Интервјуто за работа со потенцијалниот работодавач секогаш е стресна работа, бидејќи од првото интервју за работа многу работи зависат. Во текот на едно многу кратко интервју вие треба да успеете де се претставите во најдобро светло и да го убедите соговорникот дека вие како кандидат сте најсоодветен за потребите на компанијата. Во оваа статија ќе ви раскажеме за клучните аспекти, на кои што вреди да им се посвети внимание за време на подготовката за интервјуто за работа.

Photo: Unsplash/Amy Hirschi

Воопшто нема да пречи ако пред интервјуто го обновите своето резиме, и да додадете во него важни факти од својата биографија, лица за контакт и компании, кои што ви дале препораки.

Однесувајте се примерно пред почетокот на интервјуто. Додека седите во фоајето бидете спокојни. Дури и ако мислите дека никој не ви посветува внимание, вие најверојатно грешите. Решението за вашето вработување не го носи само човекот кој што разговара со вас на интервјуто, туку и сите со кои сте се сретнале во просториите на компанијата.

Ракувањето е првиот и обично единствениот физички контакт со соговорникот, затоа многу е важно да се ракувате како што треба. Не се ракувајте многу нежно, но и не ја стегајте раката на соговорникот со сета сила. За време на ракувањето не заборавајте да го гледате соговорникот во очи и не заборавајте да се насмевнете. Ако помине успешно првиот чекор, тогаш останатиот дел од разговорот ќе помине многу полесно.

Внимателно слушајте, што ве прашува соговорникот, искористете доволно време за обмислување и формулирање на одговорите и доколку имате потреба повторно поставете прашање. Потрудете се да одговарате на прашањата умерено и прецизно. Одговарајте со факти, дополнителното разјаснување може да значи дека не го цените времето на потенцијалниот работодавач или дека го избегнувате одговорот.

Важна улога има и говорот на телото. Внимавајте како седите: грбот треба да биде исправен со благ наклон кон напред, на тој начин давате сигнал дека разговорот ве интересира. Одговарајќи на прашањата умерено гестикулирајте. Не ги прекрстувајте нозете, будејќи тоа значи дека се наоѓате во заштитна поза, таа сигнализира дека се дистанцирате. Седете опуштено, однесувајте се умерено и не се „затварајте“ за време на разговорот со соговорникот.

Двапати размислете пред да запалите цигара на денот на интервјуто за работа со потенцијалниот работодавач. Мирисот на цигари влијае на општиот впечаток и со самото тоа на носењето на одлуката. Во овој случај важи правилото: лош мирис – лошо решение, добар мирис – добро решение. Искрено кажано мирисот од цигарите не е пријатен.

Немојте да доцните. За ова правило не треба дополнително објаснување.

Запомнете дека потенцијалниот работодавач го интересираат знаењата и вештините на кандидатот. Помните, в будущем сотруднике работодателя интересуют, в первую очередь, его знания и умения. Во исто време на позиции каде што вештините може да се совладаат со текот на времето, понекогаш се поважни комуникациските вештини, критичкото размислување, штини, тимскиот дух, етиката. Покрај тоа, во сегашната информатичка ера, која се карактеризира со многу голема конкуренција, можноста да се пронајдат потребните информации за решавање на проблем во најкус можен рок е вештина од суштинско значење.

И на крајот сакаме да ја потенцираме важноста од конструктивниот и позитивен пристап. Одејќи на интервјуто за работа имајте во предвид дека вие барате компанија, во која што ќе работите, а компанијата ве бара вас како иден соработник чии знаења, вештини и лични квалитети ќе и помогнат да се развива под услови кои што им одговараат на двете страни. Ако од некоја причина на интервјуто добиете негативен одговор, тоа ќе значи дека вашата компанија сеуште ве нема најдено. Ви посакуваме среќа!

Извор: mestomladih.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х