Словенечкиот јазик не е никаква пречка за почеток на студиите – Интервју со Гоце Јовевски, студент на Правниот факултет при Универзитетот во Марибор

За Словенија, како земја за студирање, имав слушнато повеќе пати, меѓутоа не се заинтересирав „интензивно”, се до последен момент, кога сфатив дека тоа е всушност одлична можност за млади луѓе кои сакаат да студираат во странство, во некоја од земјите на Европската Унија. Секогаш за Словенија се зборувало дека е напредна и успешна земја која нуди многу можности. Затоа, и се обидов да пронајдам начин да запишам студии таму. Така ве пронајдов вас 2TM, веднаш стапивме во контакт и ја започнавме процедурата.“ – вака Македонецот Гоце Јовевски од Скопје ја почнува својата приказна за одлуката за студира во Словенија.

Со Гоце зборувавме за предизвикот да се студира право на словенечки јазик, погодностите кои ги имаат студентите и општо за животот во Словенија.

– Не контактиравте кон крајот на август 2019 година, кога беа поминати првите пријавни рокови, со желба да студирате право. Имаа ли вашите родители дилеми дали да ве пуштат на студии во Словенија, што беше пресудно?

– На почетокот, дилемите беа во тоа што целата наша комуникација се одвиваше онлајн, немавме средби лице во лице, меѓутоа на крајот целосно ги оправдавте моите очекувања. Кога се одлучив за студии во Словенија, и моите родители апсолутно ме подржаа. Дилеми секако постоеа, во поглед на далечината, новата непозната средина, но сепак пресудна беше желбата за прифаќање на ваков предизвик, за запознавање на нови луѓе, но и одличната можност за отворање на патот кон европска кариера. Можеби најголемата дилема беше непознавањето на словенечкиот јазик. Тоа будеше страв кај мене за почетокот на студиите, и општо за адаптирањето на тамошната средина. Но, сега од оваа дистанца сфатив дека тоа воопшто не претставува проблем. Словенечкиот јазик е, иако во некоја мера различен, сепак е многу сроден со нашиот македонски јазик, и за брзо време успеав да го совладам. Повеќе немам никакви проблеми со него и испитите без проблем ги завршувам.

– Колку беше за вас важно тоа што македонските државјани се ослобоедени од плаќање на школарина?

– Навистина е многу олеснителна околност што студиите за македонските државјани се бесплатни. За мене тоа беше уште еден поттик за упис на студии на еден од факултетите во Словенија.

– Зошто ја одрбавте студиската програма по право?

– Го одбрав правниот факултет во Марибор, односно студиската програма – право, бидејќи правните студии се насоката која отсекогаш сум сакал да ја изучувам. Таа професија била секогаш интересна за мене. Во пријавата на факултетите одбрав 3 програми, од кои програмата право беше на прво место, односно програма со најголема желба за упис. Размислував, секако и за други можности, други опции за студирање, но сепак пресудна беше желбата од мали нозе – да бидам правник.

– Какви се вашите искуства од почетокот на студиите, со оглед на тоа дека немавте предходно познавање на словенечкиот јазик?

– На почетокот имав мали потешкотии, бидејќи јазикот не го изучував претходно, и затоа не разбирав се што зборуваа професорите и колегите на факултетот. Но, околу 2 месеци престој во Словенија беше доволно да почнам да го разбирам словенечкиот јазик. Тогаш, почнав и да комуницирам на словенечки, иако со мали потешкотии. Секако, и колегите и професорите имаа многу разбирање за непознавањето на јазикот. Професорите беа многу толерантни, услужливи и секогаш ни излегуваа во пресрет на нас студентите, кои не го владеевме јазикот. Апсолутно имаа разбирање во секој поглед. На мојот факултет во Марибор, сме запишани неколку Македонци и секако, си помагаме за многу работи, па така и за комуникацијата со професорите. Но, сега, веќе после 10 месеци интензивно слушање, говорење и комуницирање на словенечки јазик повеќе немам никакви проблеми во тој поглед. Сега, лично мислам, дека словенечкиот јазик не е никаква пречка за почеток на студиите, бидејќи е навистина сроден со македонскиот, и за брзо време се совладува.

– На средината во вашата прва студиска година, на глобално ниво не затекна пандемијата на новиот Корона вирус. Како се одвиваше наставата, а подоцна и испитите на вашиот факултет во услови на заштитни мерки?

– За време на пандемијата на Ковид-19 сите предавања и вежби на факултетите во Марибор, беа пренесени од предавалниците на онлајн-предавања. Целата таа организација се случи „преку ноќ” и толку брзо, што ние студентите не почувствувавме никаков проблем или оптоварување. Не се случи да загубиме ниту едно предавање. Исто така, и за испитите е дозволено со одлука на Универзитетот во Марибор и правниот факултет, да можеме да ги полагаме онлајн преку интернет платформа. Ниту тука немаше никаков проблем.

– Велите дека брзо се адаптиравте на словенечките начин на живот и средина. Што знаевте за Словенија пред да дојдете и како сега после една година гледате на тоа? – Пред да дојдам во Словенија, знаев дека е мала земја, која е многу чиста, напредна и перспективна. Откако дојдов тука, сфатив дека тоа е навистина така, и многу повеќе. Забележав дека Словенија е земја која многу се грижи за природата. Зеленилото е честа појава насекаде. Тука дури има и празници кои се слават во чест на природата. Со секоја акција која се презема, се внимава да се заштити околината, да не трпи природата. Рециклирањето е процес кој се практикува многу често. Се разбира, сето тоа влијаеше и на мене, сега веќе на поинаков начин да гледам на заштитата на околината.

– Студентите во Словенија имаат многу погодности, што би издвоиле вие од нив?

– Да, студентите имаат многу привилегии. Субвенцијата за храна, односно студентските бонови, е нешто што, според мене, треба секоја земја во светот да го воведе. Студентските бонови се многу добро осмислен систем кој помага многу на студентите. Од сите студентски привилегии јас најмногу ги користам токму студентските бонови. Најголем дел од рестораните и кафичите работат на тој систем. Најмногу ми се допаѓа храната во поголемите ресторани каде што има и поголем избор. Ние студентите постојано велиме, благодариме Словенија за овие бонови – се смее Гоце.

– Како го поминувате слободното време?

– Најмногу се дружам со Македонци кои исто како мене, се отидени на студии во Словенија, иако се запознав и со многу луѓе од Словенија, Србија, Босна и од Црна Гора. Навистина има многу студенти од земјите на поранешна Југославија. Најчесто излегуваме во кафичи и дискотеки во градот или на места покрај Марибор, како паркови, излетнички места и слично. Искрено, во последно време ретко се посветувам на активности во слободно време поради секојдневните обврски на факултет, но можеби како хоби, кое би можел да го издвојам е возењето велосипед во природа. Во тоа често наоѓам можност за одмор и полнење на батериите.

– Што ви недостасува во Марибор?

– Кога сум во Марибор, ми недостасуваат најблиските и пријателите од Македонија. Носталгија се појавува, нормално, но секогаш пронаоѓам начин да не ја чувствувам често. Запознав многу пријатели во Словенија и секогаш времето го исполнувам со нив. Морам да кажам, додека сум во Марибор, ми недостасува домашно зготвената храна, и нашите специјалитети (ајвар, сирење, тавче-гравче) – се смее Гоце.

– Какви се вашите професионални идни планови?

–  Мислам дека сеуште е рано да размислувам за останувањето и работењето во Словенија, иако не е лоша замисла, бидејќи ми се допаѓа животот таму. Магистратура секако планирам да завршам, и се надевам дека ќе ми се оствари замислата.

Лидия Минанова Кустербайн

Бесплатная консультация специалиста

Свяжитесь с нами:



Ознакомиться с политикой компании по обработке персональных данных

Установка этого флага обязательна для отправки сообщения!

Установка этого флага обязательна для отправки сообщения!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х