Сте дипломирале или сте во фаза на завршување на вашите додипломски студии и веќе размислувате да го надградите своето образование во некоја од земјите на Европската Унија? Сакате да се доусовршите во областа која ја студирате и да станете стручњак во својот фах, што ќе ви овозможи сигурен успех и професионална реализација?

Доколку вашиот одговор е да, тогаш прочитајте повеќе во овој текст зошто Словенија е во моментов најоптималното решение во регионот при изборот на магистерски студии.

Photo: © 2TM d.o.o.

Зошто да изберете магистерски студии во Словенија?

Словенечкиот систем на образование важи за еден од најдобрите не само во Европа, туку и во светот. Студиските програми се реализираат на 6 универзитети и 38 самостојни високообразовни установи според Болоњскиот систем, а секоја од програмите е акредитирана од Министерството за високо образование, наука и технологија. Студиските програми имаат извонреден квалитет и токму поради тоа словенечките факултети високо котираат на меѓународните ранг листи на најдобрите универзитети во светот.

Дипломата придобиена во Словенија е признаена во ЕУ, САД, Австралија и скоро во сите останати држави во светот

Една од најголемите предности за државјаните на земјите од Западен Балкан: Србија, БиХ, Црна Гора и Македонија е што врз основа на нивните билатерални договори со Словенија, за граѓаните на овие земји додипломските и магистерските студи на сите државни факултети се целосно бесплатни.

За време на студиите студентот добива дозвола за престој, која му овозможува слободно движење во шенгенската зона, а Словенија има одлична инфраструктурна поврзаност со сите европски дестинации и е идеална појдовна точка за патување во Европа. Покрај тоа, Словенија им нуди бројни привилегии на студентите како што се субвенции за храна, превоз, попуст за најразлични курсеви, за влез во музеи и посета на културни настани, што придонесува за поефтин студентски престој во земјата.

За кандидатите од земјите на Западен Балкан кои ги исполнуваат потребните услови, постои и можност да добијат стипендија за магистерски студии во областа на природните науки, техниката и медицината, чиј конкурс го објавува државниот фонд за стипендии на Република Словенија.

Студентите кои магистрираат на словенечките факултети имаат повеќе шанси за идеално вработување во своите земји, но и подобар пласман на светскиот пазар на трудот, доколку се одлучат да продолжат понатаму.

Photo: © 2TM d.o.o.

Услови за упис на Мастер студии во Словенија

За упис на магистерски студии во Словенија потребно е да сте дипломирале во својата земја со најмалку 180 и најмногу 240 кредитни точки.

Доколку ги полагате последните испити на вашите додипломски студии и вие можете да се пријавите на мастер студии во Словенија. Во тој случај треба да  дипломирате најдоцна до крајот на август, бидејќи студиската година почнува на 1 октомври.

Приемни испити за упис на мастер студии во Словенија нема, освен на уметничките факултети. Доколку сакате да се запишете на мастер програма во област која не е сродна со вашите додипломски студии, најголемиот број од факултетите бараат да полагате диференцијални испити пред почетокот на студиите.

За уписот на неколку мастер програми кои се сметаат за атрактивни потребно е и кандидатот да има успех над 8 од додипломските студии.

Старосна граница за упис на мастер студии нема.

Предавањата во најголемиот број се слушаат на словенечки јазик, но постојат и мастер програми кои се реализираат на англиски јазик. И во двата случаи факултетите не бараат сертифицирано знаење на словенечкиот и англискиот јазик. За мастер програмите на англиски јазик се очекува од студентот да има знаење на јазикот на Б1 или Б2 ниво.

Магистерските студии во Словенија траат две години односно студентот по завршувањето на студиите се стекнува со 120 кредитни точки и со називот магистер.

Како може да ви помогне 2ТМ при уписот на мастер студии во Словенија?

Пријавните рокови за мастер студии во Словенија се во тек и во зависност од факултетот тие различно траат. Затоа не размислувајте долго, сега е вистинското време за поднесување на пријавата.

Во 2ТМ имаме долгогодишно искуство со уписи на странски студенти и добро изградени односи со високообразовните установи во Словенија.

Ние можеме да ви помогнеме при изборот на најсоодветната студиска програма за вас, правиме комплетна листа на документи за уписот, во ваше име ја водиме целата уписна процедура и со вас сме и за време на добивањето на дозволата за престој врз основа на студиите.

Доколку сакате сигурен упис на мастер студии во Словенија контактирајте професионалец во 2ТМ, кој ќе ви помогне во реализација на вашите студиски желби и амбиции во Словенија.

Ваше ќе биде само еднаш да дојдете во Словенија, а тоа е пред почетокот на студиите!

За сите подетални информации околу усписите на мастер студии во Словенија пишете ни на education@2tm.si или на нашата Facebook страна Студирај во Словенија.

Инвестирај во својата иднина, запиши мастер студии во Словенија со 2ТМ!

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х