Се обидувате да научите странски јазик, но ви изгледа дека тоа е многу тешко? Не се грижете! Изучувањето на странски јазик е навистина тешка работа, за тоа треба волја, упорност и енергичност. Но, за среќа постојат неколку начини, кои помагаат да се олесни и поедностави овој процес. Ви предлагаме да ги прочитате.

Photo: pixabay/libellule789

Систематичност

Пробајте да се занимавате со странскиот јазик секојдневно, дури ако за тоа имате само 10-15 минути. Во тоа можат да ви помогнат различни апликации, на пример, Duolingo или Babbel. Со 15 минути учење на странскиот јазик секој ден може да се постигне многу повеќе отколку едночасовно или двочасовно предавање еднаш неделно.

Речник

Направете си речник (во електронска или книжна форма, како ви е вам поудобно). Запишувајте во него зборови од странскиот јазик и преводите на истите, а одделно запишувајте ги зборовите чие значење не го знаете. Подоцна можете да проверите што значат.

Слушање

Аудио материјалите на јазикот кој го изучувате се важен елемент во обуката. Додека спортувате, готвите, ја чистите собата, кога се наоѓате во јавен превоз или додека одите на предавање или на работа, вие можете да слушате аудио предавања, да гледате видеа на YouTube, да слушате музика и аудиокниги на странскиот јазик.

Читање

Кога малку ќе го поднаучите јазикот, тогаш е вистинско време да се започне со читање на книги, на почетокот книги на елементарно ниво, а подоцна се посложени и посложени. Читањето на оригинални текстови ќе ви биде од огромна корист, бидејќи на тој начин вие ќе се запознавате со културата на таа земја чиј јазик го изучувате.

Пишување

Без пишување нема да се постигне резултат. Научете ја азбуката, научете ги основите на правописот на странскиот јазик, правете по неколку вежби. Неколку пати неделно обидете се да напишете по неколку реченици на странскиот јазик. Ако вашиот пријател го владее јазикот тој ќе може да ви помогне да ги проверите.

Изговор

За правилен изговор би било многу добро ако се спријателите со некој, на кој му е тој јазик мајчин или некој, кој многу добро го владее. Во врска со ова ве советуваме да обратите внимание на настаните од типот language exchange – денес тие се одржуваат многу често.

Патувања

Ако ви се допадне културата на земјата, чиј јазик го изучувате, учењето ќе биде многу поедноставно. Наједноставно ќе биде ако отпатувате таму за време на летниот распуст или ако ви дозволуваат средствата да се запишете на јазична школа. Програмите за размена и практика се исто така одлична можност за изучување на странски јазик.

Со среќа!

Извор: student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х