…Ти неодамна се запиша на факултети, ти имаш чувство на огромна слобода. Но често се случува така што родителите ги обливаат своите деца со прекумерна грижа. И силната родилска љубов го игнорира фактот дека ти ви веќе возрасен човек.

Photo: Designed by @nensuria

Показатели за тоа дека родителите прекумерно влијаат на твојата самостојност:

Не ти дозволуваат тебе да пораснеш

Ако во било која ситуација тебе ти треба согласност од родителите, и ако тие будно го следат секој твој чекор, тоа е веќе повод да се размисли. Времето, кога тие требало да проверуваат дали си ја напишал домашната работа, веќе одамна помина, и дојде време, кога ти треба да се грижиш самиот за себе и да станеш самостоен.

Не земајќи го во предвит твоето лично пространство

Личното пространство, тоа е една од нашите најголеми слободи, кои што ние ги имаме. Што повеќе старееме толку поважен станува за нас личниот простор и се повеќе ние го заштитуваме него. Ако родителите знаат за секој твој чекор и не се согласуваат со тоа, како ти го поминуваш своето време, тие се вмешуваат во твоето лично пространство. Посебна загриженост предизвикува ситуацијата, кога родителите планираат или учествуваат во планирањето на твојте активности.

Ти правиш некои непотребни работи затоа што така сакаат твоите родители

За жал на многумина родителите им избираат специјалност, и на тој начин ги прават зависни од себе. Кога родителите на еден или на друг начин прават избор или донесуваат конечно решение, што ќе правиш ти, а што ти е забрането да правиш, тогаш со самото тоа тие ти ја одземаат слободата и самостојноста. Сите тие постапки кои што ние ги правиме во животот под влијание на другите, како по правило за нив немаме мотивација. Одговори си на прашањето што ти ќе направиш во животот, ако за тоа немаш доволно мотивација и прецизирај за кого го правиш ти тоа.

Зошто е важно да станеме независни?

Сите се согласуваат дека најубави се годините од школувањето кога, од една страна имаме нова слобода, а од друга страна сме безгрижни, овозможени со поддршка на родителите. Но иако тој период е краток игра клучна улога во подготовката за понатамошниот живот. Независноста од родителите ние можеме да ја поделиме на: емоционална и од технички причини.   

Постигнувањето на емоционална независност со помош на врската помеѓу родителите и децата може да трае многу подолго, од периодот на образование. Постојано поставувај си прашања и одговарај си ги. Мислењето кое што го имаш ти, дали е навистина твое? Дали се движиш во тој правец, во кој што ти сакаш да се движиш? Дали си среќен? Дали се реализираш? И најглавното што  правиш ти само за да им угодиш на останатите?…       

Ако ти е тебе со родителите добро и имаш блиски односи,проблематично е  да се разликуваат овие работи , бидејќи твоето гледиште во целост се совпаѓа со гледиштетот на твојте родители, или пак многу малку се разликува. Имено овие нијанси се тие што те прават тебе возрасна и самостојна личност.      

Ако ти со родителите имаш непремостливи бариери и несогласувања, и не си успеал да оформиш близок и доверливив однос, важно е да осознаеш, дали постапуваш во своја полза или на сила сакајќи нешто да докажеш. Не дозволувај сам да си направиш дополнителни непријатности и препреки на патот кој што ти е наметнат. Исто така разбери дека, без разлика на фактот за несогласувањата со родителите, не е се толку лошо. Размисли за мотивите за конкретни чекори, кои што ти ќе ги направиш и погрижи се за тоа да ги направиш истите во своја корист, и докажи си сам себе а не да правиш нешто за инает.

Што се однесува на техничкиот аспект на независноста, тоагаш таа се појавува кога вие имате:

Сопствен доход

Во тој момент кога ти можеш да се грижиш за себе, многу работи ќе се изменат. Како прво ќе се имени односот кон самиот себе, што ќе влијае на тоа како ќе гледаат родителите на тебе. Кога ќе имаш сопствен извор на постојан приход, ти ќе имаш повеќе слобода и со самото тоа можност да си го организираш животот како што ти ќе посакаш.

Можност да си организирате самостојни патувања

Додека за патување во престолнината на соседната држава тебе ти треба согласност од родителите, тоа останува под знак на прашање, бидејќи родителите треба да ја знаат точната маршута на движење, твојте сопатници, твојте планови. Денес сите градови каде што има факултетит, нудат изнајмување на велосипеди, што може да ти помогне да бидеш помобилен и во текот на целата недела. Ако сакаш ти да патуваш за време на викендите , да се среќаваш со другарите или си од друг град , размисли за набавување на возило. Тука ти исто така ќе се судриш со некои проблеми , со кои што се борат твоите родители: тоа што ние го сакаме ги преминува нашите финансиски можности. И во оваа ситуација родителите можат да ти помогнат со совет или со препорака, како да се стекнеш со својот прв автомобил.

Сопствена територија

Кога веќе еднаш ќе живееш по свои правила, со својот дечко (својата девојка) или со цимери од факултетот, твојот дневен план ќе биде таков каков што сакаш ти. Ти ќе си отвориш за себе нова страна и ќе почнеш да учиш да живееш со дотогаш непознатите за тебе обврски. Тоа ќе ја оформи твојат аличност и ќе те научи да наоѓаш начини да живееш со било кој човек.

Затоа, пред се слушајте се самите себе и одреди го тоа што ти го сакаш најмногу од животот. Што повеќе ти ќе се спознаваш себе си, толку подобро ќе живееш без тоа да го приметиш, создавајќи средина која што ќе ти обезбеди тебе самостојност.  Со среќа!

Од материјалите на весникот„Студент“

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х