Студентката од GEA College Лучка Жунич: „Се восхитувам на успешните приказни на младите претприемачи, кои започнале практично од нула“

Студентката од втора година на GEA College – Факултетот за претприемништво Лучка Жунич поради својата скромност размислуваше зошто сме ја поканиле да даде интервју. Таа е девојка со големи планови за иднината, која го бара своето место во светот на бизнисот. И ете тоа е прекрасен повод за разговор со неа, зарем вие не мислите така?..

– Лучка, што влијаеше на вашата одлука за запишување на GEA College?

Photo: © Luchka ZHunich

– Откако ја завршив гимназијата и ја положив државната матура, не сакав да се запишам некаде колку да бидам запишана на факултет. За волја на вистината јас од тоа се плашев. По мое мислење човек траба да се занимава со тоа што го прави среќен.

Мене многу ме интересира психологија и дизајн. Во моето семејство одамна се занимаваат со дизајн и тој ми е мене близок. Мене првенствено ме интересира дизајн на ентериер. По завршувањето на гимназијата имав доволно време за да размислам за своите желби и планови. На студиската програма „Психологија“ не решив да се запишам бидејќи не бев сигурна дека сакам да ја продолжам кариерата во тој правец. Иако науката за психологијата многу ме интересира, јас и понатаму ќе читам книги, ќе се самообразувам, но тоа ќе биде повеќе од љубопитност. Мислам дека секој претприемач треба да биде по малку и психолог. Исто така планирам да се занимавам со дизајн на ентериер, кога и во кој формат, ќе видиме подоцна.

Но, во едно сум била секогаш убедена: еден ден ќе бидам сам свој газда! Мислам дека тоа го знаат сите кои малку ме познаваат. Пред почетокот на академската година започнав да се интересирам за тоа како да се запишам на студиската програ „Претприемништво“, и моите истражувања ме доведоа до GEA College.

При изборот на студиска програма како прво барав нешто што излегува од нормалните образовни практики. Мене не ме интересираше само посетата на предавањата и подготовката за испит дома, тоа го има секаде. Главната причина за моето запишување тука се состои во тоа што програмата „Претприемништво“ на GEA College ја има веќе за додипломски студии, а не само подоцна. Исто така ме интересираше придружната програма, бидејќи практикумите и другите видови на воннаставни активности ја прават студиската програма да биде ценета и даваат одлична можност за реална претстава за светот на бизнисот. Ја се запознавам со нови луѓе и го проширувам својот делокруг, со самото тоа многу е полесно да се развиваш во круг на луѓе со слични погледи на светот. Можам да кажам дека решението да се приклучам на студентскиот совет, во кој сум активна веќе втора година, се покажа како сосема исправно решение.

– А од каде кај вас се појави желбата да се занимавате со бизнис?

– Јас веќе одамна не сакам да живеам обичен живот. Секојдневниот распоред на работа од 08:00 до 16:00 часот мене ми изгледа премногу рутински. Покрај тоа многу ме привлекуваат можностите кои ги отвора бизнисот. Јас сум креативна личност која сака да биде активна. Извесно време гледам работи околу себе кои би требало да се подобрат. На пример апарати кои не се користат во целост. Или пак услуги коишто може да се доработат, или усовршат. Јас немам врска со семеен бизнис, не сум од таква средина но се гледа дека желбата е скриена длабоко во мене.

– Зарем не ви се чини дека ако човек уште од рана возраст знае со што ќе се занимава во животот дека може тоа да му биде своевиден товар?

– Многу често тоа е така. Кога точно знаеш што сакаш да постигнеш во животот, многу често затвораш пред себе други врати. Со самото тоа си правиш притисок сам на себе бидејќи единствена можност да оствариш успех е да успееш во таа професија што си ја избрал и друг избор немаш. Точно е дека избраниот пат може да ви остави многу малку простор за маневар. Јас секогаш ги оставам вратите отворени, си оставам можност за избор но си поставувам цел и се трудам да ја остварам.

Посветувам многу време на учење и сопствен развој. Цврсто сум убедена дека јас самата си ја градам својата личност. Летниот распуст беше прекрасна можност за мене да поработам. Летната работа неприметно се вклопи и во новата академска година и како резултат на тоа извесно време одев наутро на предавања и попладне на работа. Исто така посетував некои семинари и курсеви. На тој начин се трудам да се развивам и да се движам по патот по кој имам тргнато.

– Како си го претставувате својот професионален пат?

– Сакам да имам своја компанија или можеби неколку компании. Сакам да работам во различни области. Покрај дизајнот и психологијата мене ме интересира и литературата, бидејќи имам склоност кон таков вид на творештво. Имам многу идеи кои во текот на животот би сакала да ги претворам во стварност и над некои од нив веќе почнав да работам. Обично јас тргнувам од некои мои потреби и желби кои пазарот не може да ми ги обезбеди. Тогаш мене во главата ми доаѓаат нови идеи.

Денес имам неколку бизнис идеи кои имам намера да ги претворам во конкретни проекти. Знам дека некои претприемачи буквално се мачат да го извадат својот производ или услуга на пазарот на трудот. Но, јас по природа сум многу организирана личност и можам да кажам дека се движам попретпазливо. Без разлика на тоа јас сметам дека во бизнисот треба да се има смелост и да се биде поразличен, што многу често значи да правите работи коишто се невообичаени. Ќе видиме како ќе се одвива мојата кариера во иднина и како ќе се развивам јас.

– Како си ја претставувате работата со бизнис идеи? Како изгледа тоа?

– Идејата која ми се јавува најпрво се преобразува во некој нацрт т.е. идејата од глава ја пренесувам на парче хартија, компјутер или некоја друга направа. Дури откако ќе ги запишам своите мисли и идеи на парче хартија или во електронска форма можам да се движам понатаму со мислите. Тогаш започнувам да ја развивам идејата, да ја оценувам и да ја обмислувам… Размислувам за различни начини на претставување на своите идеи на други луѓе, како да ја преправам ако од почетокот пазарот на ја прифати и така натаму. Сето тоа јас го разбирам како процес на учење.

– Колку смело, според вас младината го покорува бизнис светот?

– Ако се споредиме со американците, тогаш може да се каже дека не е доволно. За тоа постојат неколку причини. Кај нас нема таква деловна активност како нив, нашата средина кон која се однесува и образовниот систем не го поддржува претприемништвото во таа мера како во Соединетите Американски Држави. Но, не треба да се споредуваме само со нив. Сметам дека кај нас од година во година ситуацијата се подобрува, за нашата младина се отвораат се повеќе можности, платформи за реализација на своите бизнис намери и нашиот систем во овој дел се повеќе не поддржува. Секако би сакала да има повеќе иницијатива од страна на младината. Можеби треба уште малку да се почека за да се разработи целиот механизам под полна пареа. Кога ние младите ќе видиме реални можности во бизнисот, како што го опиша тоа во едно интервју доцент доктор Ерај, процесот ќе стане поактивен. Јас ќе останам оптимист.

Ако уште нешто сакате да кажам за образованието, тогаш јас би предложила да се воведе основи на претприемништвото и настаните поврзани со тоа веќе во завршните одделенија во основните училишта. На 13-14 години веќе може да се препознаат претприемачи кои ветуваат. Секако во средното училиште треба да се разјаснат придобивките од претприемништвото. На тој начин на матурантите ќе им биде поедноставно да го определат местото на своето понатамошно образование во согласност со нивните цели во животот. Откако ќе завршите гимназија тешко е да разберете колку е важно за вас претприемништвото. А за тоа вреди да се размисли.

– Како вие ќе ја раководите својата компанија?

– Како раководител јас како прво ќе се грижам за здравата микроклима и културата во компанијата. Се стремам да создадам тим во кој сите членови ќе се чувствуваат комфорно и отворено да комуницираат меѓусебно. Јас мислам дека е многу важно раководителот на тимот да биде активен учесник и да работи заедно со останатите, а не да биде само набљудувач. Помеѓу останатото тоа е начин на кој се развива чувството на припадност, што според мене е многу важно. На тој начин компанијата може да ги достигне поставените цели и дури и да ги надмине.

Мене ми е близок современиот метод на менаџирање на компаниите. Јас сакам да ги мотивирам останатите и не верувам дека менаџерот може да ја заслужи довербата на вработените само благодарение на позицијата. Важно е и туторството, и бодрењето на вработените за нивните постигнувања/резултати. При тоа мене ми изгледа многу важно тоа што вработените во компанијата мораат да имаат можност за постојан развој, како личен така и професионален. Мене ме радува тоа што авторитаризмот денес се помалку го наоѓа своето место помеѓу основните функции на компанијата. Од пред извесно време платата веќе престанала да биде основен двигател во барањето на работа, сега на прво место е микроклимата, корпоративната култура и така натаму. И за тоа во значајна мера е одговорен раководителот.

– Кој во светот на бизнисот според вас може да се земе за пример?

– Јас им се воодушевувам на младите претприемачи, кои имаат започнато практично од нула. Луѓето кои постанале не толку успешни бизнисмени но сами си го изградиле патот во бизнис светот, се главни мотиватори за мене. Со нив мене ми е наједноставно да се идентификувам, нивните успешни приказни мене ми даваат мотивација за понатамошното работење. Многу ги почитувам тие, коишто сами го одат својот пат!

Извор: gea-college.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х