Студентката Алиса Гриенко: Новите познаници не забележуваат дека не сум оттука

Почетокот на академската година за бруцошите е период на грижи и одговорности. На студентите кои студираат во странство, грижите им се уште поголеми зашто вообичаените тешкотии при студирањето им се дополнително зголемени поради јазичната бариера. Сепак, за студентката Алиса Гриенко, како и за многу нејзини колеги, тоа е успешно пребродена фаза. На Универзитетот во Љубљана се запишала пред две години, и денес оваа девојка успешно стекнува знаења на студиската програма по Меѓународни односи.

Photo: © Alisa Grienko

За своето искуство за совладувањето на словенечкиот јазик и за студирањето во Словенија, Алиса зборуваше во интервјуто за 2ТМ.

– Здраво, Алиса!

– Добар ден!

– Се сеќавате ли на првиот факултетски ден? Како изгледаше?

– Тоа не се заборава! (се смее). На втори октомври дојдов на факултет, каде што се разговараше за студиските програми. Тогаш почнав да го учам јазикот и мислев дека ништо страшно нема да се случи ако не разберам нешто: словенечкиот е ист како руски! Но, ништо не разбрав. Шокирана бев и си мислев: „Како ќе студирам?“ Ме фати паника и цело време додека бев прва година, бев во таква состојба.  

– Ви одат ли јазици? Колку тешко совладувате странски јазик?

– Уште од мала се трудев да научам англиски и да заминам од Украина, па тоа ми беше силна мотивација. Дојдов во Словенија за да студирам меѓународни односи, но, како што споменав, претходно воопшто не го знаев словенечкиот. Затоа се запишав на курс од 60 часа, кои се одржуваа двапати неделно. Благодарение на тој курс стигнав до Б2 ниво.

Денес зборувам пет јазици: руски, украински, англиски, словенечки и шпански. Исто така, по слух разбирам и корејски зашто сакам да гледам корејски филмови со англиски превод. Отсекогаш ми оделе јазиците. Имам завршено музичко училиште и слухот за музика ми помага подобро да ги разбирам нијансите во изговорот и да го совладам акцентот. Токму затоа, некои познаници не забележуваат дека не сум оттука.

– Како ви оди студирањето?

– Кога бев прва година ми беше многу тешко: постојано бев во библиотека и многу учев. Морав да работам дупло: прво да преведам и да ги разберам непознатите зборови во текстот, а потоа да се занимавам со самата тема. Тоа ми беше напорно и ми го комплицираше процесот на учење. Од прв семестар морав да оставам два испита за следниот, но затоа пак во вториот семестар положив сè.

Имавме предмет Основи на економијата, кој го положив на словенечки, и тоа со осумка, иако економијата за мене не е едноставен предмет. Вистина е дека цел месец го подготвував тој испит. Генерално, можам да кажам дека студиите ми одат супер, иако програмата е сложена, а професорите многу педантни.

– Што ви помогна да се чувствувате сигурно додека зборувате словенечки?

– Почнав самоуверено да зборувам на словенечки благодарение на тоа што максимално разговарав со колегите од групата. Постојано ги опоменував со мене да зборуваат на словенечки, а не на англиски зашто тоа ми беше важно. Веќе подолго време зборувам самоуверено, иако, секако, понекогаш се сомневам во себе.  

На Алиса ѝ посакуваме успех во натамошното студирање!

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:

Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти

Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:

Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:

Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X