Од година во година сѐ повеќе странски државјани ја избираат Словенија не само како место за одмор, туку и ги разгледуваат можностите да ја изберат како свој нов дом. Сѐ повеќе млади се запишуваат на факултет, наоѓаат работа, добиваат дозвола за привремен престој и остануваат. Но, тоа и не е толку чудно. Оваа земја е позната по исклучителното гостопримство, солидниот квалитет на живот (за значително помали трошоци од другите европски земји). Не можеме да не ги споменеме фасцинантните природни убавини на Словенија – Јадранското море, живипосните планини и брда, лозјата, замоците, дворците, манастирите…

Photo by Nathalie Sevillia on Unsplash

Многубројните жители на другите земји кои доаѓаат во Словенија на студии или трајно се доселуваат, се примамени не само од економската благосостојба, убавата природа и добрата еколошта состојба (пето место на светскиот рејтинг за заштита на здравјето на граѓаните и на природата), туку и од стабилноста и мирољубивоста, кои своевремено претставуваат визит карта за Словенија. 

Меѓународната група на експерти, под покровителство на Институтот за економија и мир (The Institute for Economics and Peace) при Универзитетот во Сиднеј (Австралија) врз основа на внатрешните и надворешните параметри, од 2007 година го мери Глобалниот индекс на мирољубивоста (Global Peace Index). Според овој индекс, Словенија е на 7-то место од 163 земји во светот. Меѓу првите десет најмирољубиви земји се Исланд, Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска, Чешка, Канада, Швајцарија и Ирска.

Родителите можат да бидат мирни по прашањето на безбедноста на своите деца кога ги праќаат на студии во Словенија. Покрај стабилноста и политичкиот аспект, Словенија е една од земјите со најмал криминал на светот. Криминалното ниво е многу ниско, а бројот на затвореници во затворите е мал. Како потврда за оваа статистика се влезните врати на домовите кои не се подебели од собните врати, а често тие имаат и стаклени делови. Праксата да се ставаат решетки на прозорите на првите спратови во другите земји, кај Словенците предизвикува зачуденост и изненадување.

Словенија ќе им се допадне и на претставниците на понежниот пол. На светскиот рејтинг за почитување на правата на жените, кој го изработија американските научници од Инситутот за жени, мир и безбедност (Џорџтаун), Словенија го завзема 4-тото место од 152 земји во светот. Ова истражување ги зема во предвид следните критериуми: правосудниот систем, безбедноста и интеграцијата на жените во општествениот живот. Првото, второто и третото место ги завземаат Исланд, Норвешка и Швајцарија. 

Патем речено, доколку по завршувањето на студиите во Словенија студентот се одлучи да остане во оваа земја и да формира семејство, тој нема причина да се грижи за иднината на своите деца. Според истражувањето на организацијата „Save the Children“, во кое американски експерти ја составија листата на индексот End of Childhood Index 2018, Словенија заедно со Сингапур го завземаат 1-то место меѓу земјите со најдобри услови за одгледување на деца, благодарение на највисоките показатели за нивото на нивното здравје, образование и заштита. Во истражувањето влегле 175 земји од светот.

Шпанските научници пак, од Универзитетот во Валенсија го измериле „нивото на среќата“ во европските земји. Научниците го направиле своето истражување врз основа на анкетирањето на жителите и јавните податоци, кои ги вклучуваат развојот на земјата, слободите на нејзините граѓани, правата и солидарноста. Според ова истражување, Словенија е во првите десет „најсреќни“ земји во Европа.

На странските студенти од словенските земји воопшто не им е тешко да се адаптираат во Словенија. Блиската култура придружена со големата дружељубивост, мирот и високото ниво на правна организација, го прават пријатен престојот во оваа земја. Вака се потсетува на својата селидба во Словенија Дарја – странка на 2ТМ, која моментално е студентка на словенечкиот универзитет: „Во Словенија сум од август 2017 година и мојата адаптација беше многу брза. Првиот ден отидов на прошетка во Љубљана и одморав на една клупа во паркот на љубљанската тврдина – тоа беше мојата прва средба со градот. Во сеќавање ми остана чувството на спокој и заштитеност“. Студентот на архитектура Андреј

вака ја опишува Словенија: „Чист воздух, мирна околина, безбедност, одмерен животен ритам и социјална активност“.

Така што, доколку сакате да им овозможите на својот син или ќерка европско образование, а се грижите за нивната безбедност во странство – храбро изберете ја Словенија. Со еден од најниските рејтинзи за нивото на криминал и со најголем рејтинг за гостопримство и мирољубивост на локалните жители, Словенија заслужено го завзема водечкото место на листата на најмирни земји на нашата планета. Не си го скратувајте задоволството тоа да го почуствувате лично!

Светлана Адинјајева

За да добиете лична консултација, контактирајте професионалец…

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х