Веројатно во првата година од студиите не еднаш сте слушнале совет од повозрасните студенти и професори дека работното искуство злато вреди и дека многу повеќе значи од формалното образование и се обидуваат да ве убедат во тоа.

Photo: Unsplash/Dylan Gillis

Представете си соперници во ринг, кои што се борат за иницијатива. Многу е тешко да се каже кој од нив ќе победи.

Првиот услов: образование

Секако ние немаме право да се сомневаме во тоа дека имено соодветното образование многу работодавци го ставаат на прво место на листата барања од кандидатот. Со други зборови, тоа значи дека без оваа точка во вашето резиме вие веројатно нема бидете соодветен за работната позиција. Всушност образованието е тоа што ни дава нам теоретска база, стручни знаења и вештини кои што ни овозможуваат да се занимаваме со избраната професија.

Но сепак, дали е доволно само образованието за да се убеди идниот работодавач, дека токму вие сте вистинскиот кандидат? Одговорот на ова прашање: многу тешко.

Зошто е важно внимателно да стекнувате искуство уште за време на студирањето?

Кога по завршувањето на студиите ќе аплицирате на еден од огласите, најверојатно работодавачот ќе ве праша за вашето работно искуство, стекнато за време на студиите. Ако се вработите по струка за време на студирањето вие ќе можете да ги искомбинирате теоретските и практичните знаења, да се запознаете со различни сфери на работа (и на тој начин да оцените што вам најмногу ви одговара), а паралелно со тоа ќе се стекнете со многу корисни деловни контакти. Имено ова ќе ви помогне многу при барањето на работа, бидејќи вашата репутација е тоа за што ќе зборуваат позади вашиот грб. Менаџерите по кадровски прашања и работодавачите во овој случај ќе увидат дека вие веќе сте запознаени со работниот процес и како резултат на тоа нема да има потреба толку многу да ве обучуваат како што би обучувале некој кој што нема соодветно искуство.

Решение: комбинација на двата фактори

Значи одговорот на главното прашање не е толку едноставен. Многу работодавачи бараат од кандидатите како работно искуство така и соодветно образование, затоа многу е важно да го поседувате и едното и другото.

Затоа додека студирате не го губете времето попусто, туку побарајте работа која што ќе ви овозможи искуство во тие области кои што вас најмногу ве интересираат и истовремено стремете се да ја проширите мрежата на познаници. Запомнете: вие можете да започнете да собирате работно искуство уште денес!

Во ова ќе ви помогнат:

  1. сервисите за избор на работни места за студенти (Mjob, E-servis, Adecco),
  2. волонтерство,
  3. воннаставни настани (научни конференции, предавања, семинари, округли маси, центри за кариера),
  4. стручна пракса (задолжителна, летна).

Ви посакуваме успех!

Извор: student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х