Пишувањето на дипломската работа на кројот од вашето студирање не е едноставна работа. Многу студенти се обидуваат да си ја олеснат работата за пишување на дипломската работа со препишување на делови од книги без задолжителното цитирање и како резултат на тоа оваа дипломска работа станува плагијат. На што треба да се обрне внимание за вашата дипломска работа да не стане плагијат ќе ви раскажеме во оваа статија.

Photo: User6873431

Пред се да напоменеме дека плагијаторството е нарушување на авторските права. Согласно законот за авторски и слични права тоа е право основано на авторската работа, од кое што произлегуваат ексклузивни лични права (морални авторски права), ексклузивни права на сопственост (материјални авторски права), и други авторски права (други права на авторот). Овој закон исто така предвидува дека при цитирање на делови од веќе објавени дела мора да биде наведен линкот и авторот на цитираното дело. Работната група за проверка на плагијати во универзитетот во Марибор подготви реферат во кој се вели дека плагијатот е присвојување и претставување на идеи (зборови) и користење на истите како да се сопствени, користењето на делата на странски автор без да се наведе линкот на изворот, а исто така и преземање на дел или целиот текст на друг автор и претставување на истиот како свој.

Експертите од групата забележуваат дека плагијат може да биде како една реченица така и цела дипломска работа. На пример студентот може да ја состави целата дипломска работа од А до Ш од книга без да го наведе изворот и без да го наведе авторот претставувајќи го текстот како сопствен.  

Други форми на плагијат:

  1. кражба на авторски дела (статии, дипломски работи), внесувајќи во неа ситни исправки и презентирајќи ја како своја (или публикација) со свој потпис;
  2. компилација на студентот на дел од дипломската работа без конкретно оформен цитат, што создава впечаток дека станува збор за сопствен текст;
  3. превод на странска статија од страна на студентот и претставување на истиот како сопствен оригинален текст.

Можни казни за плагијат:

  1. замена на темата за дипломската работа (пракса на универзитетот во Нова Горица);
  2. забелешка, предупредување, исклучување од универзитет без право на повторно запишување во текот на наредните две години (пракса на универзитетот во Марибор).

За проверка на својата дипломска работа дали е плагијат вие можете да ги искористите следните бесплатни специјални компјутерски програми: Chimpsky, CitePlag, CopyTracker, eTBLAST, Plagiarism Detect, Plagium, The Plagiarism Checker, SeeSources. Исто така постојат и аналогни програми кои што се наплаќаат како на пример: Attributor, Copyscape, Ithenticate, Turnitin, Plagiarismdetect, PlagTracker, PlagScan, Safe Assign, Veriguide. Покрај тоа, се користат и програми кои што го споредуваат програмскиот код како на пример: Jplag и MOSS.

Програмите кои што го проверуваат текстот можат да пронајдат на пример петнаесет процентно совпаѓање. Тоа значи дека во 15% од вашиот текст постојат делови од други текстови, книги, веб страни, научни статии, странски дипломски работи и други извори. Програмата Turnitin ќе пронајде совпаѓање со дипломските работи на другите студенти бидејќи ако не е така универзитетот од Љубљана ќе се најде на насловните страни. При тоа програмата има ограничен пристап во базата на податоци.

Како да се избегнат сомнежите за плагијат:

  1. било кој текст, кој што вие во целост го цитирате во својата дипломска работа и кој што не е ваше сопствено мислење, треба да се наведе во наводници;
  2. сите материјали кои што ги имате избрано траба да бидат вклучени во списокот на извори, дури ако некои од нив можеби нема да ги искористите; секогаш е полесно да се избрише непотребниот извор од списокот, отколку по неколку месеци, кога веќе материјалот нема да го имате кај себе да барате податоци за него;
  3. при цитирањето задолжително следете ги правилата, кои што ги предвидува вашата образовна институција;
  4. пишувајте го текстот на дипломската работа со свои зборови, а не препишувајте буквално се од книгите.

Со оглед на тоа што образовните институции се по строго вклучуваат во борбата со плагијаторството, пред пишувањето на дипломската работа внимателно и детално прочитајте ги правилата за оформување на дипломската работа вклучително и правилата за цитирање, кои што се прифатливи за вашата образовна институција и почитувајте ги без отстапки. На тој начин проблемот со плагијаторство на вашата дипломска работа ќе се реши сам по себе.

Извор: mestomladih.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х