Иако штотуку започна школската година, сите оние кои завршуваат средно училиште и нивните родители веќе размислуваат каде ќе го продолжт своето образование. Словенечките факултети ги примаат документите за упис во февруари за студиската година 2019/2020. Овде ќе ви објасниме како се поднесуваат документите и пријавата на факултетот или на високата школа, односно како уписот во првиот рок ќе му помогне на кандидатот да ја заобиколи конкуренцијата и зошто да се запише на словенечки факултет.

Graphics: © 2TM d.o.o.

Зошто е добро да се студира во Словенија?

Зошто се привлечни словенечките факултети за странските кандидати?

Словенија постојано се наоѓа на горните позиции на различни листи за квалитет: најмирољубива, најбезбедна, најдобра за живеење и одгледување на деца. Малата површина на земјата е обратно пропорционална со нејзиниот потенцијал, посебно во сферата на образованието. Словенечките факултети заслужено ги имаат високите места на листите за рангирање на образованието. Секоја година овде не доаѓаат само туристи, туку и студенти од целиот свет за да добијат квалитетно европско образование. Со дипломата која е признаена во цела Европа, младите градат успешна кариера или отвораат своја фирма.

Благодарение на билатералните договори, студирањето во Словенија за граѓаните на Македонија, Србија, Црна Гора и на Босна и Херцеговина е бесплатно. Уште една работа која оди во прилог на словенечките универзитети, а идните студенти особено ги изненадува и ги радува е тоа што на најголемиот број на смерови нема приемни испити. Словенечкиот образовен систем на секој студент  му овозможува да ги изрази своите упорност, залагање и иницијатива за време на студиите.

Прв уписен рок: предностите се очигледни

Првиот уписен рок пред сѐ им дава на кандидатите слобода во изборот, затоа што сите места на сите програми тогаш се празни. Поднесувајки ги документите во февруари, студентот може со гаранција да ја избере професијата која ја сака. Оние кои се пријавуваат во вториот рок често мораат да избираат помеѓу програмите на кои останале празни места, а не на програмите на кои сакаат да се запишат. Важно е да се напомене дека на некои универзитети втор уписен рок нема, бидејќи во првиот рок сите места се пополниле. Затоа не одложувајте го поднесувањето на документите, бидејќи тоа за вас може да значи губење на цела студиска година.

Процедурата на уписите на словенечките факултети дозволува да се пријавите во февруари, а резултатите од свидителствата/матурата и уверението/дипломата да ги пратите дополнително, во јуни или во јули. Така идниот студент може уште пред завршувањето на школската година да одреди каде и што ќе студира, а со тоа да си го олесни животот и да се ослободи од дополнителен стрес.

Graphics: © 2TM d.o.o.

Како и кога да се пријавиш?

И покрај тоа што до февруари има неколку месеци, подготвувањето за уписот треба да почне порано, по можност уште во ноември. Треба да се има на ум и  дека при преселувањето на студентот во Словенија ќе се појават различни прашања поврзани со поднесувањето на документите, добивање на дозвола за престој, студентскиот живот, совладување на јазикот и комуникација со различни органи со власта. Тимот на 2ТМ разбира дека идните студенти  и нивните семејства во овој период имаат многу други обврски и затоа  сме спремни да ви дадеме квалитетна стручна поддршка:

  1. обезбедуваме обемни информации за студиите и животот во Словенија, како и помош при изборот на факултетот и студиската програма;
  2. преводи, подготовка на документите и по деталната проверка ги поднесуваме документите на посакуваниот факултет, почитувајќи ги сите правила и рокови;
  3. подготовка на документите и следење на студентот во сите фази на добивање на студентската дозвола за престој во Словенија;
  4. организирање на курс за јазик, за да може студентот да го изучува пред почетокот на студиите, а не да се занимава со бирократски прашања.

Ако имате некои нејаснотии, контактирајте не по пат на е-маил: education@2tm.si, јавете ни се на телефон или исполнете посебен формулар на сајтот на 2ТМ.

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х