Прилагодување на странските студенти во Словенија: полесно од што изгледа

Студирање во странство… ви звучи привлечно? Се разбира. Ново искуство, нови перспективи, ново друштво…

Прочувај го светот, патувај, стекни нови знаења и социјализирај се!

Photo by Brooke Cagle on Unsplash

Многумина сонуваат да бидат примени на факултет во странство. Сепак, откако матурантот ќе го добие писмото дека е примен и откако ќе дојде во земјата, каде што мора да помине неколку години, често доаѓа и до стресни ситуации. Работата е во тоа што често идејата за новата земја која се формирала кај матурантот додека ги барал соодветниот универзитет и студии, не одговара на реалноста. Прилагодувањето на новата средина е индивидуален процес и често може да биде тешкотија.

Во однос на ова, за разлика од други земји Словенија е во предност. Стабилна, чиста и пријателски настроена, ги привлекува студентите од другите држави не само како евтина, туку и како квалитетна алтернатива на Германија, Австрија или Велика Британија. Студентите од словенските земји ја избираат Словенија како земја за студирање и поради сличноста на јазиците, националната кујна, менталитетот и прилично блиската географска положба.

Јазик

Словенечкиот јазик спаѓа во словенската група јазици и затоа можеме лесно да го разбереме. Истовремено, како што е тоа случај со секој странски јазик, и учењето на словенечкиот јазик си бара време и труд. Сепак, резултатите од тој труд ќе се видат доста брзо. Во просек, странските студенти го знаат словенечкиот јазик до ниво Б2 по една година живот во Словенија. Тој процес може да се забрза со помош на јазични курсеви, конципирани за говорници на словенските јазици. Стручњаците на компанијата 2ТМ ќе ви помогнат околу изборот на курсот, во однос на цената, локацијата и должината. Запаметете, најглавното во учењето на кој било јазик е да го надминете стравот од комуникација на тој странски јазик.

Кујна

Кулинарските традиции на словенските народи не се секаде исти, но во суштина имаат одредени, дури и фундаментални сличности. На пр. житарките и производите од брашно се основни секојдневни прехранбени продукти. По цела Словенија може да најдете малечки пекарници со тазе леб и разни печива, за разлика од азиските земји, каде што има недостаток од пекарски производи и житарки.

На словенечкото мени има најразлични супи и каши. Постојано се јаде хељда, ’ржен леб и колачи. Во Словенија многу се популарни пчеларството и собирањето печурки.

Словенците се големи љубители на млеко. Така на пр. во САД, во Кина или во Белгија не може лесно да се најдат квалитетни млечни производи: во супермаркетите изборот е многу мал, а квалитетот – сомнителен. Во Словенија нема проблем по ова прашање: апаратите со домашно млеко од фармите се на секој агол, во продавниците голем е изборот на млечни продукти, и сè е свежо и природно.

Истовремено, во словенечката кујна се чувствува влијание од средоземната, алпската и од балканската кулинарска традиција. Поради сè ова, странските студенти ќе откриваат многу нови гастрономски задоволства!

Национален карактер

Важен е фактот дека Словенците се многу пријатни и со почит се однесуваат спрема странците. Нивната отвореност и љубезност (без изнасиленост), никого не остава рамнодушен. Многу иселеници од словенските земји кои се преселиле во Словенија, напоменуваат дека благодарение на тие карактеристики на Словенците, имале минимални проблеми во новата средина. Според реакциите на странските студенти, професорите и колегите искрено се грижат за нив: им ги преведуваат задачите, им помагаат при барањето литература и околу организацијата на самиот процес на студирањето.

На тој начин, привикнувањето на новите услови кај студентите од словенските земји, поминува лесно и брзо, дозволувајќи му на студентот да се фокусира на главната цел заради која се доселил – студиите, а и му дава можност да ужива во оваа убава и пријатна земја.

Автор на текстот: Олесја Антјушења

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х