Порано или подоцна секој студент се судира со неопходноста од вработување. Во поголемиот број случаи запознавањето со идниот работодавач започнува со поднесувањето на своето резиме, имено од овој документ многу работи зависат.

Photo: Unsplash/Thought Catalog

Представете си дека сакате да купите маса во боја на цреша со вградена лампа за читање. Вие сакате да ја купите таа маса бидејќи добро ќе се вклопи во останатиот мебел во вашата соба и ќе биде доволно практична за вашите потреби. Разгледајте каталог со 50 понуди. Со оглед на тоа што вие знаете што ви треба, вие ќе барате додека не ја најдете масата која што ќе ви ги задоволи вашите потреби.

Работодавачите исто така знаат кој им треба. Тие знаат какви квалитети треба да поседува кандидатот; пристигнатите резимеа се отфрлаат се додека не се најде некој кандидат кој што во одреден степен ќе одговара на нивните барања.

Елементи на квалитетно составеното резиме

Вашето резиме треба да го нуди тоа што го интересира работодавачот. Добро размислете каква информација нуди вашето резиме.

Добрата биографија ги содржи следните информации:

  1. целта на вработувањето (професија),
  2. вашите лични податоци и контакти,
  3. вашето основно образование,
  4. вашето дополнително образование (посетувани курсеви),
  5. вашите знаења и вештини,
  6. вашето работно искуство.

Целта на вработувањето и професијата

Во текот на разговорот на работодавачот ќе му бидат потребни неколку минути за да го прочита вашето резиме. За тоа време вие треба да го заинтересирате него, за тој внимателно да ги прочита сите биографски податоци. Како цели за вработување укажете каква работа сте спремни да работите и зошто сметате дека одговарате за тоа работно место. Професионалниот профил ги содржи вашите основни карактеристики, кои што ве прават вистинскиот кандидат за избор.

Лични информации

Доброто резиме треба да ги содржи вашите лични информации и секако контакт за работодавачот да може да ве најде. Задолжителен дел од вашето резиме треба да бидат следните информации:

  1. име и презиме,
  2. адреса,
  3. телефон,
  4. и-мејл.

Покрај тоа вие можете да додадете ваша фотографија. Тоа не е неопходно но како што покажува искуството на тој начин ќе најдете работа многу побрзо.

Образование

Во овој дел на резимето наведете ги своите поранешни официјални квалификации (по вертикала) и завршеното сертифицирано образование.

Презентацијата на вашите квалификации треба да ги содржи следните елементи:

  1. почетокот и завршувањето на образованието; ако сеуште не сте го завршиле образованието, наведете ја само годината кога сте се запишале и годината кога треба да завршите;
  2. образовната институција;
  3. стекнатата квалификација;
  4. посебни достигнувања за време на образовниот процес;
  5. насловот на дипломската работа или дисертација (ако е соодветно за работното место за кое што аплицирате);
  6. специјализација.

Ако го завршувате образованието а не можете да се пофалите со работно искуство, наведете во резимето што е можно повеќе лични информации и дотогашни искуства. Ако можете да се пофалите со работно искуство (благодарение на волонтерска или студентска работа), вие треба тоа да го наведете под делот со информациите за степенот на образование. Наведете го последното завршено образование и претходното образование само доколку тоа има врска со работата за која што вие аплицирате.

Неформално образование

Тоа ги опфаќа стекнатите лиценци (на пример, лиценца за агент за продажба на недвижности или за агент за осигурување), сертификати (на пример ECDL, TOEFL), учество во проекти.

Знаења и вештини

Вие се стекнувате со знаења и вештини базирани на работното искуство. Бидејќи вие како дипломец немате доволно работно искуство, претставете ги своите знаења и вештини од свеото академско искуство.

Задолжително наведете ги следните информации:

  1. посетувани курсеви, семинари (времетраење, институција, резултат од обуката);
  2. познавање на јазици (јазици, кои што ги знаете, степенот на владеење – писмен и усен);
  3. компјутерски програми (програма, степен на знаење, степен на користење);
  4. други вештини (сите вештини, кои што не се наведени во гореспоменатите знаења и ја одразуваат вашата предност пред другите кандидати, спецификата и степенот на користење на овие вештини);
  5. возачка дозвола (категорија, расположнивост на сопствено возило).

Работно искуство

Наведете каде сте работеле до сега (студентска, академска или волонтерска работа), со какви знаења и вештини сте се стекнале.

Треба да ги наведете следните информации:

  1. дејност;
  2. периодот на работа (хронологија);
  3. работна позиција;
  4. компанијата или организацијата каде што сте работеле;
  5. сферата на вашите одговорности;
  6. проекти кои што сте ги реализирале;
  7. достигнувања во работата.

Запомнете, дека резимето како писмена самопрезентација претставува ефикасен маркетинг инструмент, кои што создава прв впечаток за вас во очите на работодавачот. Ако вашето резиме ја заинтересира компанијата во која што сакате да работите тогаш ќе посакаат да се запознаат со вас во живо и на тој начин ќе добиете шанса за успешно вработување. Не залудно велат „нема втора шанса за прв впечаток“. Ви посакуваме успех!

Извор: mojedelo.com

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х