Школа наклонета кон студентите и со долга традиција: интервју со доктор Лидија Вајс, декан на Високата школа Б2 за деловни студии и раководител на Вишата стручна школа Б2

Б2 е школа со речиси триесет годишна традиција, која е насочена кон студентите и којашто може да се пофали со висока оценка од страна на студентите. Домашните и странските студенти коишто ги има многу на Б2, можат да избираат помеѓу студии на Б2 високата школа за деловни студии или Б2 вишата стручна школа. Разговаравме со деканот на Б2 Високата школа за деловни студии и директорот на Б2 Вишата стручна школа, доктор Лидија Вајс.

Photo: Декан на Вишата школа за бизнис науки Б2 и директор на Колеџот за професионално образование Б2 д-р Лидија Вајс

Што е тоа што ги издвојува Високата школа за деловни студии и Б2 Вишата деловна школа?

– Фокусот ни е ставен на студентите – секој од нив го знаеме по име – и се обидуваме да имаме индивидуален пристап, домашна и пријатна атмосфера и задоволни студенти.

Предавачите им се секогаш достапни на студентите, вклучувајќи ја тука и онлајн пристапноста, а исто така имаат и индивидуален пристап и близок контакт со нив. Нашите предавачи предаваат за тоа што прават или со што се занимаваат, па така студентите учат од конкретни примери. Тежнееме кон применливост на студиите.

Б2 е многу флексибилна школа. Поголемиот дел од нашите студенти студираат и воедно работат или имаат семејство, па со оглед на тоа им останува сосема малку време за студирање, па затоа настојуваме што повеќе да го олесниме процесот на студирање. На пример со таканаречените вонредни испитни рокови, студентот обично има можност да го полага испитот пет пати годишно, а кај нас може да се договориме и за шести термин. Нашиот слоган – „Најпријатна школа“ со којшто сакаме да им ја приближиме школата на сите коишто сакаат да напредуваат во својата моментална работа или да се стекнат со ново знаење, сметаме дека е оправдан.

Дел од студиските обврски исто така можат да се завршат и во странство преку програмата Erasmus+. Имаме голем број на партнери внатре и надвор од Европската Унија бидејќи промовираме размена. Исто така примаме гости предавачи од странство, со што се стекнуваме со интеркултурни компетенции.

Во рамките на нашиот Центар за кариера за студенти и членови на Алумни клубот нудиме низа на бесплатни настани и активности. На пример, имавме курс за брзо читање, предавање за блокчејн (blockchain) технологијата, работилници за личен развој и работилници за развој на кариера со советникот за кариера.

– Што е тоа што Б2 школата ја прави одлична?

– Одлични сме поради нашиот индивидуален пристап и близок контакт со студентите, поради одговорноста, пристапноста и љубезноста, како кај професорите така и кај останатите вработени. Студентите можат да не контактираат во било кое време во текот на работниот ден. Горди сме што студентите во анкетата ни дале оцена 4,7, додека студентите и професорите континуирано ја оценуваат работата на нашата студентска служба со највисока оцена 5.

– Колку странски студенти студираат кај вас, од каде доаѓаат и на кои образовни програми најмногу се запишуваат?

– Многу странци се образуваат на Б2 школата, меѓу кои имаме Македонци, Срби, Украинци и Туркменистанци. На Високата школа за деловни студии поголемиот дел од студентите се запишува на програмата Информатика, а на Вишата деловна школа обично ја избираат програмата Економија. Сите се добредојдени на Б2, а ние и натаму ќе настојуваме престојот кај нас да им го направиме што попријатен и да се увериме дека што поголем број на странски студенти не само што ќе студираат туку и дека ќе го завршат своето образование.

– Каква е вашата стратегија за привлекување на странски студенти?

– Работиме со Erasmus+ и со компанијата 2TM. Меѓутоа кога станува збор за појавување директно на странски пазари, во смисла регрутирање на странски студенти за студирање во Република Словенија, ние тоа го немаме, бидејќи за тоа немаме кадри и финансии.

– Кои се вашите визии, амбиции и цели за развој на Б2?

– Сакаме да бидеме меѓународно признаени и познати, посебно во подрачјето на високото образование. Помеѓу сите приватни виши школи во Словенија, Б2 Вишата стручна школа има најголем број на запишани студенти и тоа сакаме да го задржиме и натаму.

На Високата школа за деловни студии формираме програми и ги акредитираме, во соработка со стопанскиот сектор. Можам да речам дека во фаза на развој е новата студиска програма „Деловна аналитика“ во чиишто рамки ќе се образуваат идните специјалисти за работа со големи бази на податоци.

Во академската 2020/21 година ја стартуваме програмата Менаџмент којшто ќе се разликува од сродните студиски програми. Акцентот ќе биде ставен на меките вештини, коишто на сите нам ни се потребни на работното место.

Новинар: Шпела Зупан Штампохар

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

</p

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х