Како да ги комбинирате учењето и забавата: уметност којашто може да се научи

Студирањето со сигурност е нешто што е повеќе од само учење. Тоа е прекрасен период за запознавање на нови другари, вљубување, патување и организирање на луди забави. Воннаставниот живот мами со својата привлечност, затоа не е зачудувачки што многу често на студентите им е тешко да најдат оптимален сооднос помеѓу забавата, учењето и изградбата на идната кариера.

Photo by Julián Gentilezza on pixabay/Тешко е да се најде оптимална рамнотежа помеѓу забава, студии и градење на идна кариера

Во оваа статија ние ви подготвивме неколку совети, коишто ќе ви помогнат да воспоставите правилен баланс помеѓу „пријатното“ и „полезното“.

1. Организирајте го својот ден.

Ако мислевте дека засекогаш сте се оттарасиле од распоредите, кога веќе го завршивте средното училиште сте се излажале. Без разлика на тоа што контролата за посетеност во високото образование не е толку строга и вие не треба да носите оправданија за своето отсуство од часовите ние сепак ве советуваме доколку можете да не ги пропуштате. Јасно одредете кои предавања морате да ги посетувате, запишете го својот распоред и испланирајте си го времето, коешто ќе ви биде потребно за завршување на домашните задачи. Исто така не заборавајте во распоредот да ги вклучите и воннаставните настани. Определете го времето на станување наутро. Распоредот секогаш нека ви биде при рака и придржувајте се до него.

2. Направете приоритети.

Колку и да бидат примамливи студентските забави, сосема неразумно е да се посетуваат пред испитите. Исклучително е важно да си поставите приоритети за најважните работи за вас во тековната недела. Составете список со нив и со конкретниот датум на исполнување на секое од нив (на пример, вторник – да се испечати презентацијата, среда – да се подготвам за семинарот, петок – да се посети важно предавање). Исто така јасно испланирајте ги сите тековни испити и тестови и започнете навремено да се подготвувате за нивно полагање.

3. Бидете активни, но не заборавајте да се одмарате.

Независно од тоа, како ќе го составите својот распоред, запомнете, дека денот има само 24 часа и дека не може да направите се наеднаш, тоа едноставно е невозможно. Организирајте го начинот на живот на тој начин што би биле секогаш со нешто зафатени, бидете активни посветени – но дозволете си и да се одморите и опуштите и не се доведувајте до нервно и физичко истоштување. Важно е да се грижите за своето здравје, да го зајакнувате имуниот систем, редовно да се занимавате со спорт, да пиете доволно вода и да бидете наспани.

4. Секогаш бидете подготвени за неочекуваното.

Животот е полн со изненадувања и несомнено, тие исто така ќе имаат место во вашиот распоред. Бидете подготвени за тоа, дека во вашиот план во било кој момент може да бидат внесени поправки – од дефекти со велосипедот, потешкотии во учењето до неочекувана покана на концерт. Бидете флексибилни, знајте како да го разликувате главното од второстепеното – и заштитата од беспотребен стрес ви е загарантирана!

И така, вие сега ги знаете тајните на правилната самоорганизација, којашто ќе биде фундамент на вашиот плодотворен и посветен студентски живот. Поминети ги овие прекрасни години со полза за вашата идна кариера и не заборавајте на одморот – за сето тоа вие имате прекрасни можности!

Ева Демшар

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х