Денес наши соговорници се сопружниците Инна и Александар Мантулини, студенти од програмата „Туризам“ од вишата школа во Марибор. Нивното решение за преселување во Словенија било многу спонтано, иако за заминување од Русија ова семејство размислувало уште од многу одамна.Во интервјуто со новинарот на 2ТМ Инна и Александар го споделија своето искуство за преселувањето надвор од Русија ,споделија совети за исучување на јазикот а исто така и раскажаа за сите предности на Словенија, кои што влијаеле на нивниот избор.

Photo: © Inna Mantulina

– Здраво! Раскажете ни, кои настани влијаеја на преселбата на вашето семејство во Словенија ?

– Добар ден ! Ние одамна размислувавме за можноста да се стекнеме со образование во Европа и за можноста за преселување. Во еден момент ние свативме дека дојде тоа време. Документите ние почнавме да ги собираме во јануари 2018 година. А во август го земавме со себе мачорот и пристигнавме во Словенија веќе во својство на студенти.

– Со што имено Ве привлече Вас во Словенија?

– Со прекрасната екологија и природа, со високиот квалитет на живот, високо квалитетно и достапно образование. Добиената тука диплома е призната на територијата на цела Европаска Унија. Освен тоа регулирањето на престојот во Словенија кој што им се овозможува на сите студенти, не само што им овозможува да живеат таму за време на образовниот процес туку и им овозможува да работат, а исто така да патуваат низ Европа без визи. Италија, Австрија, Хрватска, Унгарија, се земјите до кој што е наједноставно да стигнете од Словенија. Во словенечките високообразовни установи има многу странски студенти, вклучувајки ги тука и по програмата Erasmus. Затоа ние имаме одлична можност да комуницираме со студенти од разни држави во светот. При тоа нас многу не привлече и цената на образованието, тука таа е пониска одколку во другите земји на Европската Унија. Прекрасна природа која што овозможува да се занимавате со било кој спорт и зимно време и налето. И, секако, многу голем плус за нас е сличноста на словенечкиот и рускиот јазик.

– Да се преселувате додека сте помлади и сами е можеби полесно отколку да го прават тоа двајца возрасни и независни луѓе. Колку беше тежок овој процес за вас двајцата?

Инна: – За мене овој процес не беше воопшто тежок и комплициран. Токму поради тоа што јас сум возрасна и самостојна, преселувањето помина лесно без стресови. Ние со мажот точно знаевме, каде и со која цел се преселуваме.

Александар: – Во еден прекрасен ден Инна рече: „Ние ќе одиме да студираме во Словенија, почни да собираш документи“. Јас одговорив: „Одлично јас сум секогаш „ЗА“!“. Ние двајцата брзо реагираме и нам ни е близок авантуристичкиот дух. Токму затоа ние не се сосредоточувавме на потешкотиите кои што нас не чекаа во иднина. Јас мислам поради тоа нашата преселба не беше стресна. Иако порани ние никогаш не сме биле во таа држава.

– Според кои критериуми вие се ориентиравте при изборот на учебната програма и местото на образование?

– Ние двајцата работиме во ресторантскиот бизнис и многу сакаме да патуваме. Затоа ние решивме да ја избереме програмата „Туризам“ на факултетот за комерцијални и бизнис науки. Правецот гастрономски туризам е многу интереснаи перспективна тема за нас.

– Како се одвиваше процесот на запишување, колку време тој ви одзема вас? Се појавија ли било какви проблеми?

– Ние ги поднесовме пријавите во вториот круг и за две-три недели веќе добивме одговор, дека сме запишани. Немаше апсолутно никакви проблеми. Треба да и кажеме благодарам за тоа на компанијата 2ТМ, која што ни помогна нам со преселувањето. Се беше направено толку јасно и професионално што најверојатно проблеми не можеа да се појават воопшто.

– Што мислите вие, колку е тешко за странските кандидати при запишувањето да поминат без нечија поддршка? Зошто вие лично решивте да ја искористите професионалната поддршка при запишувањето?

– Со оглед на тоа што целата комуникација со универзитетот се одвиваше на словенечки јазик, кои што во тој момент ние не го знаевме, ние веднаш се одлучивме да користиме професионална помош. Тешко ли е да се запишеш сам? Можеби и не. Но ако ти сакаш со сигурност да се запишеш, ние сметаме дека помош од специјалисти е потребна, тоа не е случај во кој што треба да се ризикува.

– Раскажете ни подетално за програмата «Туризам», на која што вие сте запишани.

– Обуката тука трае 3 години и дури во третатат година студентите избираат специјалност во туризмот со која што сакаат да се занимаваат. Часовите се одржуваат двапати неделно навечер. Целото останато време ние учиме самостојно користејќи ги учебниците и материјалите кои што се наоѓаат на веб порталот. На спремање на еден предмет се троши еден месец, потоа ние полагаме испит. Системот според нас е одличен бидејки има време да се спреми предметот и да се спремиме за испитот, не деконцентрирајќи се со другите предмети. Опсегот на дисциплините е од сметководство до основи на туризмот . Прекрасни професори и одлични учебни материјали. Ние сме многу задоволни со изборот на образовната установа.

– Добиваат ли некакви поволности „возрасните “ студенти? Ако одговорот е да, тогаш раскажете ни за тоа подетално.

– Тука поволностите за студентите не зависат од возраста . Ние имаме купони за храна. Тоа е кога можете да се храните бесплатно, или со мала доплата, која што зависи од локалот: фаст фуд, кафуле или ресторан. Ние се храниме со минимална доплата , бидејќи не гледаме посебна причина да одиме по ресторани. Исто така имаме поволности за превоз, но тие нам не ни се потребни, бидејки ние секаде низ градот се движиме пешки. А кога треба некаде да отпатуваме, тогаш многу е добро да си студент, бидејки билетите за автобус или за воз може да се купат со попуст.

Photo: © Aleksandr Mantulin

– Александар, Вие веќе имате високо образование со кое сте се стекнале во Украина. По што се разликува словенечкиот образовен систем од Украинскиот според Ваше мислење?

Александар: – Моето прво образование го стекнав во Украина , „Маркетинг“ и тоа беше многу одамна. Но јас можам одма да кажам дека системот е апсолутно различен. Ако во Украина ти го поминуваш целиот ден во универзитетот, тогаш тука акцентот се става на самостојно учење. Нема таква голема количина на информации од кои што ти треба да го избереш најпотребното. И секако процесот на образование во нашата образовна установа е направен така што предметите се изучуваат редоследно, не се преклопуваат еден со друг. Јас мислам дека тоа придонесува за подобро совладување на материјалот. Освен тоа образовната установа му ги обезбедува на студентот сите материјали кои што му се потребни за беспреконо учење и полагање на испитот.

– На кој јазик се одвива наставата и се бараше ли од вас да знаете словенечки јазик при запишувањето?

– Наставата кај нас се одвива на словенечки јазик, иако голем плус беше тоа што при запишувањето од нас не се бараше никаква потврда за знаење на словенечкиот јазик.

– Во тој случај, како вие го научивте?

Инна: – Пред почетокот на образовниот процес ние со мажот поминавме интензивен едномесечен курс во Марибор во јазичниот центр Doba. Таму нас не научија на основите, ние почнавме да разбираме „основен“ јазик: за во продавница, аптека, елементарна комуникација со професорите. Процесот во почетокот изгледаше многу тежок, но потоа, кога ние се адаптиравме, изучувањето почна да се одвива полесно. Јас не би рекла дека ние имавме некакви потешкотии, се си одеше како што треба.

Александр: – За мене тој процес беше уште полесен, според мене. Сето тоа беше поради тоа што словенечкиот јазик е многу близок со украинскиот јазик – исти зборови, акцент. Но и сега, неспорно е дека јас се судирам со проблеми бидејки сеуште не го владеам јазикот 100%. Најважно е да не се плашиш и да не се срамиш туку да зборуваш. Ние почнавме да го учиме јазикот во август и сега ние разбираме 70-80% тоа то нам ни го зборуваат словенците. Исто така ние се трудиме во секоја прилика да започнеме разговор, иако над зборувањето сеуште теба да поработиме. Сите словенци со кои ние комуницираме велат дека за луѓе кои кои што живеат тука само половина година сме достигнале степен на знаење на словенечки јазик кој е сосема задоволителен.

– Како, според вас, најдобро се изучува јазик: на курс, преку разговор, самостојна работа?..

– За почеток курс. Мислеиме дека тоа е неопходна етапа за исучување на еден јазик. Се формира база за основно разбирање на јазикот, се изучува правопис и правила. Потоа ние трба самите да ги развиваме јазичните навики. На пример: да гледаме телевизија, да читаме учебни материјали на словенечки. И секако нераскинлив дел од процесот е разговорот во јазичната средина. Само на тој начин вие можете во целост да го научите јазикот.

– Што мислите вие, како луѓе кои живеат во Словенија, покрај словенечкиот вреди ли да се знаат уште некои јазици?

– Мислиме дека вреди, тоа е дополнителен плус. Тука скоро сите зборуваат англиски јазик. Многумина знаат гремански и италијански, соседството на земјата го прави своето. И ние во втора година исто така ќе ги учиме тие јазици.

– Да се вратиме на темата за вашето преселување во нова земја. Раскажете ни како се одвиваше адаптацијата во новата средина? Што беше за вас најтшко, а што најлесно, што ви се допадна најмногу во споредна со дома?

Инна: – Прашањето е во исто време и тешко и интересно. За нас на пример најтешко беше да се привикнеме на спокојниот начин на живот. Кога никаде немате потреба да брзате, да касните на автобус или трамвај. Да се навикнеме да пиеме вода од чешма. Да се навикнеме на друштвеноста и отвореноста на луѓето. Да се навикнеме дека скоро сите луѓе се насмеани. При тоа производите се се одличен квалитет, многу чист воздух, и панорамите на градот, различни фестивали и изложби сето тоа нам многу ни се допаѓа и го уживаме сега.

Александр: – За мене нај тежок беше преиодот на „излегување од зоната на комфорот “. Но веќе некое време јас разбрав колку се тука отворени и дружељубиви луѓето, колку е убава климата, безбедноста. Отакако го разбрав тоа сите непријатни чувства се изгубија.

– Со што воглавном вас ве привлекува Марибор?

– Со се! Во главном со тоа што тој е мал и компактен. Тука живеат 100. 000 жители и се сосема спокојни, пријатен е животот. Многумина наместо јавниот превоз користат велосипеди или пак одат пешки. Тука има прекрасна природа: планини, реки и езера, многу сонце и малку дождови. Од тука можете за еден час да стигнете до Австрија или Хрватска, а за три часа до Италија.

– Заинтересирали ли сте вие за работа за време на студиите? Раскажете ни за своето искуство по ова прашање.

– Секако ние одма знаевме дека освен студирањето ќе треба и да најдеме работа. Отворени работни места најдовме преку студентскиот сервис. Работиме од 06 до 14 часот, што за нас е оптимално, така што ни останува доволно време за учење и одмор. А инаку тука можете да најдете секаква работа, се зависи од вашите знаења и желби. Студентите добиваат сосмеа добра плата. На пример нашата плата нам ни е сосема доволна за да платиме наем за станот, за основните трошоци, и дури нешто успеваме да заштедиме. Сега ние работиме во производство на пакување каде што пакуваме бои за коса и различни козметички производи. Тоа е производство на Schwarzkopf&Henkel.Се разбира тоа не е работа по нашата струка но во дадениот момент тоа е одлична шанса за усовршување на јазикот бидејки ние секој ден го поминуваме во друштво на словенци. Исто така ни одговара добрата плата и распоредот .

– Имате ли многу слободно време ? И како вие го поминувате него?

– Немаме многу слободно време , но но кога го имаме, ние или патуваме по соседните држави или се среќаваме со сонародниците со кои што учевме на курсевите за словенечки јазик.

– Ви недостига ли татковината? Ако не е многу лично прашањето, тогаш кажете ни каде вие се чуствувате како дома?

– Нас ни недостигаат роднините и пријателите, но не и татковината. Не можеме за сега да кажеме дека во Словенија се чуствуваме како дома, но нам тука со сигурност ни е подобро отколку во Русија.

– Според вас колку е перспективна вашата специјалност? Каде планирате да и најдете примена во иднина?

– Ние мислиме во развојот на туризмот во Словенија тоа е многу интересна и перспективна тема. Кога ќе стигнеме до трета година ние ќе се определиме за некој правец, со кој што понатаму професионално ќе се занимаваме. Секако ние планираме да ја примениме тука, во Словенија. Но како што велат ќе видиме. Vsebo!

Благодарам за интервјуто!

Прашањати ги задаваше Полина Авфукова

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х