Времето на новогодишните огнови и грог  помина, деновите се  подолги, пред нас е пролетта со нова надеж и желби. Во нејзините почетоци и во екот на пролетта во Словениа се одбележуваат неколку значајни празници…

Photo: Designed by @laimdota

14 февруари: Ден на свети Валентин

Согласно народните традиции, 14 февруари, на денот на Свети Валентин, започнува пролетта (затоа него исто така го нарекувалe “ првиот пролетен светец ”). Во словенските земји по стариот календар на овој ден зпочнувале со работа во лозјата и полињата. На почетокот празникот Свети Валентин се одбележувал како  римо-католички ден за пост во чест на овој светец. Своето современо значење празникот го добил дури во епохата на доцното средновековие., кога се развила идејата за романтичлна љубов. Се смета дека најголема популарност празникот ужива помеѓу жителите на регионот Приморје . Во селото Шмавер  на првата недела после денот на свети Валентин започнуваат селските празници во Горица. Во овој ден исто така се одбележува празникот на  штруклите. Денот на свети Валентин како празник на вљубените во Словенија почнал да се одбележува подоцна – под влијание на аналогната традиција во Холандија.

12 март денот на свети Григориј

Како што вели народот, на денот на цвети Григориј “птиците се женат”, т.е. овој ден е исто така поврзан со вљубените. Уште од времето кога се користел јулијанскиот календар, денот на свети Григориј – покровителот на светлото – се погодувал на првиот ден на пролетта, кога обично е веќе топло. Со преодот од јулианскиот на григоријанскиот календар во 1582 година денот на свети Григориј се “поместил” наназад, и денес се одбележува на 12 март. Свети Григориј исто така се смета за заштитник  на рударите , работниците во каменоломите , копчарите, шивачите, учениците, учитеите и студентите. Свети Григорија ги заштитувал жените , кои што сакале да родат, помагал во борбата со чумата, бил заштитник на музикантите, пеачите и хоровите. Свети Григориј го претставуваат во облека на римскиот Папа, со епископски жезол, книга , перо или гулаб во рацете.

Месопост (католичка Масленица)

Старата народна пословица вели: “Ако плашилото високо скока, тогаш ленот ќе биде висок, а ако луто танцува, тогаш репата ќе биде крупна ” . Во словенските земји Месопостот уште се нарекува Курент или Корент. Согласно прекмурската легенда, некогаш тоа било прекрасно момче , кој што благодарение на својата убавина постојано бил следен од жени. Затоа тој избегал во пустина и му се молел на Бога да му го нагрди лицето. Бог ги услишал неговите молитви и така му израснале рогови. Со таков изглед тој повторно се појавил пред лугето. Момчето со нагрденото лице повеќе не ги интересирал жените. Посетата на масленичното плашило му навестувало на домаќинот среќа и добар род.

Велигден

Велигден не се врзува со конкретен датум. Во зависност од датумот на Велигден се врзуваат и некои други црковни празници, а исто така и Масленица. Било профатено Велигден да се празнува во првата недела после првата полна месечина на пролет. Всушност, Велигден може да се празнува во периодот помеѓу 22 март до 25 април. Тоа е најважниот христијански празник. На тој празник, христијаните го празнуваат воскреснувањето од мртвите на Исус Христос – симболот на радоста и надежта. По традиција, на велика сабота – се благословуваат празничните јадења, кои што потоа се јадат на Велигденската недела. Храната има опредеелена симболика. Сушеното месо – симбол на телото на Исус, вапцаните јајца – капки крв, ренот – шајки , Куглов колач – симбол на трнливиот венец. Во Словенија овој празник исто така го нарекуваат “ вузем ” . Постојат неколку традиционални игри, поврзани со Велигденските денови: криење на вапцани јајца (нив потоа ги бараат деца), тркалање на велигденските јајца (слично на куглање), кршење на јајца (јајцата се стваат на тревата а потоа во нив се фрлаат монети за да напукнат) , со јајцата се полнат мерзери .

Пријатни празници!

Статијата е подготвена по материјали од весникот “Студент”

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х