Студентите во Словенија можат да искористат дополнителна година од студентскиот статус: се за студентскиот апсолвентски стаж во Словенија

Целта на сите студенти (и на нивните родители) е да ги завршат студиите и да се стекнат со стручно звање и што поскоро да се најдат на пазарот на трудот. Меѓутоа се случува, времето за исполнување на сите обврски да истече и крајот на последниот семестар е тука. Студентите во Словенија имаат можност да запишат дополнителна или така наречена апсолвентска година и на тој начин да го продолжат статусот на студент и да ги искористат сите студентски бенефиции за уште една година.

Photo: pixabay/Wokandapix

Што е тоа апсолвентски стаж?

По завршувањето на последниот семестар, студентите можат да искористат дополнителна година. Ако студентот до тогаш не дипломирал или ако не ја завршил дипломската или магистерската работа, може да му се продолжи статусот на студент. Во таа дополнителна година важат истите правила и услови како и за останатите студенти.

Кој има право на апсолвентски стаж?

Само тие студенти коишто не го искористиле својот бонус за време на студирањето на одредено ниво, можат да го уживаат ова право, ако никогаш не ја повторувале годината и никогаш не се префрлале на некоја друга студиска програма. Имено овие студенти, коишто менувале студиска програма или повторувале година немаат апсолвентки стаж и статусот на студент им истекува со завршувањето на последниот семестар на студиите. Исклучок се интегрираните мастер студии (на пример, медицина, фармација, ветерина, архитектура, математика, технологија), коишто можат еднаш да користат бонус за време на студиите, a и понатаму да имаат право на апсолвентски стаж.

Под кои услови студентот може да го оствари своето право на апсолвентски стаж?

Студентот го остварува своето право со запишувањето на дополнителна така наречена апсолвентска година. Ова право може да се оствари дури по завршувањето на последниот семестар, под следните услови:

  1. Ако не ги завршил своите студии во првиот или вториот циклус на студии во рок од 12 месеци по завршувањето на последниот семестар,
  2. Ако не ги завршил интегрираните студии од вториот циклус во рок од 12 месеци по завршувањето на последниот семестар,
  3. Ако не ги завршил постдипломските студии од трет степен во предвидениот законски рок.

Уписот на апсолвентскиот стаж е можен без разлика на бројот на постигнати бодови (EКTС).

Која е разликата помеѓу презапишување или премин од една на друга студиска програма?

Треба да се прави разлика помеѓу презапишувањето и преминувањето од една студиска програма на друга. Ако студентот се запише во друга образовна установа во истата година (на пример, од втора година на факултет на втора година на факултет на друг избран факултет), тогаш зборуваме за презапишување или за промена на студиската програма, а со самото тоа се губи правото на апсолвентски стаж. Ако студентот го искористил преминот на друг факултет (на пример од прва година на факултет на втора година на друг одбран факултет) тогаш тој/таа имаат право на апсолвентски стаж.

Новинарка: Шпела Зупан Штампохар

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х