Работа преку студентскиот сервис: зошто е важно да се комбинираат студиите и работата

Словенија е една од најдобрите варијанти за стекнување со квалитетно образование под поволни услови – покрај тоа, Словеија е една од малубројните европски земји каде странските студенти имаат можност за официјално вработување. Замислете, покрај тоа што живеете во мирољубива и безбедна земја со прекрасна природа, клима и еколошки услови, студирате на универзитет кој ќе може да ви обезбеди кариера во било која развиена земја во светот, патувате по Европската Унија без виза, и згора на се вработени сте! При тоа добивате плата помеѓу 300 и 500 евра месечно, што во целост ви ги покрива трошоците за студентскиот дом, потребштини, превоз па дури и за патување во соседните земји ќе ви остане. Комбинирањето на работата со студирањето ви помага вам не само околу буџетот туку и со деловните контакти и големиот број на корисни познанства. Покрај тоа, по дипломирањето автоматски ќе бидете поштедени од прашањата „како совршен студент да се вработи без искуство“, бидејки веќе ќе го имате потребното искуство за почетокот на кариерата.

Photo by @wavebreakmedia on freepik

Сите странски студенти во Словенија добиваат дозвола, со која можат официјално да се вработат. Овој факт ја разликува Словенија од другите европски земји, каде странските студенти добиваат само студентска виза без право на работа. Официјалното вработување е пред се, гаранција за заштита од злонамерните работодавци, стекнување со работен стаж и почитување на сите барања на миграционото законодавство.

Студентски сервис – ваш доверлив партнер во вработувањето

Да најдете работа и да добиете договор со работодавачот можно е (и неопходно) преку студентскиот сервис (študentski servis). Тоа е агенција која што е посредник помеѓу студентите и компанијата – работодавач, и ги опфаќа сите аспекти на нивниот меѓусебен однос.

Работа за време на образованието е можна само преку оформен упат, правна основа за прием на студенти во работен однос во компанијата. Тие се издаваат или на одреден период, или во текот на целиот период на студирање. Важно! За вашата активност да биде легална, треба да нарачате упат и да го предадете на својот работодавец пред почетокот на работниот процес. Инаку, ќе се соочите со високи финансиски казни (и вие и компанијата).

Што уште прави студентскиот сервис? Покрај упатот, тој им дава сметки на работодавачите, прима од нив плата, дава дел од парите за уплата на данок и пензиски фонд, ги префрлаат остатокот на средства на сметката на студентот.

Студентскиот сервис секојдневно ажурира огласи за работа. При тоа не се ограничувајте само на можностите кои ги дава сервисот. Ако веќе имате побарување од некоја компанија за да се вработите таму, обратете се во сервисот со молба да ја вметнат таа фирма во регистерот и да ви дадат упат. Понатаму сите прашања за плата, данок, исплата, сервисот ќе ги решава директно со компанијата. Службениците на оваа организација секогаш ќе ви бидат на располагање при решавање на било кои спорни и нејасни ситуации.

На каква заработка студентот може реално да смета?

Секоја работа мора да биде соодветно платена – само на тој начин вработениот ќе биде мотивиран максимално да се залага. Во многу земји, студентите кои заработуваат пари поради недостаток на стручно искуство примаат такви ниски плати, што работата за време на  процесот на студирање за нив губи вредност. Но во Словенија не! Од 1. април 2018 година тука е во сила закон за минимална плата од еден час работа – 4.73 евра бруто и 4.00 евра нето. Секој месец на сметка добивате нето сума, а разликата оди на даноци и пензиски фондови. Горната граница на приходите не е наведена. Треба да имате во предвид дека при сума од 400 евра бруто стапката на данок се покачува од 22.5% на 25%. Но и овде студентскиот сервис им е од корист на студентите, овозможувајки му на работодавачот големите суми да ги подели на 2-3 дела и така да ја избегне уплатата на повишена стапка на данок. Државјаните на земјите од третиот свет, кои не се опфатени со словенечките даноци, се рачуна стапка од 22.5% на секоја исплата. При тоа студентите од земјите со кои Словенија има потпишано договор за избегнување на двојно даночење, можат да предадат во Министерството за финансии (FURS), молба за рефундирање на делот од уплатениот данок.

Значи, да комбинираме работа со студии во Словенија е можно и неопходно! Осмелете се, и ви посакуваме забавни работни места и успех во кариерата!

Светлана Адиняева

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

>

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х