Што може да биде причина за губење на статусот студент? Има неколку варијанти: студентски распуст, не положување на предмет, завршување на годината, завршување на студиите, а можно е и промената на приоритетите во животот. Во оваа статија ќе најдете совети за тоа како довчерашниот студент да се прилагоди на понатамошниот живот, без статусот на студент.

Photo: @asierromero

Прехрамбени производи

Губењето на студентскиот статус, помеѓу другото, значи дека вие не можете повеќе да ги користите боновите за прехрана. За расходите за храна да не ви го потрошат целиот буџет, ве советуваме да не нарачувате да ви доставуваат храна до дома, туку да си готвите сами. Дури и ако не можете да се пофалите со вашите вештини за готвење, на интернет има илјадници совети, како со минимум трошок да успеете да подготвите здрава храна. Почнете со едноставни рецепти па усовршувајте се. Како почетна точка ви предлагаме неколку совети за заштеда на време, сила и средства:

  1. гответе за неколку дена однапред;
  2. гответе за неколку луѓе;
  3. не срамете се да земете намирници од роднините, ако за тоа има можност (на пример, зеленчук, овошје од градината на баба ви).

Ако не можете да се откажете од јадењето во ресторани, ве советуваме да ги посетувате студентските мензи. Во овие мензи порциите се поголеми и поевтини во споредба со рестораните. Втората варијанта е да најдете каде има дневни менија и промоции за ручек.   

Спокојно решете ги формалностите на „возрасните“

Ние воопшто не сакаме да кажеме дека студентите не се возрасни. Но моментот на престанување на статусот студент претставува преоден период во кој на вас се натрупуваат огромна количина на прашања, за чие решавање вие порано не сте помислувале. Каде одат даноците? Како да направам осигурување? Каде се бара работа и стан за сместување?…

Најважно е да направите медицинско осигурување. Многу осигурителни компании ги нудат своите услуги на младите луѓе кои што не се веќе студенти. Што се однесува до работата, ако немате воспоставено односи со потенцијалните работодавачи (на пример практика за време на студирањето или работа за време на студиите), тогаш што побрзо треба да одите во агенцијата за вработување и да ги проучите можностите за вработување во својата специјалност врз основа на договор на ограничено или неограничено време. Добро размислете каква работа сакате да работите и следете ја ситуацијата на пазарот за трудот. Ве советуваме да си направите своја биографија и доказ за своето искуство во работата и знаењата (на пример CV или портфолио).

И на крај сместувањето: ако порано како студент сте живееле во студентски дом, сега мора што поскоро да најдете свое живеалиште. Побарајте варијанти на интернет, распрашајте ги познаниците. Со некој од нив меѓу другото може и да бидете цимери. А можеби и дојдено е времето да живеете заедно со својата втора половина?..

Размислете ги своите понатамошни дејствија

Размислете кој ќе биде вашиот следен чекор. Тоа секако зависи од причините за губењето на студентскиот статус. Ако ја имате изгубено можноста за студирање, размислете за дополнителни образовни курсеви за возрасни или за запишување на колеџите. Така вие ќе се стекнете со знаења, кои што се неопходни за посакуваната професија. Ако сте го завршиле образованието, ви честитаме! Се надеваме дека веќе имате решено што ќе правите понатаму, и преодниот период ќе помине полесно.

Независно од избраниот пат, се надеваме дека нашите совети ќе ви помогнат успешно да се движите по него и самоуверено да влезете во животот на возрасните!

Академскиот распуст исто така е одлична можност за да размислите и да составите план за понатамошните дејствија. Ако перспективата на дипломата со која што се имате стекнато не ве примамува, тогаш ви претстои период за размислување кон што се стремите. Работа во странство? Патување? Самовработување?…

Статијата е подготвена според материјалите од сатот www.student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х