Ретко кој јавен настап денес не се поткрепува со презентација. Независно од тоа за кого го подготвувате настанот, постојат полезни правила, коишто не ги знаат сите, а помеѓу останатото тие имаат клучна улога во успешната презентација на материјалот. Ви препорачуваме да се запознаете со нив!

Photo: pixabay/ulrichw

Подгответе план

Не започнувајте со механичко копирање на избраните текстови во PowerPoint. Најпрво составете основен план за презентацијата земјаќи ја в предвид публиката. Што знае веќе таа за наведената тема, којашто вие ќе ја презентирате? Какви се нејзините очекувања? Што би и било интересно за неа? Што корисно може таа да најде за себе во вашата презентација? Како да се зачува нејзиното внимание?

Напишете ги одговорите на овие прашања на лист и дури потоа распределете ги по ред, за да добиете содржајно сценарио на презентацијата, во рамките на којашто вие ќе ја насочите публиката како GPS-навигатор.

Користете контрастни бои

Имајќи ја кај себе содржината на презентацијата, вие можете да почнете со нејзиното формирање. Унифицирајте ја со тоа што сите графички елементи (графикони и цртежи) коишто сте ги искористиле ќе ги усогласите со избраниот дизајн. Црниот текст на бела позадина е најбаналниот избор, но во исто време и наједноставен за читање. Кога избирате текстови во боја внимавајте на контрастот на текстот и позадината, за да можат да го прочитаат и далтонистите. Убавото составување не значи ништо ако не е разбирливо за публиката. Користете живи комплементарни бои, за да се потенцираат клучните работи. Со самото тоа вие го насочувате вниманието на публиката кон основните содржински аспекти на презентацијата.

Откажете се од анимации

Некои луѓе сакаат да ги оживеат своите презентации со помош на анимации, но се постигнува спротивниот ефект. Тие само повеќе го одвлекуваат вниманието од суштината, којашто треба да биде клучна и го зголемуваат времето на чекање од отворањето на еден слајд до моментот кога публиката може да го прочита текстот.

Користите доволно крупен фонт

Големината на фонтот зависи од големината на екранот. На таблет со големина на екран од 15 инчи, текст којшто ќе го читаат 3-4 лица на растојание од половина метар, можете да користите фонт 14. За поголем број на луѓе, кои што читаат од поголема оддалеченост, ќе има потреба од покрупен фонт и поголем екран. 

Заедно со текстот користете и визуелни елементи

Нема ништо по досадно за публика од слајдови со многу текст напишани со ситен фонт, кој што е составен од сложни реченици. Таквата презентација е непочитување на присутните бидејќи вие сте го ископирале текстот за презентацијата и воопшто не сте одделиле време на адаптација на текстот со чија помош ја одржувате презентацијата. Ви препорачуваме да ги пополните слајдовите со графикони, дијаграми и други визуелни елементи. Во текстот вклучете ги само клучните термини, основните состојби, тезите. Презентацијата треба да биде разбирлива не само за вас туку и за публиката.

Завршни зборови

На крајот извадете ја суштината на презентацијата со која што треба да поентирате. Поставете си прашање, што е тоа што публиката треба да запомни од вашата презентација, од тоа треба да се состои завршниот збор на вашата презентација. Тој мора да се претстави лаконично и длабоко – кратко, јасно но сепак со помош на графички елементи.

Адаптирајте ја презентацијата кон ресурсот

Ресурсот, со чија помош ја одржувате презентацијата не влијае само на големината на слајдовите. Одржувајќи ја презентација пред голема публика со таблет вие можете детално да ги опишувате некои графикони, на тој начин вие потесно соработувате со присутните. Претставувајќи поопширна презентација со помош на проектор вие треба да ги знаете неговите недостатоци. На белата позадина на платното од проекторот, текстот со црна боја послабо се гледа и проекторот не овозможува никакви други опции освен вртење на слајдовите напред и назад. Интерактивните сензорски табли се многу функционални, но сепак ги имаат истите недостатоци како проекторот. Затоа вреди да се дознае каков ресурс ќе ви биде обезбеден за одржување на вашата презентација и максимално ефективно да го искористите.

Извор: student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х