Ви честитаме – запишани сте (се надеваме на посакуваната студиска програма)! Веќе утре на прво октомври, во вашиот живот ќе започне нова ера – студентски живот. Во текот на наредните неколку години вие брзо ќе растете, ќе се стекнувате со нови знаења, ќе се развивате како личност. Ќе биде се поинаку, од времето кога сте учеле во училиште. Какви главни промени ќе започнат да се случуваат во вашиот живот веќе од утрешниот ден?…

Photo: Unsplash/Nicolas D.

1. Нова животна средина

Посебно тоа се однесува на тие што морале да ги напуштат родните домови и да одат да учат во друг град. Ритамот на живот на кој што сте навикнале во родниот град или село ќе се замени со нова животна средина, „Каде што сите брзаат“. Ќе морате да се навикнете на животот во новиот град, на неговиот ритам и стил.

2. Независност

Тоа е очигледна последица на животот одделно од родителите. Отсега ќе треба да се грижите сами за себе – да готвите, да чистите, да решавате многу прашања поврзани со домот и деловни прашања. Од друга страна, вие ќе можете да си го планирате своето време и во времето што ви одговара вам да се занимавате со тоа што ве прави вас среќни.   

3. Слободното време на студентот

Нема смисла да го одрекуваме тоа дека студентите не живеат само за студирањето – така било од секогаш. Ќе се случува да одите на предавања рано наутро веднаш по ноќните забави на кој што сте останале до рано утро. Всушност тоа се тие впечатоци, кои што ги прават студентските години незаборавни.   

4. Новите познанства (и знаења)

Во процесот на студирање ќе се запознаете со голем број на луѓе: од својата група, професори, соседи од студентскиот дом, и не вбројувајќи ги тука случајните запознавања и другарите од социјалните мрежи. Запомнете: комуницирајќи со луѓе, стекнувајќи се со информација, ширејќи ги своите погледи, важно е да останете присебни и да останете доследни на своите принципи.

5. Развој на комуникативните вештини

За време на студирањето на факултетот вие ќе го надминете стравот од комуникација со непознати луѓе. Бидејќи ако сакате успешно да студирате и интересно да ги помнете студентските години, вие ќе морате да научите на наоѓате заеднички јазик со новите луѓе, да умеете да ислушате и да го заинтересирате соговорникот… Всушност, тие вештини понатаму ќе ви се најдат за време на интервјуто за работа со работодавачот, кога ќе треба да го убедите дека вие сте правиот човек за таа работна позиција.

6. Одговорност

За време на студентските години на секој чекор ќе се среќавате со искушенија. Гледајќи ги своите грешки и потешкотии, вие ќе разберете дека одговорниот однос кон себе и студирањето е залог за вашата благосостојба како сега така и во иднина. Посебно важно е да го осознаете тоа бидејќи родителите, кои што ве контролирале додека сте живееле заедно сега не се до вас.   

7. Ново искуство и материјали за резиме

За многумина студентските години се можност да се стекнат со работно искуство. Вие ќе имате многу можности за работа во зависност од вашите интереси, склоности и слободното време. Работата не само што ќе ви помогне да заработите малку и да се стекнете со работно и животно искуство, туку и да се стекнете со корисни контакти, кои што можат да одиграат многу важна улога во вашата идна кариера.

8. Другари за цел живот

Помеѓу многуте луѓе вие ќе сретнете такви кои имаат исти погледи на светот, ќе делат исти вредности, ќе имаат исто хоби и ќе можат да донесат нешто ново во вашиот живот. Тоа се луѓе со кои што ќе си разменувате материјали, ќе одите на забави и ќе се смеете до солзи за време на паузите помеѓу предавањата. И многу е веројатно дека таа дружба нема да трае само неколку години за време на студирањето, туку ќе трае целиот живот.

Источник: student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х