Поради потребата од брзо прилагодување на новите случувања, словенечките факултети ја префрлија наставата на дигиталните модерни платформи. Уште од првиот ден на карантинот, универзитетите во Словенија ги повикаа своите студенти да се однесуваат одговорно, да ги следат упатствата од своите професори и редовно да ги исполнуваат студиските задачи, со цел да нема застој во педагошкиот процес.

Photo: Unsplash/Brooke Cagle

Контактиравме неколкумина странски студенти, кои со помош на 2ТМ се запишаа на факултет во Словенија, да ни кажат како функционира наставата преку интернет. Некои од нив се одлучиле да останат во Словенија, некои пак си заминале дома.

Марко Родиќ од БиХ, студент на мастер програмата на Факултетот за туризам во Брежице се вратил дома во Приједор. Не крие дека студентскиот живот му се променил и дека му недостасува дружењето со колегите од факултет, со кои заедно ја следеле наставата. „Со обврските на факултетот се е во ред и настојувам сите да ги завршам на време. Се надевам дека ситуацијата со корона вирусот во наредниот период ќе се смири и дека ќе можам нормално да се вратам на студиите во Словенија“ – ни изјави Марко Родиќ.

Меѓу студентите кои се вратиле дома во Белград, Србија се Матија Влахо, Дина Павловиќ и Марко Пушкар. Матија Влахо кој студира на Економскиот факултет во Љубљана ни кажа дека очекува подобра организација на онлајн наставата, бидејќи според него некои од предавањата не се временски испочитувани.

Дина Павловиќ студира архитектура во Љубљана и вели дека е задоволна од досегашното студирање, пред се бидејќи студиите се технолошки напредни. „За повеќето предмети сега имаме настава преку интернет. Се уште не знаеме како ќе се одржуваат испитите, но професорите ни дадода задачи кои во меѓувреме ги работиме.“ – вели Дина во очекување на брзо нормализирање на состојбата.

Во Марибор на Факултетот за електротехника, компјутерство и информатика оваа година ги започна студите и Марко Пушкар. Неговата мајка Душанка ни кажа дека одлуката за студии во Словенија ја донеле пред се поради одличните услови за студирање по европски стандарди. „Марко се врати во Белград кога неговиот факултет почна да ја изведува наставата онлајн и засега непречено студира“ – додава Душанка.

Дел од странските студенти се одлучиле пак да останат во Словенија.

Украинката Ксенија Оники во моментов е во Љубљана, каде студира психосоцијална помош на Факултетот за применети социјални науки. „Студиското градиво го читаме сами, а вежбите ги одржуваме преку Skype. Се е во ред“ – ни изјави Ксенија.

Контактиравме и двајца Македонци, Трајче Андреев, кој студира економија на универзитетот во Марибор и Теа Лазаревска, студентка по новинарство на Факултетот за социјални науки во Љубљана.

Предавањата и вежбите се одвиваат најнормално по регуларниот неделен распоред што го имавме и претходно на почетокот од вториот семестар. Наставата ја следиме така што професорите преку код не додаваат во група наменета за одредениот предмет и таму се приклучуваме во зададениот термин“– вели Трајче.

И Теа Лазаревска е задоволна од наставата преку дигиталните платформи: „Факултетот не извести дека нема да се продолжува студиската година. Предавањата се организирани во групи за 25 студенти, а некои од предметите ги слушаме и преку апликацијата ZOOM. На 7-ми и на 9-ти април веќе имаме закажано колоквиуми. Професорот ни кажа дека ние студентите ќе добиеме прашања на е-мејл, а одговорите ќе треба да му ги испратиме во рок од 90 минути“ – објаснува Лазаревска.

Автор: Лидија М. Кустербајн

Консултации со стручњак

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х