Осум корисни совети, како студентот да штеди средства и да ги планира своите расходи

Што повозрасни станувате, толку поскапи стануваат вашите желби. Секако постојат кредити за студенти, исто така вие можете да земете пари од родителите. Но најзрело решение е штедливоста. Ние подготвивме осум корисни совети, благодарение на коишто вие ќе можете постојано да заштедувате добра сума на пари.

Photo: pixabay/stevepb

Трик со средните полици

Најскапите производи во продавниците често ги ставаат на централните полици за побрзо да го привлечат вниманието на купувачите. Можеби тоа изгледа чудно но оваа маркетиншка финта навистина функционира. Затоа обрнете внимание и на повисоките и пониските полици, таму ќе најдете поевтини производи, можеби дури и од истиот произведувач и ист квалитет, но во подруго пакување.

Цена за 100 грама или за 1 килограм

Секогаш внимавајте на цената за некоја количина на тој начин вие ќе можете да заштедите на долг рок. На пример: поразумно е да купите 250 грама чоколада за едно евро, отколку да платите 50 центи за 90 грама чоколада.

Гответе си самостојно

Со купувањето на производи во продавниците и со готвењето дома, вие ќе трошите на јадење многу помалку, отколку ако порачате храна дома или ако се храните во ресторани. Покрај тоа подготовката на храна може да биде многу интересна, ако не готвите сам туку во придружба на пријателите.

Не ги занемарувајте продавниците каде што се продаваат производи од втора рака

Во интернет епохата и онлајн-продажбата тоа е многу едноставно. Вие можете да отидете на големиот пазар, изложба на велосипеди, антиквитети, во центарот за повторно користење на производите или во продавница за производи од втора рака. Ќе се зачудите колку и какви работи продаваат луѓето понекогаш и нова облека со етикети.

Пешачете

Малите растојанија поминувајте ги пеш или со велосипед. На тој начин ќе ги избегнете утринските гужви во градскиот автобус и паралелно со тоа ќе заштедите и ќе се погрижите за своето здравје.

Планирајте ги трошоците за храна

Храната многу често ни троши голем дел од средствата, затоа многу е важно своевремено да се искористат сите прехранбени производи. Трудете се да купувате тоа што навистина ќе го искористите. Во шкафчињата од кујната многу често се собираат разни егзотични зачини, сосови на којшто им истекува рокот, тестенини. Купете ги само ако мислите дека е можете да ги изедете навреме. Пред купувањето проверувајте го рокот на траење на опаковката на производот и размислете дали навистина ви е потребен тој производ. Посебно внимавајте на прехранбените производи со ограничен рок на користење како што се месо, јајца, овошје, зеленчук, млечни производи.

Анализирајте го своето хоби

Различни членарини, билети, членски книшки, кориснички профили, можат да потрошат голем дел од вашиот месечен буџет. Анализирајте колку од тие забави ви се важни, можеби дел од нив едноставно се вишок.

Поправете го расипаното

Советот на нашите баби е актуелен и денес. Никогаш немој да ги фрлаш работите, коишто имаат мал дефект, којшто може да се отстрани со поправка. Поправете ги работите сами или одете кај мајстор: шијач, чевлар, часовничар, на сервис за електрична техника, продавница за продажба и сервис на велосипеди… Сервисот, секогаш е поевтин од купувањето на нов производ.

Извор: student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х