Како да се запишете на Мастер студии во Словенија во 2019 година

Студирањето во Европа подолго време e примамливо за студентите од земјите на бивша Југославија. Тоа и не е чудно, затоа што дипломата од било која земја од шенгенстака зона е признаена на територијата на цела Европска унија. За тоа какви преспективи отвора таа, нема потреба да говориме. Стекнатиот документ за високо образование во Европа, за стручните лица претставува знак за квалитет.

Photo by Jonathan Daniels on Unsplash

Зошто да се изберете мастер во Словенија?

Најоптималниот начин за стекнување на тој знак на квалитет, е секако добивање на насловот мастер на еден од словенечките универзитети. Словенечкиот систем на високо образование важи за еден од најдобрите не само во Европа, туку и со светот. Притоа, цената за студирање е меѓу најниските во ЕУ, а на студентите им се нуди голем избор на студиски и научни мастер програми во различни области. Покрај тоа, постои и можноста за изучување на избраниот предмет или смер, на некој од факултетите на другите европски земји, односно во текот на еден семестар или дури и за цела академска година.

Во најголемиот број на случаи, уписот на мастер студии во Словенија е можен без полагање на приемни испити. Голема улога за студентите од земјите на бивша Југославија имат сличностите со јазикот и културата, а тие го прават студирањето попријатно. 

За време на студиите студентот добива дозвола за престој, која што, меѓуостанатото, му овозможува да патува во цела Европа без дополнителни визи и дозволи. Покрај тоа, студентите во Словенија имаат многубројни привилегии и попусти, благодарејќи на кои можат да го направат својот престој во странство особено ефтин.

Важно е да се има во предвид дека на многу европски мастер програми во текот на школската година уписот не е можен, бидејќи роковите за предавање на документите се веќе поминати. Приемот на документите за мастер студиите на словенечките факултети, генерално почнуваат во февруари 2019 година. Затоа сега е вистинско време да размислите и да се одлучите на кој факултет сакате да се запишете.  

Ако се земе во предвид горенаведеното, може да се рече дека Словенија е оптималното решение при изборот за мастер студии во странство.

Колку ќе чини студирањето и животот во Словенија?

Словенија е единствената земја во ЕУ во која студентите од државите на бивша Југославија не плаќаат школарина. Студиите без партиципација, се овозможени на основа на билатералниот договор кои го потпишале владата на Република Словенија и владите на другите држави.

Изборот на станови е голем, а цените и условите се различни, така што секој може да  најде оптимална варијанта за себе. Главно, студирањето на мастер програмите во Словенија е многу поволно. Државата им дава на студентите многубројни попусти и привилегии: за превоз, храна, посетување на различни забавни и спортски содржини.

Во Словенија се создадени сите услови за активен и здрав начин на живот. Покрај тоа, студентите во Словенија имаат можност и да работат. Тоа им помага да го дополнат својот буџет и да стекнат многубројни корисни професионални контакти, кои ќе им дојдат многу добро во блиска иднина.

Како да се запишете на мастер студии во Словенија?

За упис на мастер студии во Словенија, студентот мора да ја помине процедурата за нострификација на предходно здобиената диплома и да ги поднесе потребните документи на избраниот факултет. Како плус се смета тоа што во почентата фаза може да се поднесе некомплетен пакет на документи. Тоа значи дека имате можност во мир да ги полагате завршните испити дома и паралелно да се пријавувате на мастер студии во Словенија. Дипломата ќе ја доставите откако ќе ја добиете.

Без оглед на тоа што во Словенија може да станете студент и без приемен испит, тоа сепак не значи дека е едноставно да се запишете. Многу идни студенти се потпираат сами на себе, односно не бараат помош од професионалци и многу често доаѓаат во непријатна ситуација, односно нивниот упис е загрозен. Странските студенти имаат право да се пријават на неколку смерови. Притоа важно е правилно да се исполни пријавата и да се избере програмата која ви гарантира упис. Во целиот процес има многу детали кои треба да се предвидат: документите на време треба да се предадат, бидејќи секој универзитет има свои уписни рокови. По уписот, важно е да се добие дозвола за престој, да се најде сместување и да се подготвите за селидбата. Заради тоа уписот, кој на прв поглед се чини едноставен, всушност е тежок процес, кој бара внимание на ситни детали. А, идниот студент и без тоа не знае каде му е главата!

И… што да се направи?

Има решение: искористете ја помошта од тие кои добро го знаат системот на студирање во странство. На тој начин ќе можете да се сконцентрирате на најважното, а тоа е да добиете квалитетно образование, со тоа што ќе ги доверите сите поважни детали на професионалци.

Стручните лица за образование во 2ТМ имаат големо искуство со студенти од различни земји и добро изградени односи со словенечките универзитети. Тие ќе ви дадат исцрпни информации за студентските програми и животот во Словенија, ќе ви помогнат да ги подготвите документите за упис и ќе бидат со вас за време на добивањето на дозволата за престој. Вработените во 2ТМ ќе му помогнат на студентот во решавањето на сите проблеми поврзани со студирањето и животот во Словенија. Не се препуштајте на судбината – подобро е да доверите се на луѓе кои точно знаат како да го остварат вашиот сон. На вас ќе остане само да ги следите дадените смерници и да се подготвите за фантастичен период во вашиот живот, кој ќе биде појдовна точна за понатамошни победи и успеси.

Автор: Светлана Адинјајева

За да добиете лична консултација, контактирајте професионалец…

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х