Погодности за студентите во Република Словенија. Бонови за храна, евтин превоз и многу попусти за студентите

И домашните и странските студенти во Република Словенија уживаат во бројни поволности. Помеѓу другото тие имаат право на субвенции за храна и превоз и можат да користат други попусти за студенти, што многу ги намалува нивните трошоци за живот. Покрај тоа имаат можност да работат за време на студирањето, за да ја подобрат својата финансиска состојба.

Photo: Unsplash/Toa Heftiba

Субвенционирана исхрана

Во Словенија студентите се хранат поевтино. Имено секој студентски оброк се состои од субвенциониран дел – вредноста на субвенцијата во овој момент изнесува 2,69 евра и остатокот кој што студентот треба сам да го плати (на пример: ако оброкот чини 5 евра, студентот треба да ја плати само разликата од целата сума на оброкот и вредноста на субвенцијата, во овој случај тоа е 2,31 евра). Субвенциите за храна студентите ги користат во форма на бонови – за еден месец студентите добиваат онолку бонови колку што има работни денови и можат да искористат најмногу 2 бона дневно.

Студентите не јадат само во мензите и во студентските ресторани, туку и во обичните ресторани со квалитетни оброци, кои што вклучуваат главно јадење, салата, чаша вода, овошје или супа. Многу ресторани имаат понуди и на вегетаријански и безглутенски оброци во менијата за студенти.

Субвенциониран превоз

Попустот за превоз е погоден за студентите чие што место на живеење е најмалку два километри оддалечено од местото на студирање. На пример студентите од Љубљана плаќаат само 20 евра за месечна карта за јавен градски превоз, наместо 37 евра. Попустот не важи само за билети од градскиот или приградскиот автобус, туку и за воз и комбинирани билети. Во некои градови студентите дури имаат бесплатен градски превоз. Најевтина опција е изнајмување на велосипед BicikeLJ (достапен 24/7) во Љубљана – за годишна претплата потребно е само 3 евра, а секој прв час е бесплатен.

Поевтина рекреација

Редовните студенти мораат да ги исполнуваат своите студиски обврски за успешно да ја завршат студиската година, а покрај тоа мораат да се занимаваат и со фискултура (неколку часови избрани спортски активности). На располагање имаат разни спортски активности кои што воглавном им се поволни на студентите (можат да купат месечна карта со попуст за студенти), како на пример за пливање, фитнес, тренинзи со личен тренер, кошарка, фудбал, бадминтон и така натаму.

Користење на библиотека и студентски попусти

Исто така на студентите им се нудат многу други погодности, вклучувајќи користење на библиотека, поевтини карти за кино (студентска претплата), музеи, галерии, разни настани, манифестации, концерти и некои јазични курсеви.

Студентска работа

Една од предностите ако сте студент во Република Словенија е можноста преку студентскиот сервис да се стекнете со така наречена студентска работа. Законски минималната бруто саатница во овој момент изнесува 4,89 евра (4,13 евра нето). Студентите можат да ја подобрат својата финансиска состојба работејќи за време на студирањето и да се стекнат со значајно работно искуство, кое што можат подоцна да го искористат за пополнување на своето CV и со самото тоа да ја подобрат својата конкурентност на пазарот на трудот.

Автор: Шпела Зупан Штампохар

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х