи вашиот разговор поопуштен, а непотребната напрегнатост ќе исчезне.

Следува продолжение

Извор: mestomladih.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х