Помош за студентите: што сè треба да знаете ако изнајмувате стан

Ако не сакате да живеете во дом или не сте добиле место, може приватно да изнајмите стан. Од финансиска гледна точка, тоа е најнеповолна варијанта. Сепак, со определен труд, може да изнајмите добра соба или стан под прифатливи услови. Во оваа статија ќе ви објасниме што сè е неопходно за тоа.

Photo: Designed by @sodawhiskey

Пред сè, треба да се напомене дека стан секогаш се издава врз основа на договор, кој писмено се склучува помеѓу сопственикот на станот, т. е. оној кој го издава и студентот кој го изнајмува станот. Ако немате склучено договор, немате правна основа да живеете во станот, а ги немате ни правата што ви следуваат како изнајмувач. Тоа значи дека сопственикот, на пример може во кој било момент да ве исели или да не ви го врати депозитот без да сноси одговорност.

При склучување договор за наем пред сè треба да се обрати внимание на:

  1. одредбите за меѓусебните обврски на договорните страни за работата и одржувањето на станбениот објект и за заедничките делови на зградата (мора јасно да биде наведено дека значајните работи, на пример ремонт или замена на бојлерот, на радијаторите итн. ќе ги плаќа сопственикот на станот).
  2. сумата на киријата и на депозитот. Закупецот плаќа депозит при вселувањето, по правило во висина од една месечна кирија. При иселувањето на закупецот, депозитот му се враќа доколку тој ги исполнил своите обврски и доколку не нанел никаква штета.
  3. роковите и распоредот на исплатата (обратете внимание дали во договорот ја пишува реалната сума што вие ја плаќате или помала).
  4. начинот на плаќање и обемот на тековните трошоци (бидете претпазливи: придонесот за резервниот фонд не е ваша обврска. Во случај да го платите, договорете се со сопственикот, тој износ да се одземе од депозитот).
  5. рокот за изнајмување (уште на почетокот на годината договорете се со сопственикот дали во станот ќе живеете цела година или само до јуни).

И други одредби може да се внесат во договорот, па затоа внимателно прочитајте ги и изанализирајте ги.

Соби и станови може да барате на страниците на студентските организации:

  1. si (Студентска организација при Универзитетот во Љубљана);
  2. net (Студентска организација при Универзитетот во Марибор);
  3. si (Студентска организација при Универзитот на Приморска), како и по различни Фејсбук-групи.

Ваша должност како потстанар

  1. Клучни одговорности – наменско користење на сместувањето (во согласност со договорот) и плаќање на станарината.
  2. Максимум два пати годишно сопственикот мора да има можност да го види станот заради проверка на неговата состојба (при тоа, ако влегува во станот без ваше знаење, тој го крши законот).
  3. Ваша должност е да овозможите станот да се поправа и да се реновира.
  4. Вие ќе сносите одговорност за штетата во станот и за имотот во него, ако неправилно го користите, и во тој случај вие сте обврзани да ги платите трошоците за поправката.
  5. Ако во вашата соба во рок од три месеци минимум 60 дена живее уште едно лцие, за тоа мора да добиете писмена согласност од сопственикот.
  6. Немате право да го реконструирате станот, да ја менувате опремата или да правите значајни промени во ентериерот без писмена согласност на сопственикот.
  7. Без согласност од сопственикот, немате право да го изнајмувате станот на други лица.
  8. Ако бројот на лицата кои живеат во станот се менува, мора да му предложите на сопственикот додаток на договорот за закуп.
  9. Може да побарате надомест на штета поради неодговорно исполнување на обврските од страна на сопственикот (на пример, ако сами сте го менувале бојлерот кој сопственикот не го променил по 14 дена од пријавувањето на дефектот. Детали за таа процедура може да прочитате во член 93 од Законот за сместување, прва верзија).
  10. Може да побарате да ви се врати превисоката кирија или таа да ви се намали, за периодот кога не било можно таа да се искористи во целост (на пр. ако неколку дена работеле ремонт во бањата, која не сте можеле да ја користите).
  11. По истекот на договорот на сопственикот мора да му го вратите станот во состојбата во која сте го добиле; при тоа предвид се имаат сите промени кои сте ги правеле во договор со сопственикот.
  12. За да го казните сопственикот кој не го испочитувал договорот за наем или Законот за сместување, може да се обратите во инспекциска служба.

Права и обврски на сопственикот на станот

  1. Сопственикот на станот има обврска да склучи договор со закупецот (студентот), независно од тоа дали станува збор за цел стан или за еден негов дел.
  2. Сопственикот може да го прекине договорот во согласност со законот и со условите на договорот за закуп. При раскинување на договорот без објаснување на причините, сопственикот е должен за тоа да го извести закупецот 90 дена пред датумот на раскинување на договорот. Сопственикот може да го раскине договорот без наведување на причините, само во случај ако на закупецот му се обезбеди друго адекватно сместување, доколку со договорот не е поинаку определено. Во случај на спорови помеѓу сопственикот и закупецот, сопственикот не може да го раскине догвоорот со поднесување жалба, ако порано писмено не ве известил за тоа дека го кршите договорот. Сопственикот има рок да ја отстрани причината за спорот, а тој е 15 дена.
  3. Сопственикот има обврска да го одржува станот во состојба во која вие ќе можете да го користите целосно и без пречки.
  4. Според законот, сопствениците на сместувањето имаат право да земаат кирија и да донесуваат одлуки за крајот на договорниот однос.

Поделба на трошоците помеѓу сопственикот и закупецот

Според законот, вие како закупец ги плаќате само комуналиите (струја, топла вода, интернет, итн.). Ви советуваме самостојно да ги плаќате сметките. Ако ги плаќа сопственикот, договорете се да ви ги покажува секој месец.

Најмногу спорови се јавуваат во врска со плаќањето на различни вложувања во сместувањето, резервен фонд, осигурување на сместувањето итн. Сите тие трошоци ги покрива сопственикот, но можете да се договорите да ги плаќате вие под услов да ви се одбиваат од станарината. Исто така, побарајте од сопственикот пред да се вселите да ги пресмета реалните трошоци (на пр. струја), за на почетокот на годината да не платите за периодот кога уште не сте биле вселени во станот.

Пријава на адресата на сопственикот

Како закупец мора да се пријавите на местото на привремениот престој. Тоа може да го направите сами три дена по вселувањето или во тој рок да му направите полномоштво на сопственикот. Оваа процедура е бесплатна. Со себе мора да имате документ за идентификација, и документ кој го потврдува вашето право на престој на адресата на која се пријавувате (договорот за наем или писмена согласност од сопственикот на станот кој ви дозволува да престојувате таму). Исто така, тоа може да го направите електронски, со регистрација на странциата на e-uprava. Ако ве регистрира сопственикот, мора да ви даде потврда за регистрацијата.

Регистрацијата на привремениот престој има рок од максимум една година, по што мора да се повтори. За нерегистрација на привремениот престој во законски определениот рок, предвидена е казна од 400 до 1200 евра.

Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат да се заштитите од недобронамерни станодавци и од можен конфликт со нив. Искрено ви посакуваме процесот на пронаоѓање сместување да ви биде проследен само со позитивни емоции!

За да добиете лична консултација, контактирајте професионалец…

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х