Како да се одлучите да го пуштите вашето дете на студии во странство: разбивање на родителските стравови

Во најголем број на случаи матурантот ја избира идната професија заедно со родителите. Секако тоа е во ред бидејќи мудрите совети кои ги даваат возрасните врз основа на животните искуства, секогаш се добредојдени. За жал се случува и родителите да не му дозволат на детето да го оствари својот професионален сон. Постојат различни причини за тоа, а една од нив е заради семејна традиција (династија на лекари и никако поинаку!) или доколку родителите се убедени дека изборот на нивните деца нема да им донесе кариерни успеси и високи примања. Истотака се случува родителите да се плашат да го пуштат своето дете далеку од себе во друг град или држава, иако предностите на неговиот избор се очигледни.

 Photo: Designed by Freepik

Не е тешко да се разбере родителската загриженост: во современиот свет има многу опасности за младиот човек кој допрва тргнал на својот самостоен пат. Сепак, да не донесуваме избрзани заклучоци и да ги разгледаме сите родителски стравови, дали се тие навистина објективни?  

Грижите на родителите за своите деца, кои одат на студии во странсво ги коментираат: Ксенија Балашова – претставник на компанијата 2ТМ, која што им помага на студентите за време на уписот на високообразовните институции во Словенија; Наталија Доронина, мајка на Полина, студентка на Универзитетот во Марибор; како и студентите Дарја Кисенко и Јарослав Корчака.

Страв бр.1: „Во странство е опасно, моето дете нема да се чувствува безбедно“

Според Глобалниот индекс на мирољубивост, Словенија се смета за една од најмирните и нејбезбедни држави. Таа го зазема 7-то место на ова рангирање, а според податоците на Институтот за економија и мир, во рангот за најбезбедни места, таа истотака го зазема 7-то место од 163 земји. Во 2018 година тој рејтинг се подобри за три места во споредба со 2017 година. Покрај тоа, Словенија го зазема 4-то место од 152 земји на светското рангирање за почитување на правата на жените, објавено од американскиот весник „Форбс“.

Рејтингот е заснован на глобалниот индекс за безбедност, а него го измериле во Институтот за жени, мир и безбедност во Џорџтаун (САД) и Институтот за истражување на мирот во Осло, Норвешка. И на крајот, Словенија се вбројува меѓу земјите лидери на европското рангирање за благосостојба на децата, кои го составуваат Институтот за социјална заштита во соработка со UNICEF и Mинистерството за работа, семејство и социјална политика на оваа земја. На ова листа Словенија го зазема 6-то место (заедно со Шведска).

Ксенија Балашова: „Словенија е една од најбезбедните земји во Европа“. Тука имам чуство како да сум дома, земјата е многу пријатна и домашна.

Во Словенија немате чувство дека одите во некои непознати места. Јас лично овде никогаш не сум сретнала нељубезни луѓе. Словенците се многу  пријатни и услужливи, а такви се и во нивниот однос до странците. Овде не е страшно да му пријдете на непознат човек. Многумина разбираат дури и ако не им се обратите на словенечки.“

Страв бр.2: „ На моето дете ќе му биде тешко во друго јазично опкружување, без кругот на пријатели на кој е навикнат“

Јарослав Корчака: „ Изучувањето на словенечкиот јазик не ми беше тешко. Јас го изучував еден месец, а технички јазикот го усовршував за време на праксата. Сега дури и размислувам на словенечки, а кога разговарам со родителите се префрлувам на мајчиниот јазик. Што се однесува до комуникацијта со колегите на факултет –  мене овде ме прифатија како брат. Тоа беше дури и за мене малку чудно. Овде кога држите презентација на некои од предавањата, сите многу внимателно слушаат  и аплаурираат на вашите презентации… на почетокот тоа ме импресионираше, таквиот однос е пријатен .“

Страв бр.3 „Во туѓа држава моето дете нама да има на кому да му се обрати за помош, доколку му е потребна“

Ксенија Балашова: „ Нашите студенти се обраќаат во канцеларијата на 2ТМ заради различни причини. Ние им стоиме на располагање во секое време и никогаш не ги оставаме без одговор. Честопати со нив имаме неформален однос:

некои од нив доаѓаат само да поразговараат, а многумина ни пишуваат на друштвените мрежи, ги споделуваат своите впечатоци и пишуваат за себе. Кај нас, секој студент е „наш“ студент. Постојано се интересираме како тој живее и  студира. Што се однесува до родителите, тие секогаш може да ни постават прашање поврзано за детето. Слично е и меѓу студентите, тие многу си помагаат меѓусебно. Нивните искуства кажуваат дека  доколку е потребно, тие секогаш можат да им се обратат на професорите и на колегите од факултетот,а тие се секогаш спремни да им помогнат и да ги поддржат.“

Страв бр.4 „Моето дете е сеуште неискусно со парите! Што доколку без родителска помош нема да има доволно пари“

Дарја Кисенко: „ Овде не трошам многу пари, не сум расипничка, а и овдешните цени се прифатливи“. Се претплатив на известувања за попусти  во големите трговски вериги и тоа ми помага многу да заштедам. Голема предност во еврозоната е што без проблем може да се нарачува роба од другите земји каде што е поефтино. Редовно ги користам боновите (студентска субвенција за исхрана) и тоа навистина помага во намалувањето на месечните расходи. Честопати одам во ресторанот „Реставрација 123“ кој се наоѓа блиску до мојата куќа. Таму имаат феноменална шведска маса и еве има скоро една година откако одам редовно кај нив за оброк. Покрај тоа, секој петти ручек го добивам бесплатно.“

Страв бр.5: „ Без родителски надзор моето дете ќе се храни неправилно и ќе стекне лоши навики“

Дарја Кисенко: „ Во Словенија има во изобилство овошје и зеленчук, млечни производи, растителни масла (моите колеги од факултет уште првата недела инсистираа да пробам масло од семки од тиква, бидејќи тоа е најдобро во светот).

Многу ми се допаѓа како Словенците ги користат сезонските производи: шпаргли, тиква, печурки. Јадењата се едноставни, заситуваат и се многу вкусни.

Ми се допаѓа и тоа што во градот нема многу пицерии и ресторани за брза храна, главно имаат ресторани во кои се служи локална храна. Мислам дека тоа е позитивна карактеристика за земјата и Словенците дефинитивно имаат на што да се гордеат.“

Јарослав Корчака: „ Редовно одам на планинарење со друштвото, патуваме во соседните земји и секоја недела откриваме нови места со преубава природа. Јас се занимавам активно со спорт и не ми е тешко тоа да го усогласам со студиите. Во цела Словенија се поддржува здравиот начин на живот. Спортот одлично помага за опуштање по факултетот, како и за полнење на батериите пред учењето. За лоши навики не ми останува ниту сила ниту желба.“

Страв бр.6: „Моетое дете не е самостојно, како ќе се адаптира на новиот живот?“

Јарослав Корчака: „По мојата селидба во Словенија, животот ми се промени многу. Станав посамоуверен и кај мене се појави желбата да освојувам нови врвови, ова се однесува на се што правам. Почнав да водам поактивен живот. Разговарам многу со интересни луѓе, особено со тие кои започнале свој бизнис – дознавам нови работи, си  ги запомнувам и стекнувам искуство. Научив сам да се организирам, почнав да го ценам времето и да ги планирам работите однапред.“

Страв бр.7: „ Навикната сум моето дете да е секогаш со мене. Како да го пуштам толку далеку од мене?“

Наталија Доронина: „ До заминувањето на ќерка ми во Словенија, ние двете живеевме заедно. Немаме други роднини. Но, според мене во одредени периоди треба да се слушаат желбите на детето, а не да ги ставаме на прво место нашите интереси. Тоа сепак не е хир на мојата ќерка туку сериозна возрасна одлука. Да, ми недостасува. Но, интересите на Полина за стекнување на квалитетно високо образование и прашањето за нејзината иднина за мене се приоритет.“

Да резимираме: целта на овој текст не е да им стави розеви очила на родителите. Да, современиот свет е реално опасен (така било отсекогаш). Но,  опасности постојат насекаде и родителите не можат и не треба да ги изолираат децата од надворешниот свет за да ги заштитат. Секој човек додека созрева се соочува со потешкотии, греши, паѓа и од сето тоа со создава своето лично искуство. Самите родители го имаат поминато тој пат и сега не треба да го попречуваат и патот на своите деца.

Ксенија Балашова: „ Сите родители се грижат за своето дете и не секогаш се психично спремни без размислување да го пуштат во странство. Ние имаме многубројни примери на родители кои на крајот ја донеле одлуката и ги пуштиле своите деца. Тие деца се запишале, се здрави, студираат, а многумина дури и работат. Нивните успеси се најголемо сведоштво за тоа, дека родителите не треба без причина да се грижат и нервираат.

Успешната иднина на вашите деца го заслужува тоа!

За да добиете лична консултација, контактирајте професионалец…

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х