Ви изгледа дека постојано ја чистите собата, но на крајот на неделата повторно е расфрлано и валкано? Презаситени сте од забелешките на своите родители, или ако ја изнајмувате собата не би сакале цимерите да ги видат вашите лоши навики? Ви предлагаме пет совети, кои ќе ви помогнат да ја одржувате хигиената во собата.

Photo: pixabay/Vincent_Zhang

Генерално чистење. Ако сакате еднаш за секогаш да направите ред во собата, сега е вистинското време за тоа! Сменете ја постелнината, исчистете го подот со правосмукалка, избришете ги прозорците, расчистете ја работната маса. Како и во многу други работи тука е многу важно да се направи првиот чекор, за да понатаму само се одржува хигиената и редот.

Секое утро местете го креветот. Тоа е толку едноставно, но за некого тоа претставува проблем. Помеѓу останатото, убаво наместениот кревет е значаен дел од уредната соба.

Откако ќе се преслечете, веднаш раскренете ги непотребните работи! Јасно е дека вие понекогаш се заморувате и столот е многу удобно место за оставање на облеката, но од ден на ден тоа води кон празнење на плакарот, а на столот станува се понеудобно за седење. Ако облеката веќе е за перење, тогаш прејдете на следниот чекор.

Корпа наменета за валкана облека. Колку често ви се собира куп на валкана облека во аголот, која вие постојано планирате да ја однесете на перење, но постојано го одлагате тоа? Корпата е одлично решение за овој проблем собата ќе изгледа многу почиста, а полната корпа подобро од било кој ќе ве потсети дека е време да се испере валканата облека.

Не јадете во собата. Тешко е да се воздржите од грицкање на омилените грицки додека гледате филм. Но, трошките од грицкањето остануваат на креветот, а хартивчињата од бонбоните се ресфрлени по собата. Строго почитувајте го правилото кое самите ќе го донесете, да не јадете во соба, особено не во креветот!

Да додадеме дека се што наведовме погоре е навика, која без голем напор можете да ја развиете кај вас, ако свесно си ја поставите таа цел и нема да барате изговори за мрзата, која од време на време се појавува кај секого од нас.

Ви посакуваме успех!

Извор: student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:

Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти

Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!

Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:

Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас

Политика за заштита на личните податоци

X