Не секој кандидат сериозно се замислува за тоа дали професијата што планира да ја добие ќе остане актуелни и откако ќе го заврши факултетот и колку долго таа ќе биде барана. Сепак, словенечките образовни институции во режим на реално време се прилагодува кон измените на европскиот пазар на трудот, воведувајќи нови насоки на обука, модернизирајќи ги застарените и ослободувајќи се од неактуелните. Затоа дипломираните специјалисти кои завршуваат на некоја во словенечките високообразовни институции и колеџи,немаат проблем со наоѓање работа: доколку за нив нема соодветно слободно работно место во Словенија, тие успешно можат да си најдат работа во која било друга европска земја.

Photo: Designed by @creativeart

Во оваа статија сакаме да им го обрнеме вниманието на кандидатите на најперспективните професии во оваа декада и да им раскажеме на колкава плата можат да сметаат специјалистите кои работат во Европа.

8 професии што ќе бидат актуелни во следната декада

1. Програмер/Инженер за софтвер

Програмерите се занимаваат со разработка на програми за автоматизација на различни процеси (сметководство, продажба, системи за безбедност, производство итн.), со создавање на мобилни апликации и сајтови, а исто така и на оперативни системи со помош на јазиците за програмирање.

Програмерите добиваат образование во високообразовните институции и порожуваат да студираат во текот на целиот свој работен век со оглед на тоа што процесите во информациските технологии се развиваат мошне брзо. Недостатокот од квалитетно системско образование во областа на програмирање заедно со активниот раст на секторот за информациска технологија создаваат дефицит од кадар. Затоа специјалистите кои ги имаат актуелните знаења и искуство што се во согласност со трендовите на секторот за информациски технологии, се ценат на европскиот и на светскиот пазар на трудот.

Нивото на приходите на програмерите зависи од усвојувањето на јазикот на програмирање, од специјализацијата, од големината на компанијата, искуството во работата и од познавањето на странски јазици. Средниот приход на еден специјалист од оваа област се движи од 24 до 42 илјади евра годишно, иако „ѕвездите“ на програмирањето заработуваат многу повеќе.

2. Специјалист за податоци/DataScientist

Ова е толку нова професија што нејзиниот назив тешко се преведува и во оригинал изгледа datascientist – буквално „научник за податоци“. Специјалистите за податоци работат со bigdata – „големи податоци“: тие собираат, систематизираат, анализираат и интерпретираат огромно количество податоци. Резултат на нивната работа е базата на знаења која се применува за машинско обучување на вештачката интелигенција. Оваа технологија се применува за персонализација на содржината на сајтовите и за резултатите на системите за пребарување, кај системите за препознавање на лица и гласови, а исто така и за комерцијални цели: извештаите на специјалистите за податоци им помагаат на менаџерите на компаниите во донесувањето на одлуки при управувањето. Специјалистите за податоци треба да имаат флексибилен ум и еднакво добро да владеат со математика, статистика логика и информатика.

Средната плата на специјалистите од оваа област изнесува 48 илјади евра годишно, иако оваа цифра е многу осредна: во зависност од искуството, работодавачот и земјата специјалистите можат да заработуваат од 17 илјади евра годишно, како, на пример, во Русија, и до 117 илјади евра годишно, како во Швајцарија.

3. Инженер за механика

Оној што ја има оваа професија може да работи како при изградба на ракети или во изградбата на тешки машини, така и во фабрики за производство на правосмукалки или апарати за кафе. Во поширока смисла на зборот инженерите за механика се занимаваат со проектирање, со создавање и со опслужување на различни машини и механизми. Со оглед на тоа дека имаат знаења од егзактните науки и дека поседуваат соодветни искуства, специјалистите можат да се задлабочат во конкретна сфера.

Платата на инженер за механика на европскиот пазар на трудот изнесува од 44 до 52 илјади евра годишно. Најголемо побарување на инженери за механика во моментов има во Германија, каде висококвалификуван специјалист со познавање германски јазик има можност да заработи 65 илјади евра годишно.

4. Финансиски консултант

Професионалец во сферата на управување со финансии кој им помага на физичките лица и на компаниите правилно да располагаат со своите приходи, да ги пресметаат своите расходи, да го определат буџетот или да изберат објект за инвестиции. Финансискиот консултант може да работи приватно или да биде соработник во консултантска компанија, да биде соработник во банка, во компанија за осигурување или за инвестиции. За да ја започне кариерата во оваа област треба да добие образование по струката „Економија“, „Сметководство“, „Банки и кредити“ или „Финансии“, а исто така и да знае англиски и да има искуство во продажба.

Работодавачите се подготвени на компетентен специјалист од оваа област да им дадат голема сума пари: на пример, средната плата а финансиски консултант во Ирска изнесува 45 илјади евра годишно.

5. Лекар

Ова не е само една од најбараните, ами и една од најпрестижните професии во Европа. За жал, специјалистите кои секојдневно спасуваат илјадници животи и се грижат за здравјето на милиони, се со катастрофален дефицит, што им овозможува на кандидатите да се замислат за кариера во сферата на здравството. Секој трудољубив студент кој успешно ја минал практиката и ги има положено сите завршни испити, може да добие работа во Европската Унија. Сепак, треба да се сфати дека за да се стане првокласен специјалист, идните лекари треба да дадат сè од себе.

Трудот на младите лекари има перспектива за добра заработка: во Холандија лекарите од општа практика можат да заработат до 102 илјади евра годишно, а супспецијалистите до 221 илјада евра годишно. Меѓу другите европски земји каде работата на лекарите се наградува со конкурентна плата се Белгија, Швајцарија, Данска.

6. Медицински техничар

Пазарот на трудот има голем дефицит од помлад медицински персонал, а ова се однесува буквално на секоја земја во светот. Медицинските техничари како работна задача имаат грижа за болните, помош на лекарите при прегледите и при операциите, исполнување на едноставни манипулации и процедури, а исто така и административна работа. За да се работи како медицински техничар потребно е да се добие не само квалитетно медицинско образование, ами и да се биде трпелив, да може да се работи во стресно опкружување и да се биде сочувствителен човек.

За на лекарите да не им недостасува нивната „десна рака“ многу европски земји привлекуваат млади кадри со добрата плата. На пример, медицинска сестра во Норвешка, во Данска или во Италија може да заработи 52 илјади евра годишно, а во Луксембург до 110 илјади евра годишно.

7. Инженер-електричар

За оваа инженерска специјалност на пазарот на трудот исто така постои голем дефицит од кадри. Во делокругот на инженерите-електричари влегуваат електрични системи од различни големини – од станбени домови до цели градови, а исто така и електричните машини и алати. Инженерот-електричар се занимава со проектирање електрични системи, правејќи ги сите потребни пресметки, а потоа ја организира реализацијата на овие проекти и нивното опслужување. За работа во оваа област треба да се добие профилно високо образование, иако некои специјалисти ја започнуваат кариерата со добивање средно образование и работа како електричар.

Платата на инженер-електричар може да варира во зависност од квалификацијата на специјалистот и во зависност од конкретната земја. На пример, во Велика Британија платата на инженер-електричар изнесува околу 35 илјади евра (31 илјада фунти) годишно.

8. Инженер од областа на електрониката

Инженерот од областа на електрониката разработува електронски шеми и конструира плочи кои управуваат со практично целата современа технологија – со телефоните и со таблетите, со машините за перење и со фрижидерите, а исто така и со фабричките алати. Исто така инженери се занимаваат со административна работа: составуваат техничка документација за техниката и извештаи за резултатите од нејзиното тестирање. Инженер од областа на електрониката може да се стане откако ќе се добие професионално образование или заедно со инженерска специјалност.

Според податоците од сајтот за работа во Германија gehalt.de, почетната плата на специјалист од областа на електрониката изнесува од 30 до 47 илјади евра годишно. Платата на искусен специјалист може да изнесува до 78 илјади евра годишно.

На крај сакаме да ви обрнеме внимание на тоа дека менаџерите на компанијата 2ТМ ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор на дната специјалност во согласност со вашите преференции и способности, а исто така ќе ги имаат предвид актуелните тенденции во сферата на образованието. За да добиете консултација за образовните институции и за образовните програми во Словенија, контактирајте со нас на начин на кој ви е најзгодно!

Анастасија Пименова

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х