Со студентската работа ќе убиете три муви со еден удар. Заработка, ново работно искуство и поголеми шанси за вработување

Студентите во Република Словенија имаат можност за така наречена студентска работа. Преку привремена и повремена работа, младите кои во процесот на студирањето сакаат да се приклучат на пазарот на трудот – било од финансиски причини или поради можноста за стекнување на вредно работно искуство и компетенции. Студентската работа може да ја подобри социјалната положба или материјалните можности на студентот, а истовремено за време на образовниот процес ќе се запознае со пазарот на трудот и самото тоа ќе им овозможи да станат поконкурентни во подоцнежната потрага по (прво) вработување.

Photo: Jcomp

Предности на студентското работење

Знаеме дека студирањето во Република Словенија, и покрај тоа што некои студии не се плаќаат, не е бесплатно. Покрај административните трошоци, трошоците за купување учебници и помагала, трошоците за алати и материјали во некои средни училишта и факултети, трошоци за превоз и храна, а исто така има и трошоци за домување, доколку ученикот не живее дома. Затоа, најважниот аспект на студентската работа всушност е финансиски. Многу студенти не би можеле да си дозволат да студираат без да работат преку студентскиот сервис, а многумина пак со дополнителна работа, им ги олеснуваат трошоците на своите родители. Бидејќи студентскиот живот е разновиден, на студентите добро им доаѓа секое евро кое можат да го заработат со својата студентска работа.

Важен факт во вршењето студентска работа е стекнувањето на вредно работно искуство, кое подоцна може да послужи како референца за наоѓање на работа, така што работата преку студентскиот сервис може да биде вклучена во биографијата. Покрај тоа, студентите можат да дознаат каква работа им одговара, за што се талентирани и во каква професија се гледаат во иднина.

Ако студентот врши работа или професија за која студира, студентската работа е исто така одлична во смисла на поврзување на теоријата со практиката. На овој начин, можно е со својот работодавец дури и да договорат да ја извршуваат својата професионална пракса.

Младите што се докажуваат во својата работа и покажуваат доволна мерка на зрелост, одговорност, самоиницијативност и упорност, можат да бидат потенцијални кандидати за долгорочно вработување во очите на работодавецот. Затоа, студентската работа дури може да им овозможи и можност за подоцнежно вработување и продолжување на кариерата во истата компанија.

Колку заработува студентот?

Законскиот минимум (бруто) час се применува и на студентската работа. Во моментот таа изнесува 4,89 евра бруто или 4,13 евра нето. Од бруто износот, 15,5% од платата на студентот се одзема како придонес во пензиското и инвалидското осигурување и се пресметува во пензијата (но не и во работниот) стаж.

На странецот му се одзема и придонесот за пензиско и инвалидско осигурување во износ од 15,5%, освен во случај ако странскиот државјанин не е веќе вклучен во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување на поинаква основа. Подоцна тоа мора да го докаже пред издавање на препораката за работа, со соодветна потврда издадена од странска институција која не е постара од 30 дена.

(Извор: studentski-servis.com)

Кој може да ja врши студентската работа?

Студентската работа може да ја врши секој кој има студентски статус и не е вработен. Студентската работа може да ја вршат и странци кои редовно учат во Република Словенија и странски студенти кои студираат во Република Словенија во рамките на програмите за меѓународна размена. За ова вид на работа потребни се следниве документи: број на словенечка банкарска сметка, словенечки даночен број и доказ за статусот на студент во Словенија.

(Извор: studentski-servis.com)

Како да се почне со студентска работа?

Правната основа за вршење на студентска работа е правилно пополнет упат на организацијата која нуди работата или работодавецот.

Студентите можат сами да најдат работа или преку организација која нуди услуги (студентски сервис, агенции за човечки ресурси, портали за вработување и сл.), а пред почетокот на работата, тие мора да го добијат наведениот документ. По завршувањето на работата, фирмата пресметува работно време и врз основа на тоа ги плаќа заработените пари.

Пред почетокот на работата, студентот со работодавецот се договара за сите работни услови (за самата работа, условите за работа, времетраењето на работата, плаќањето и времето во кое може да ја очекува исплата). Пред да започне со работа, работодавецот мора да потпише и да стави печат на копијата од упатот.

На работното место треба да дојдете на навреме, да бидете сериозни, одговорни и сигурни во вашата работа. Ако поради некоја причина не можете да дојдете на работа (на време), треба однапред да го известите работодавачот. Покажете интерес за работата што ја работите и бидете мотивирани. За вашата работа, напор и упорност, може да бидете богато платени (на долг рок).

Текст: Шпела Зупан Штампохар

Консултации со стручњак

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х