Ние продолжуваме да објавуваме совети за тоа, како успешно да се помине интервјуто за работа и се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат да го добиете посакуваното работно место. Претходно ние ви раскажавме како да предвидите се на подготвителната етапа, а сега ќе ви препорачаме, како да оставите најдобар впечаток кај работодавачот за време на непосредната комуникација, успешно да ги поминете сите препреки.

Photo: Unsplash/CoWomen

Прв впечаток

Имате само една шанса да оставите прв добар впечаток и таа шанса треба да ја искористите до максимум. Затоа треба да бидете опуштени со искрена насмевка на лицето. Додека разговарате, гледајте го соговорникот во очи, правилно ракувајте се, внимавајте на своите гестикулации, држењето на телото, и позицијата во која што се наоѓате.

Текот на интервјуто

Пред се менаџерот од кадровското одделение ќе ги оцени вашите вештини, образованието и работното искуство, комуникативните вештини, вашиот потенцијал и компетенции. Ако се заинтересираат за вас, ќе ви раскажат за начинот на работа на компанијата, платата, можностите за професионален развој и дополнителни обуки. Исто така ќе ве информираат на кој начин ќе ви ја соопштат информацијата за тоа, кога ќе ве контактираат за следното интервју или за организациски прашања, кои што се однесуваат на вашето вработување. На крајот од интервјуто потенцирајте, дека сте заинтересирани за работа токму во таа компанија, заблагодарете им се за одвоеното време и внимание и уште еднаш ракувајте се.

Стандардни прашања на интервјуто за работна позиција

Образование:

  1. Зошто сте се запишале имено во таа образовна институција? Дали би се запишале повторно на истото место? Кои ви се омилени предмети? Која била темата на вашата дипломска работа? Со какви достигнувања би можеле да се пофалите од студирањето или од професионалната дејност?

Идното вработување:

  1. Зошто сакате да работите кај нас? Зошто токму вас да ве избереме за оваа работна позиција? Што знаете за нашата компанија? Каков кандидат би избрале вие? Како си го претставувате идеалното работно место? Во какви услови вие најдобро работите? Како ја исполнувате рутинската самостојна работа или работата под надзор? Колку време сте спремни да останете во нашата компанија? Каде се гледате себе си за 5 или 10 години? Какви се вашите професионални цели? Наведете пример на проект или работа кој/која што, без разлика на пречките и потешкотиите успешно сте ја завршиле.

Сопствени квалитети:

  1. Раскажете ни нешто за себе. Набројте ги своите пет позитивни и пет негативни карактеристики.
  2. Што ве интересира вас во нашата компанија?

Важно: запомнете, дека одговорите на навидум „невините“ прашања (вашите идоли, хоби, телевизиски емисии, книги…) менаџерите од кадровскиот оддел ќе ги „перетворат“ во ваши лични карактеристики. „Глупите“ прашања како на пример „Што би направиле, кога би имале многу пари?“ исто така може да бидат трик прашања. Колку и да бидат контраверзни, непријатни, и чудни прашањата кои што ви ги поставуваат, немојте да лажете инаку ќе се заплеткате сами во сопствената мрежа и сигурно ќе доживеете дебакл.

Прашања кои што ги поставувате вие

Кога менаџерот до кадровското одделение ќе го заврши својот дел од разговорот, вие ќе добиете можност да ги поставите своите прашања, кои што ве интересираат. Обично, работодавачите ваквата практика ја оценуваат позитивно, бидејќи тоа значи дека сте љубопитен и се интересирате за идната работа. Магистер Тамара Гузељ советува да не се плашите и директно да го прашувате тоа што ве интересира. На пример:

  1. Какви ќе бидат моите обврски? Што ќе треба јас да правам?
  2. Со кого јас ќе соработувам? Кој ќе ми биде претпоставен и потчинет?
  3. По кои критериуми ќе се оценува мојата работа?
  4. Какви можности ќе имам за професионален развој и дополнителни обуки?
  5. Какви цели (планови) се поставуваат во компанијата?
  6. Што е неопходно за успешно да работам на оваа работна позиција?
  7. Кој работел порано на оваа работна позиција и зошто тој/таа повеќе не работи?

Важно: уште додека одите по ходникот, разгледувајте и одлучете, дали ви одговараат работните услови. Обрнете внимание на тоа, колку опуштено работат вработените во компанијата, задоволни ли се од својата положба.

За време на интервјуто

Зборувајте јасно и прецизно, не давајте  премногу детални одговори, но во исто време не одговарате само со „да“ и „не“. Внимателно слушајте и искрено одговарајте на прашањата. За време на интервјуто одржувајте го контактот со очите со соговорникот. Исклучете го мобилниот телефон, не џвакајте гума за џвакање, не ја фаќајте косата или други предмети кои што се наоѓаат околу вас и не давајте лоши коментари за претходниот работодавач.

После интервјуто за работа

После секое интервју направете определена анализа. Какви прашања ви поставиле, како сте одговориле на нив, на кои прашања сте одговориле добро а на кои би можеле да одговорите подобро? Сетете се какви реакции имале соговорниците на вашите одговори; оценете каков впечаток сте оставиле. Размислете и запрашајте се дали ви се допаднале соговорниците, тоа можеби ќе биде вашиот иден претпоставен.

Ако според резултатите од интервјуто вие сепак не сте ја добиле работната позиција, обидете се да ја дознаете причината за тоа, каква лекција можете од сето тоа да научите. Запомнете: негативниот резултат не треба да го сфатите како ваш личен пораз. Треба да го разберете како факт дека во конкретниот случај некој друг кандидат бил посоодветен за таа работна позиција.

Ако во трката за работната позиција сте ги претекнале сите конкуренти и ве избрале вас за конкретната работна позиција, немојте да се опуштате! Имајќи в предвид дека првиот впечаток е најважен, потрудете се да не доцните на работа и за време на работата да не решавате лични прашања ниту пак во просториите на канцелариите нити надвор од нив. Не е ништо помалку важно тоа какви односи ќе изградите со колегите: вие треба со почит да се однесувате кон сите вработени, независно од тоа, дали се работи за директор или портир.

Ви посакуваме успех!

Извор: mestomladih.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х