Совети за студенти: Како да поверуваме во себе и да не се предавме пред неуспесите

Ти не успеа да се запишеш на посакуваниот факултет? Ти сеуште ја немаш работата од соништата, каде што ти ќе заработуваш 2000 евра месечно, работејки само 5 часа на ден ? Ти сеуште не си дипломирал? Ти не успеа да ослабеш 5 килограми? Падна на испит?..

Photo: Designed by @asierromero

Ние младите луѓе често сме во искушение поради високите идеали и очекувања, а освен тоа, од поуспешните луѓе околу нас, на кој што им тргнува од рака се за што ќе се фатат да направат. Економијата се труди да направи од нас безгрешни работници, истото го прави и образовниот систем.  Но некои од нас со право се запрашуваат – „навистина ли сум јас таков несреќник?…“.

Треба да разбереме дека не сме совршени!

Ние забораваме дека ги гледаме успесите на другите само заради тоа што ги оценуваме луѓето врз основа на нивниот имиџ на социјалните мрежи и впечатоците од личниот разговор со нив. Да се фалиме е лесно, но никој не е совршен. Сите ние правиме ситни грешки, кои што се одразуваат на неуспесите во животот. Затоа немој да посветуваш внимание на тоа што постигнале другите, туку сконцентрирај се на тоа што сакаш ти да постигнеш.

Не им посветувај внимание на шаблоните!

Родителите не принудуваат нас да следиме определени стандарди, бидејки ни го посакуваат најдоброто, или тоа што по нивно мислење е најдобро. Ако си ти обична личност, твојот живот нема да биде полн со проблеми и потешкотии. Образовниот систем не принудува нас да го следиме востановениот начин, бидејки е полесно да се учат неколку луѓе одеднаш отколку сите одделно. Тој образец, или подобро кажано, шаблон изгледа вака: стекни се со образование (минимум – заврши го школувањето) ; најди си добра работа; не ризикувај; жени се ; имај неколку деца; купи си куќа и неколку автомобили; фотографирај ја секоја точка на планетата каде ќе отпатуваш; стави ги фотографиите на социјалните мрежи за да добиеш што е можно повеќе лајкови; земи си куче и оди секоја недела во планина. Кон таков начин на живот ќе те принудува околината и твојата желба да му се допаднеш на опкружувањето. Но најди во себе сила да му се спротиставиш на тоа. Не се чуствувај отфрлен ако во 21 век ти сеуште не носиш венчален прстен. Нема ништо страшно да се случи со тебе ако не успиваш дете. Куќата од твојте соништа може да почека. Прави го тоа и стреми се кон тоа што тебе те прави среќен. Ако ти постојано мислиш на тоа што наводно ти треба да го направиш, ти можеш целиот живот да се чиствуваш како човек од втор ред.

Како да ја измениме судбината?

Од својте грешки ти можеш многу да научиш. Кога ти во нешто не успеваш, најпрво изброј до 5. Потоа сети се дека ти не сисовршен и дека никому ништо не си му должен, освен самиот на себе. Кога ке ги отстраниш емоционалните и социјалните табуа  за неуспехот од твојот систем , размисли за развојот на овој неуспех. Тука се клучни следните прашања:

  1. каде јас направив грешка?
  2. зошто јас направив грешка?
  3. што е надвор од моја контрола, а делувало на грешката?
  4. како да го избегнам истото во иднина?

Кога ти ќе си одговориш на овие прашања, тогаш ќе добиеш јасна претстава за тоа, што тргнало во погрешен правец. Со самото тоа ти се стекнуваш со корисна лекција во животот, а со доживеаниот неуспех ќе се стекнеш со искуство кое што ќе ти помогне да стигнеш до успехот во иднина.

Не обвинувај ги виште сили!

Понекогаш се случува и така што сите виши сили во светот се свртуваат против нас . Несреќа, неправда, подлоста на другите луѓе – или едноставно лош ден. Сето тоа може да доведе до несреќа но тука не е виновен твојот сегашен професор кој што според тебе пристрасно се однесува кон тебе или кон ситуацијата бидејки ти во денот на заштитата на дипломската си задоцнил поради тролејбусот кој што возел споро. Осудувањето на луѓето и светот, претставата за заговор против тебе не водат кон ништо добро.

И уште нешто. Кога ти разговараш со другарите седејѓи на кафе , слушајки ги како се фалат како го заштитиле докторатот и кој си купил нов автомобил, кој има најубава девојка или дечко и кој најмногу заработува, „исклучи“ го гласот во главата кој што ти вели дека ти треба да бидеш исто толку или дури и поуспешен. Не се натпреварувај. Остави ги и твојте родители нека велат дека синот на соседот станал хирург  или дека ќерката на сосегот си отворила сопствена продавница. Внатре во себе ти треба да свикнеш на тоа дека ти си успеал и да веруваш во себе во тоа дека ти си способен да постигнеш се сам. И да се гордееш со тоа. Ти не си несреќник. И едниствениот човек кој што може да те израдува – тоа си ти самиот!

По материјалите од списанието  «Студент»

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х