Летото го има достигнато својот пик, и многу од нас размислуваат за тоа што можат да направат позитивно за своето здравје, добро да се чувствуваат и да имаат привлечен надворешен изглед. Да влезат во форма и да ја зголемат мускулната маса, оваа работа не се завршува за еден ден. Тајната на успехот е многу едноставна: упорна работа, континуитет и волја.

Photo: Shutterstock /ALPA PROD

Истражувачите уверуваат дека за да се привикнеме кон одреден режим треба да поминат 12 недели, пред нешто да стане навика и дел од нашиот дневен распоред. Ви препорачуваме да започнете со пешачење.

Пешачење

Одвојте еден час во денот за прошетка пеш. Постепено менувајте го ритамот, зголемувајќи го интензитетот, шетајте повеќе, побрзо. Се разбира дека при сето тоа не треба да се изостави и здравата исхрана.

Трчање

Кога ќе почувствувате дека пешачењето за вас веќе не е доволно интензивен вид на спортска активност и вие сте спремни за нешто повеќе, тогаш е време да почнете да трчате. За време на трчањето се забрзува пулсот, се забрзува размената на материи во телото, и се зголемува согорувањето на калории. Со 20-30 минути трчање ќе го постигнете истиот резултат како со еден час пешачење. Да трчате значи да почитувате некоја определена цикличност –  тренинг во интервали. Тоа значи дека на секои две минути вие треба да го зголемувате темпото, а во следната минута да го намалите, за да соберете сила да ја повторите истата процедура. На интернет можете да најдете вежби во интервали кои што ќе ви одговараат и да ги вежбате истите по ред.

Многу интензивен тренинг во интервали

Ова е метод на тренирање, при кој што има периоди на висока и ниска интензивност. На пример вие трчате на кратка оддалеченост во времетраење од 30 секунди со максимална брзина, а потоа направете го истото но намалете го темпото на трчање и поминете ја истата патека за 60 секунди, а потоа повторно вратете се на брзото темпо. Ваков начин на тренинг применуваат и професионалните спортисти. При што периодот на интензивно вежбање може да биде подолг од периодот за одмарање.

Многу интензивниот тренинг во интервали се разликува од стандардниот тренинг, кој што се одвива во исто темпо. Како прво се согоруваат повеќе калории за сметка на високиот пулс. Како второ вашиот организам троши дополнителна енергија за да ги заврши интензивните активности.

Тренингот со висок интензитет во интервали е многу поефикасен од обичниот тренинг. За 20 минути  тренинг со висок интензитет во интервали можете да потрошите толку калории колку за еден час вежбање на обичен аеробик.

Фитнес и кревање тежини

Одењето на фитнес (минимум три тренинзи  неделно) или кревање тежини е алтернативниот начин за одржување на формата. Редовните тренинзи со активирање на сите групи на мускули овозможуваат да се зголеми размената на материи, да се зголеми силата и издржливоста, и да се сочува привлечниот надворешен изглед.

Секако дека за време на распустот има време и за други вежби. Пешачење, трчање, возење велосипед, пливање, јога, активниот одмор е многу добар избор. Важно е со задоволство да се посветите на избраниот вид на физичка активност, да има континуитет во тренинзите, а исто так и да не се заборави на избалансираниот начин на исхрана. Поминете си го својот летен распуст убаво и имајте корист од него за душата и здравјето!

Извор: student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х