Започна новата академска година. Ви предлагаме избрани совети, кои што ќе ви помогнат да составите план, за успешно да се подготвите за испит, успешно да се подготвите за семинари и воопшто ефикасно да го организирате процесот н студирање.

Photo: Unsplash/STIL

1. Не занемарувајте ја рутината

Акцијата е клучот на успехот. Составете распоред за работните обврски за една недела и плански следете го. Сепак за да не ве проголта рутината, понекогаш правете нешто што не е наведено во вашиот распоред.

2. Направете правила

Донесете си неколку јасни правила – на пример, на време да ги завршувате проектите, да ја започнувате подготовката за испит минимум 2 недели однапред и така натаму. Внимавајте за нивното исполнување.

3. Запишувајте ги важните информации

Никој не може да се пофали со идеална меморија, и ако се обидувате да запомните се, вашиот живот ќе биде преполнет со стрес. Затоа запишувајте ги сите важни информации за настаните кои што се важни за вас, а исто така и своите идеи и работи кои што треба да ги направите. Запишаната информација ќе ви овозможи да се ослободите од непотребниот стрес и страв дека нешто важно ќе заборавите.

4. Поставувајте си рокови

Секогаш јасно поставувајте си рокови за извештаите и проектните работи. Распределувајте ја работата, не го одложувајте исполнувањето на работата до последниот ден (или, уште полошо, до последната ноќ и да останете ненаспани). Чувајте ги нервите и здравјето!

5. Отстранете ги сите фактори кои што ве одвлекуваат од учењето

Кога започнуваат предавањата, тргнете ги од работната маса, телефонот, списанија и други работи кои што не ви се потребни за време на работата. Сите тие работи ставете ги минимум на два метри од вас.

6. Концентрирајте се на задачата што можете да ја исполните и не се расплинувајте

Прескокнувајќи од една работа на друга е ризик да не се исполни ни една работа како што треба. Ако ви е тешко да се сконцентрирате, пробајте на овој начин: напишете на ливче со што се занимавате сега, и поставете го пред себе на видно место.

7. Расчистувајте го бирото каде што учите

На крајот на секоја недела разгледајте ги запишаните плановите, проспекти и други работи, кои што се на вашата работна маса. Тоа што не ви е потребно во тој момент, собирајте го во некоја кутија или ставете го на полиците. Педантно наместеното биро ќе ви овозможи подобро да се сконцентрирате за учење.

8. Закачувајте потсетници на ѕидот

Клучните материјали закачете ги на ѕидот: нивното присуство пред вас ќе ви помогне да не ги заборавите основните работи – како со материјалите за учење, така и со важните работи, кои што треба да ги завршите.

9. Имајте си посебна тетратка за секој предмет

Во една тетратка запишувајте материјал само по еден предмет! Ако користите само лаптоп, за секој предмет создавајте посебен документ (фајл): на тој начин вашите записки ќе бидат подредени како што треба.

10. Ако задачата ви одзема две минути или помалку, решавајте ја одма

Брзите задачи – како на пример испраќање на материјали на колега, испраќање на електронска пошта и така натаму. Не ги одложувајте за понатаму, бидејќи може да се насоберат или да ги заборавите.

Извор: student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х