Тешко дека ќе се најде студент, кој што  ќе каже, дека ги сака испитните сесии. Па и зошто би ги сакал?… Поради непреспаните ноќи, литрите испиени кафе и реторичките прашања „зошто не почнав да работам“, „зошто не почнав да ги учам овие предмети порано“ и „како да се поминат 100 страници за една вечер“?..

Фактите велат дека нај стресниот период во студентскиот живот се испитните сесии. Бидејќи многу студенти, покрај студирањето и работат некаде, сите тие обврски понекогаш може да станат неподносливо оптоварување. Стресот доведува до нарушување на сонот, проблеми со желудникот, мигрена, вртоглавици, болки во рбетот или градниот кош, исто така може да предизвика агресија, расеаност, замор, губење на меморијата и така натаму.

За да не го допуштите сето тоа, ви предлагаме неколку совети кои што реално функционираат во пракса!

Photo: freepik

Концепти

Подгответе ги што поскоро! Секако дека ние на почетокот на годината учиме, одиме на предавања, семинари, пишуваме белешки . Но по еден месец многу студенти го губат интересот и прават концепти по свое видување.  Секако дека најдобра опција е да ги пишуваш забелешките сам бидејќи на тој начин најдобро ќе се снајдеш со белешките. Но ако се случи да немате концепт тогаш обратете се кај колегите за помош.

Работна средина

Секој студент има свој индивидуален метод за усвојување на материјалот. Некои имаат добра фотографска меморија, други претпочитаат да читаат на глас, трети мораат да го повторат материјалот неколку пати. Некои учат со музика, на други им е потребна потполна тишина. Затоа е многу важно за време на сесијата да можеш да си обезбедиш средина во која што ќе можеш да учиш во опуштена и комфорна атмосфера.

Распределување на испитите

Се случува понекогаш да имаш два испити во ист ден или три испити едно по друго. Распредели ги по приоритетност. Можеби тие предмети кои што ти изгледаат по лесни, треба да ги оставиш за подоцна, а најтешките да ги полагаш веднаш. Како и да е, најдобро ќе биде малку да ја одолговлекувате сесијата, отколку да полагате се во една недела, и се да биде едно преку друго, а периодот да ви биде многу стресен. Не заборавајте да се пријавите за полагање на испитите!

Не го занемарувајте своето здравје!

Без разлика на тоа што треба да учиш, и што имаш набиена агенда и немаш време дури ни за спиење… ти мораш да одмараш! Одвој си време за спиење, топол оброк, прошетка, кафе со пријателите, и време за концентрација. Грижи се за себе и за својот организам.

Не паничи

На сите им е позната сликата, кога доаѓаш на факултет пред колоквиум или испит. Сите панично брзаат еден кон друг со прашања и потоа паничат уште повеќе и се нервозни, бидејќи сега нема да можат да ја запомнат целата информација…

Ти не треба да правиш така!

Ако има нешто што не ти е јасно, обрати се кај некој што си сигурен дека знае. Верувај во тоа дека знаеш и сочувај ја смиреноста! Разбери дека сесијата сепак не е најлошото време во животот. Покрај тоа постави си прашање, што најлошо може да се случи со тебе? Да не го положиш испитот? Ништо страшно, имаш уште три сесии во кои што можеш да го положиш!

Прифати ја сесијата како некаков предизвик, можност за самоорганизирање, проверка на својата дисциплина и одговорност. И запомни: тешко е учењето, лесно е на терен!

Според материјали од весникот „Студент“

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х