Оваа година запишана е 24-та генерација на студенти: интервју со Маја Пехарц, pаководител на Маѓународната канцеларија и Кариерниот центар на GEA College

GEA College веќе многу години е присутен на словенечката образовна сцена, а оваа година со гордост ја запиша 24-та генерација на студенти. „Нашата мисија е да понудиме практични студиски програми, кои што на дипломците им го олеснуваат патот до професионалното звање или ако веќе го имаат во понатамошното образование и чекор понапред во кариерата“, објаснува нашиот соговорник Маја Пехарц, pаководител на Маѓународната канцеларија и Кариерниот центар на GEA College.

Photo: Маја Пехарц, pаководител на Маѓународната канцеларија и Кариерниот центар на GEA College

– Колку студенти студираат кај вас и колку од нив се странски студенти?

– Околу 500 студенти студираат на GEA College – на двете институции заедно, значи – Факултетот за претприемништво и Центарот за високо образование. Помеѓу нив има 20 -30 студенти од програмата за размена на студенти Erasmus+ кои што доаѓаат на еден семестар да студираат секоја година, а околу 10 странски студенти се запишани на редовни студии на GEA College.

– Од каде доаѓаат странските студенти?

– Студентите од програмата за размена на студенти Erasmus+ доаѓаат од земјите на Европската унија како на пример: Германија, Франција, Португалија, Словачка како и Турција (која што учествува во програмата Erasmus+), додека останатите странски студенти доаѓаат од Русија, Украина и земјите од поранешна Југославија.

– На кои студиски програми странските студенти најмногу се запишуваат? Кои програми се најпопуларни помеѓу словенечките студенти?

– Главна програма кај нас се тригодишните студии за претприемништво. Студентите како домашните така и тие од регионот (земјите од поранешна Југославија), се запишуваат на него со желба да се стекнат со практични знаења од претприемништвото, кои што им овозможуваат брзо влегување на пазарот за трудот, започнување на сопствен бизнис или преземање и водење на домашна компанија. Во тие земји како и на глобално ниво, семејното претприемништво е главен претставник на стопанството. Во Република Словенија дури 82 проценти од компаниите се во сопственост на семејства.

Меѓутоа студиите не се погодни само за тие што се вработени во своите компании. Сакаме да го шириме претприемачкиот начин на размислување, што е прекрасен алат или водач за сите кои што сакаат да го преземат водството во компаниите од сите големини.

Секако, сакавме да ја пренесеме практичната ориентација на сите останати програми и мислам дека тоа добро го направивме. Странските студенти најмногу ги интересираат програмите за угостителство и туризам како и деловна информатика. Секоја година бележиме се поголем интерес за сите 13 студиски програми. Драго ни е што местоположбата е решавачки фактор бидејќи Република Словенија е безбедна земја со одлична географска поставеност, овозможува прекрасна рамнотежа помеѓу деловниот и приватниот живот (work-life balance), релативно е пристапна и позната по квалитетното више и високо образование.

– Која е вашата стратегија за привлекување на странски студенти?

– Сакаме да привлечеме студенти кои што бараат и на кои што им се неопходни практични знаења и кои што се проактивни. За да им помогнеме да се стекнат со истите, соработуваме со партнерски организации (агенциски мрежи) кои што ги знаат и ценат предностите на GEA College.

До сега првенствено се фокусиравме на земјите од поранешна Југославија. Меѓутоа убедени сме дека дојде време да привлечеме студенти од источните земји на кои што Република Словенија исто така им е блиска во културата, јазикот и начинот на живот. Во склад со тоа смисливме стратегија за интернационализација која што вклучува наше присуство на меѓународните саеми како за агенти, така и за студенти. Исто така многу е важно да се поврземе со слични образовни институции ширум светот, како и со истомислениците со кои што би сакале да создадеме заеднички програми како би биле попривлечни за странските студенти. За нас е важно да не препознаат странските студенти поради квалитетот и знаењето со кое што ќе се стекнат па затоа вложуваме во квалитетот на наставата. Тоа е она што на крај ќе го убеди секого, без разлика дали станува збор за домашен или странски студент.

– Што би ги советувале идните студенти?

– Можеби малку е наивно но би требало да студираат нешто што тие навистина го сакаат, каде што се чувствуваат како на свој терен. Можете да студирате и на Оксфорд, но ако не се чувствувате пријатно нема ништо да излезе од тоа. Студирањето на GEA College исто така е популарно помеѓу словенечките студенти, бидејќи тие во нашата земја не се само бројки, туку поединци кои што ги следиме на нивниот (деловен) и животен пат. Исто е и со нашите студенти од странство.

Новинарка: Шпела Зупан Штампохар

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х