Словенија се наоѓа меѓу Алпите, Јадранското море и Панонската низина. Во неа растат 14 прашуми кои покриваат површина од 540 хектари. Прашумата Крокар на пример води потекло од времето на последната ледена доба и сеуште е место на недопрена природа. Природните богатства на Словенија како термланите и минералните извори им се на сите многу добро познати. Затоа не е чудно што жителите се држат до принципите за еколошко учество во природата и до здравиот начин на живот.

Photo by Dominic Lowyears on Unsplash

Одмор во движење

Едно од најпопуларните превозни средства во Словенија е велосипедот, со него е возможно да се патува дури и во соседните земји. За таа цел е направена Подравската велосипедска патека долга 710 километри која се протега преку три држави: Унгарија, Хрватска и Австрија. Во словенечката област Каринтија во моментов се градат 10 нови велосипедски патеки (за ова се одвоени 15 милиони евра!). На луѓето кои се грижат за здравиот начин на живот, ова им е најомилен велосипедски правец бидејќи покрај физичкиот напор и местата за одмор по пат,  се патува низ убавите и чисти пространства на балканскиот регион.

Словенците се трудат да водат активен живот и да не седат дома. Преку викендот често одат на планина. Може да се каже дека тоа е национален одмор на кој се навикнати сите граѓани  уште од мали нозе. Бидејќи снегот во планините долго се задржува, многу Словенци се љубители на скијањето и на сноубордингот. Уште еден популарен спорт овде е и планинарењето. Искачувањето на планините успешно го совладуваат и децата, а во оваа земја има и многу искусни алпинисти.

Дишете со полни гради

Властите во сите словенечки градови посветуваат големо внимание на сообраќајот. Тие се трудат да го регулираат со цел да се намалат штетните гасови. Сѐ повеќе се зголемува и употребата на алтернативни медоти на транспорт. За таа цел, неодамна во Пиран почна да работи служба за бесплатен превоз на помал товар и патници со помош на електрични автомобили. Оваа услуга стана многу популарна. Во малиот град Ново Место во работните денови има бесплатен превоз со електрични автомобили за пензионери и за луѓе со инвалидитет. Другите региони истотака развиваат еколошки јавен превоз. За сопствениците на електрични автомобили се развиени различни бонус програми и попусти на технички услуги. Чистиот воздух без какви било хемиски траги е важен за човековото здравје и токму поради тоа во Словенија можете да видите најмал број на пушачи во споредба со другите земји. Овде навистина можете да дишете со полни гради.

Хранете се здраво

Односот до здравата храна во оваа земја е присутен низ целата историја. Секоја есен во градинките, училиштата и во другите државни образовни установи се одржуваат денови на словенечкиот национален доручек. Во него спаѓаат: леб со зрна, маслиново масло, млеко, мед и јаболка. Во оваа земја сите сакаат млеко. Во поголемите супермаркети, а и на улиците, има поставено млекомати со свежо кравјо млеко. Тоа е навистина природен производ, а за тоа потврдуваат документите на автоматите каде што можете да најдете податоци и контакт за фармата која го произведува млекото.

Истотака, во земјата работат многу земјоделски домаќинства кои се ориентирани на производство на еколошки чисти зеленчук и овошје.

Во градските продавници можете да најдете и обилни родови на боровинки, домати, како и добро познатиот словенечки лук „чеснек“ и зелената салата од родот цикорија радикио. Овие два продукти кои се дефицитарни на светскиот пазар, во Словенија не се користат само за оброк, туку се и „стил на живот“ како што велат граѓаните. Овој зеленчук се користи за подготовка на најразлични јадења, од палента, пити, до салата и бифтек, правејќи ги вкусни и здрави јадењата.

Учење преку спорт

Словенечките спортисти се успешни во различни спортови, меѓу кои најпопуларни се скијањето, борбените спортови, атлетика, пливање, спортско јадрење, планинарење, коњички спортови. Словенечката фудбалска репрезентација спаѓа во повисок ранг, а меѓу претставниците на земјите има и многу олимписки шамиони.

Многубројните победи на натпреварувањата на различни нивоа се последица на активното бавење со спорт,  кое овде е позастапено и почнува уште од градинка. Младите групи секојдневно вежбаат во спортските сали, а постарите веќе учествуваат на натпревари. Според словенечките податоци, во моментот кога децата завршуваат градинка, тие веќе имаат по неколку пофалници. Спортот

Бавењето со спорт продолжува и на училиште, но на посериозно ниво. Дури и во обичните училишта има неколку смерови за кои ученикот може да избира по желба дали ќе се бави со јога или со фудбал, тенис или со пливање.

На словенечките високообразовни установи по ова прашање се одесуваат уште посериозно. На студентите кои се бават сериозно со спорт и кои имаат некои достигнувања во тоа, професорите им излегуваат во пресрет и со учењето, можат да добијат дури и посебен, индивидуален распоред на предавања. 

„Спортот е важен момент. Се радувам дека ми оди. Со него се бавам од седум години. Почнав со фудбал, со кој се бавев девет години, потоа со бокс,а потоа со американски фудбал. Сега се бавам со дигање на тегови и добивам награди на европски натпревари. Како ми успева  да се занимавам со спорт и да се учам?  Многу едноставно: човекот наоѓа време за тоа што му причинува задоволство. Спортот ми помага да се опуштам после учењето. Покрај тоа, доколку учествувате како студент во некои културни и спортски збиднувања, тоа не само што го зголемува вашиот углед, туку и угледот на универзитетот. Предавачите ви излегуваат во пресрет. Еднаш учествував на натпревар за дигање на тегови и не стигнав навреме да подготвам презентација за предавањето. За тоа го известив професорот, а тој ми рече да подготвам материјал за натпреварот. Испратив фотографија од натпреварот и зборував за шампионатот во кој учествував. Тој материјал подоцна беше ставен на веб страната на факултетот и тоа за мене беше плус“ – вели студентот Јарослав Корчака.

Кој спорт да се избере, тоа секој ќе го избере сам. Но, во секој случај редовното бавење со спорт во комбинација со здравата исхрана, чистиот воздух и позитивните емоции, помагаат во надминување на секојдневниот стрес, а гледано во глобала, помагаат физичката активност да се одржува уште многу години!

Светлана Королјова

За да добиете лична консултација, контактирајте професионалец…

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х