Перспективни студии проследени со многу практика и најдобри професори: интервју со вонредниот професор доктор Боштјан Брумен, декан на Факултетот за туризам при универзитетот во Марибор

Факултетот за туризам при универзитетот од Марибор е основан во декември 2009 година со седиште во Брежице. Студентите можат да бираат помеѓу трите студиски програми: високообразовните стручни, универзитетски и мастер програми. Факултетот може да се пофали со модерни и висококвалитетни образовни програми, коишто ги спроведуваат меѓународно признати експерти и професори со долгогодишно искуство во туризмот. Акцентот се става на стручната практика.

Photo: van. prof. dr Boštjan Brumen, dekan Fakulteta za turizam UM

– Кои се спецификите на Факултетот за туризам?

– Факултетот за туризам во Брежице се истакнува со многу добри врски со стопанството. Во склад со тоа осмислени се нашите студиски програми, коишто големо внимание посветуваат на усвојување на практичните знаења директно таму каде што е тоа потребно, односно во туристичкиот сектор. Многу часови се посветени на практично образование и оспособување, тука се вклучени и стручните екскурзии и теренската работа којашто е задолжителен дел.

Откако ќе дипломираат, нашите студенти немаат само теоретско знаење, туку пред се практично искуство, познавање на процесот на работа во стопанството и организациите, способни се да решат конкретни проблеми и ги имаат потребните контакти за продолжение на кариерата откако ќе дипломираат.

– Што е тоа по што Факултетот за туризам се издвојува?

– На факултетот можеме да се пофалиме со најдобри професори. Нашите професори минатата година од нашите студенти на целиот универзитет добија најдобри оцени. Тоа значи дека ние сме фокусирани на студентите, им посветуваме многу време и брзо ги решаваме сите можни проблеми и потешкотии.

Одлични сме и на меѓународен план, имајќи предвид дека имаме факултет со најголем процент на странски студенти и најголем процент на студенти, коишто доаѓаат на меѓународна размена. Тоа значи силна и успешна интеграција во меѓународните текови.

– Колку странски студенти студираат кај вас, од каде доаѓаат и на кои програми најчесто се запишуваат?

– Кај нас студираат повеќе од 53 странски студенти, а доаѓаат од Република Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Србија, Црна Гора, Македонија, Индија, Руската Федерација, Турција и Народна Република Кина. Студентите се запишуваат на студии за туризам на прв и втор циклус.

– Каква е вашата стратегија за привлекување на странски студенти?

– Странските студенти ги придобиваме со прекрасните студиски програми, коишто се одржуваат на англиски јазик во словенечката престолнина, Љубљана. За да ги добиеме студентите ни помагаат агенциите, коишто се специјално квалификувани и ја познаваат специфичноста на секој пазар. Значи заедно работиме на тоа на студентот да му биде обезбедена најдобра можна грижа за време на процедурите за запишување, во процесот на добивање на посебни дозволи, како и за време на самите студии.

– Кои се визиите, амбициите и целите за развој на Факултетот за туризам?

– Сакаме да бидеме еден од најдобрите факултети за туризам во Европа. Фокусирани сме на одржлив, зелен и активен туризам, а целите ги остваруваме фокусирајќи се на студентите и на мотивираните задоволни професори.

Новинарка Шпела Зупан Штампохар

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х