Како да ја изберете правилната професија: совети за учениците од завршните години од средните училишта и нивните родители

Изборот на професија не е лесна задача. Ви предлагаме неколку совети, кои што се надеваме дека ќе ви бидат од корист за време на донесувањето на вистинското решение во почетната фаза на градењето на кариерата на идниот специјалист.

Photo: Unsplash/Caleb Jones

Важни фактори при изборот на идната професија се средината и опкружувањето

На решението на идниот студент за изборот на идната професија, најнапред влијае социјалното опкружување, а особено семејството, блиските луѓе, кои што го воспитувале, уверува психологот од основното училиште што го носи името на националниот херој Макс Печар во Љубљана, Роберт Пене Зор. Но во исто време изборот на место за понатамошно студирање во одредена мера е условено од надворешни фактори, помеѓу другите и репутацијата на професијата во општеството, нивото на нејзината престижност и побарувањата на пазарот на трудот за таа професија.

При изборот на професија, потребно е колку што може повеќе за неа да се дознае

Во фазата на донесување на решение за избор на идната професија, учениците имаат потреба од максимално количество на информации“, објаснува психологот, жалејќи за тоа што родителите често им даваат слобода во изборот на професија (по принципот „тој е возрасен, може сам да донесе решение за себе“) и не им обезбедуваат доволно информации за донесување на конечното решение. Помеѓу другото за да направите правилен избор треба да ги следите и своите желби и добро да ја проучите спецификата на било која професија. Според мислењето на психологот, нема да биде лошо да се организира разговор помеѓу идниот студент и претставник на потенцијалната професија, на тој начин идниот студент од прва рака ќе може да добие информации и да сфати дали таа професија ги исполнува неговите очекувања.

Земајте ги во предвид интересите и хобито

Идниот студент треба да размисли и да разговара со родителите (кои што одлично ги познаваат неговите склоности и ги гледаат од друг агол), дали владее со соодветни вештини, за продуктивно и со задоволство ја работи во одредена професија. Определувајќи го кругот на интереси, можете на лист хартија да направите список на работи кои што категорично не ви се допаѓаат, тоа во голема мера ќе ви помогне да ги исклучите професиите кои што се поврзани со некои работи кои што не ги сакате. Исто така вреди да се помисли на предметите за кои што ученикот покажувал голем интерес во училиштето, и да се разговара за перспективите на кариерата во таа област со наставниците. Може да се посети и професионален психолог, кој што ќе помогне да се определи која професија најмногу ќе му одговара.

Размислете за перспективите на вработувањето

Јас често гледам и им зборувам за тоа на родителите, дека учениците избираат професии кои што не се толку барани на пазарот за трудот“, – вели психологот Пене Зор, констатирајки, дека интересот за професионално образование од година во година се намалува, особено за дефицитарните професии. Затоа родителите треба да му објаснат на својот син или ќерка, дека идната професија не треба да биде само интересна, но и да овозможува лесно вработување и стабилна заработка и анализирајќи ги сите можни варијанти, да се направи оптимален избор на идната професија.

Би сакале да додадеме дека барајќи решение на прашањето за избор на професија, не треба да се ограничуваме на образовните институции во својата земја, има можност да се стекнете со потребното образование во друга земја. Ние сме подготвени да ви укажеме професионална поддршка во потрагата по соодветно образование! Напишете ни на следната електронска адреса: education@2tm.si, и ние ќе ви раскажеме за интересните и бараните студиски програми, кои што ги нудат високообразовните установи и колеџи во Република Словенија.

Ви посакуваме успех!

Извор: dijaskisvet.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х