Студирањето е невозможно да се претстави без забелешки. Но секој студент ги води забелешките на различен начин. Некои студенти сите забелешки ги запишуваат во еден нотес, некои користат различни тетратки за секој предмет, а некои водењето на забелешките претпочитаат да ги внесуваат на таблет или на лаптоп. При толкаво количество на можности лесно е да бидете расеани, посебно ако неодамна сте се запишале на прва година. Во оваа статија ќе ви раскажеме за плусовите и минусите на сите наведени варијанти.

Photo: pixabay/StartupStockPhotos

Нотес

Плусови

Плусот на нотесот е што се ви е запишано на едно место. Каде и да се наоѓате, нема да имате проблем со тоа, дека информацијата за еден или друг предмет нема да ви биде при рака. Во овој случај важно е да се сортира материјалот од разните предмети, да се внесат клучните податоци во нотесот и нема потреба да се мачите да ја барате потребната тетратка во фиоките од бирото или во купот книги на работната маса.

Минуси

Веројатно вие имате многу предмети, а материјал за овие предмети уште повеќе, што значи нотесот многу брзо ќе биде пополнет и вас ќе ви биде мачно постојано да го носите со себе. Ќе треба да започнете нов нотес, тетратка или да користите бели листови, кои потоа ќе треба да ги соберете во некоја папка.

Тетратка

Плусови

Фактот дека вие сте започнале тетратка за секој предмет говори дека вас ве воспитале како организиран човек. Вие знаете кои предмети ги имате утре, совесно си ги завршувате домашните работи и си ги завршувате своите обврски по ред и кога треба. И ако решите за три недели да си понесете дома три тетратки, за да го повторите материјалот, вие најверојатно ќе го направите истото, бидејќи штета ќе биде залудно да ги носите тетратките.

Минуси

Тетратките не се најдобриот избор за луѓето кои забораваат, за тие, кои не одат на предавања редовно, а исто така и за тие, кои не сакаат да носат во својата чанта или ранец голема тежина.

Лаптоп

Плусови

Како и да е, лаптопот е најуниверзален излез од сите ситуации. Се зачувувате на едно место и можете да го запишете секој збор кој што го кажува професорот, бидејќи пишувањето на лаптоп е многу побрзо од пишувањето со пенкало во тетратка. Пишувањето на тастатурата е исто така корисно и во моментите кога професорот брзо преминува од една на друга тема, бидејќи можете со еден клик да се вратите назад во текстот и да допишете нешто. Исто така можете да му ги испратите забелешките на својот колега преку електронска пошта, а во пресрет на испитот можете да ги испечатите сите забелешки и целиот материјал да го имате под рака.

Минуси

Ако поминувате премногу време пред екранот на лаптопот тоа не е добро. Покрај тоа пишувајќи на тастатурата на лаптопот, вие запомнувате многу помалку отколку кога пишувате на традиционален начин со пенкало. Исто така за време на долгите предавања на вашиот лаптоп може да му се потроши батеријата, ако не седите блиску до приклучокот за струја и тоа би можело да биде проблем. Во тој случај добро е да имате при рака неколку бели листови, на кои ќе можете да ја запишете потребната информација.

Ви посакуваме да го направите најдобриот избор за вас, кој ќе ви овозможи да се стекнете со корисни знаења.

Извор: student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х