Многу често странците се судираат со проблемoт јазична бариера и со потешкотии при прилагодувањето во новата земја. Во оваа статија ќе ви раскажеме, зошто се случува тоа и ќе ви дадеме препораки како да ги решите тие проблеми.

Photo: Unsplash/Alexis Brown

Многу е распространето мислењето, дека странскиот јазик многу подобро и многу побрзо се учи, во земјата каде што го говорат. Ова тврдење е точно но треба да се има во предвид дека многу зависи од човекот и неговите способности. Имајте во предвид дека словенечкиот јазик се зборува само во една земја во светот, не преостанува ништо друго освен да го учите јазикот со помош на прирачник за самостојно изучување или да отпатувате во Република Словенија на курсеви за изучување на јазикот. За време на курсот, вие не само што ќе можете да го практикувате преку говорење, туку и ќе можете да започнете пополека да се прилагодите на новата средина.

При изучување на јазикот потребана е практика. Но како да се надмине јазичната бариера, која што се појавува при недостаток на самодоверба или страв за комуникација со странци и да започнете да се вклопувате во нова култура? Ќе се потрудиме да ви помогнеме со совети:

  1. Ве советуваме да комуницирате колку може повеќе. Како прво на тој начин вие ќе ја надминете гореспоменатата јазична бариера. Како второ со помош на комуникација вие ќе можете да научите како правилно се изговараат зборовите и различни фрази.
  2. За време на разговорот прашувајте за значењето на секој збор кој што ви е непознат. Секако доколку не го разбирате секој втор збор, најдобро би било да го замолите соговорникот да ви ја преведе целата реченица. На тој начин вие ќе се вклучите во разговорот и ќе успеете да научите нови зборови.
  3. Не го знаете зборот? – Кажете го на својот јазик! Всушност тоа е многу добар начин, бидејќи јазиците од словенската јазична група се многу слични. Но немојте да го злоупотребувате овој совет, бидејќи има и зборови кои што во словенечкиот јазик имаат сосема различно значење, отколку во вашиот мајчин јазик.
  4. Не се плашете да прашате повторно. Ако не сте го разбрале зборот или ако не сте го запомниле веднаш, нема потреба да се вознемирувате и да мислите дека имате лоша меморија. Верувајте дека тоа се случува со секој од нас поради огромната количина на нови информации на дневна основа и поради секојдневните стресни ситуации.
  5. Интересирајте се за новостите и настаните, кои што се случуваат во Република Словенија. Тоа ќе ви помогне да бидете во тек со локалното население. Ако разговорот тргне во тој правец вие ќе можете без проблем да се вклучите во него и да искажете свое мислење.

Сеуште се сомневате во исправноста и ефикасноста на советите? Во тој случај, дефинитивно ќе ве убедат мислењата на странците, кои што живеат во Република Словенија. Ние им зададовме прашање за словенечкиот јазик и прилагодувањето во Република Словенија и еве што ни одговорија тие нам:

Дали беше јазикот, поточно неговата сличност со вашиот мајчин јазик една од причините за преселувањето во Република Словенија?

Филип (Република Северна Македонија): – Не, за мене јазикот не беше една од причините за преселувањето. Јас барав универзитет во соседните земји на Република Северна Македонија и мојот избор падна на Република Словенија.

Самсон (Русија): – Не, за мене јазикот не беше причина за преселувањето. Мене ми беше интересно влегувањето во нешто сосема ново и неистражено. Јас дојдов во Република Словенија да студирам и за да го научам јазикот.

Ви се допаѓа ли вам словенечкиот јазик?

Филип: – Искрено речено, на почетокот словенечкиот јазик мене не ми се допадна многу, бидејќи е погруб од мојот мајчин јазик. Но откако го совладав, јас се навикнав на него и почнав да сфаќам дека мене ми е пријатно да зборувам на овој јазик.

Самсон: – Засега мене ми е тешко да сфатам дали ми се допаѓа јазикот или не. Но сепак можам да кажам дека со сигурност овој јазик ми е интересен и пријатно ми е да го слушам.

Како се однесуваат Словенците за време на разговорот со странци? Какво е вашето искуство и впечатоци?

Филип: – Јас не сум приметил никаков посебен однос. Од моето искуство, можам да кажам, дека јас никогаш не сум се судрил со негативен однос кон мене. Тука луѓето се љубезни и добронамерни. За време на разговорот многумина се трудат да зборуваат побавно и да ве исправат ако сте кажале нешто неточно. Треба да разберете дека овие исправки не ги прават со цел да ве задеваат или навредат, туку за да ви помогнат. Прифаќајте ја ваквата помош и бидете благодарни.

Самсон: – Според моето искуство Словенците се однесуваат многу добронамерно, отворено и спремни се да помогнат. До овој момент јас никогаш не сум имал негативни искуства.

Дали се однесувате на некој начин посебно за време на разговорот со словенците?

Филип: – За две години поминати во Република Словенија јас забележав дека Словенците се позатворени од Македонците. Но сепак не би можел да давам оцени бидејќи секаде има и исклучоци.

Самсон: – Јас не се придржувам за некакви посебни правила. Има елементарна етика прифатена во целиот свет која што предвидува почитување на соговорникот за време на комуникацијата. И јас се придржувам до тоа.

Дали се чувствувате тука веќе како дома? И зошто?

Филип: – Да, можам да кажам дека во Република Словенија се чувствувам како дома. Јас си имам веќе словенски другари, со кои што сум во постојан контакт. Комуникацијата ти овозможува да заборавиш дека си странец, а пријателите веќе ги доживувам како блиски луѓе.

Самсон: – Секако, чувствувам дека имам повеќе самодоверба, отколку пред една година, но сепак не можам да кажам дека средината ме прифати во целост. Јас сметам дека за да се почувствуваш како дома, треба да живееш во земјата повеќе од 2 или 3 години.

Што би ги посоветувале странците кои што доаѓаат во Република Словенија?

Филип: – Јас би ги посоветувал странците да не се плашат да комуницираат. Словенците се отворени за комуникација, но токму странецот треба да го направи првиот чекор!

Самсон: – Јас би ги посоветувал да почнат да го изучуваат јазикот пред да дојдат во Република Словенија. Исто така многу е важно да бидат отворени и спремни за промени и да не се обидуваат да воспоставуваат свои правила на туѓа територија. Ако сте решиле да се преселите тогаш бидете подготвени дека можеби нема да биде се како што сте замислиле и дека ќе треба да се прилагодите на новата средина.

Значи, каков заклучок можеме да донесеме? За да се чувствуваме како дома во друга земја, секако дека е потребно време. Но во исто време ние ќе треба да работиме над себе, да не се срамиме од своите грешки и да се движиме напред. Ви посакуваме успех!

Полина Авфукова

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!


КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х