Студентот од приватната Виша школа во Љубљана, Никита Шаров: Во Република Словенија може да работи секој, главно е да го натерате работодавачот да ве примети

Денес наш соговорник е студентот од прва година од приватната Виша школа во Љубљана, Никита Шаров. Пред две години Никита се преселил од Калининград во Република Словенија за да се стекне со вишо образование. На новинарот од компанијата 2ТМ тој му раскажа за тешкиот пат до образованието и работата од своите сништа, а исто така и за тоа како тој успева да ги искомбинира и со полезноста за идната кариера.

Photo: © Nikita Sharov

Здраво Никита! Раскажете ни на кратко за тоа како и зошто се преселивте во Република Словенија.

Здраво! Уште кога живеев во Руската Федерација, јас почнав да размислувам за варијанти за работа и образование надвор од границите на Руската Федерација. Мојот избор падна на Реублика Словенија, таа ме привлече со необично убавата и разнообразна природа . Исто така причина за преселбата тука беше и тоа што оваа земја ми изгледаше лесна за адаптација. На интернет ја најдов компанијата 2ТМ, која што помага со запишувањето во универзитетите во Словенија. Подоцна компанијата почна да се занимава и со јазични курсеви.

Раскажете ни подетално за курсевите по словенечки јазик кои што ги посетувате.

Курсевите се одвиваа кратко, околу 2 месеца. Но дури за толку кратко време може лесно да се совладаат основите на јазикот, да почнете да го разбирате јазикот и дури Вие самите да почнете да разговарате на словенечки јазик. Исто така одличен стимул беше тоа што словенечкиот јазик беше сличен на мојот мајчин јазик т.е. рускиот. Но и покрај се јас не можам сеуште да се пофалам со одлично познавање на словенечкиот јазик . Оваа вештина треба постојано да се усовршува и јас тоа го правам постојано.

Сметате ли дека курсот располага со доволно интензивна програма за да се подготви студентот за образование на словенечки јазик?

Јас сметам дека се е индивидуално, се зависи од човекот. Ако Вам ви се допаѓа тука и ако сакате да останете, тогаш јазикот ќе го научите. Јас секогаш сум имал проблеми со изучување на јазици, многу тешко ги совладував. Но без разлика на тоа професорите од универзитетот во Марибор дозволија да се полагаат предметите на англиски јазик, што мене многу ми помогна во усвојување на материјалот. Всушност словенците го владеат англискиот јазик многу добро. Да се разговара со нив е огромно задоволство.

Раскажете ни го Ве молам Вашето искуство со вработувањето.

Во Република Словенија постојат специјални организации (студентски сервиси). Со нивна помош студентите од сите земји можат да најдат отворено работно место кое што ќе им одговара. Многу е добро да работите преку овој сервис бидејќи на едно место Вие го гледате списокот на сите отворени работни позиции по цела Република Словенија. Исто така студентите кои што работат преку студентскиот сервис, плаќаат даноци по пониска ставка, отколку обичниот вработен во некоја компанија. Самите компании многу често ангажираат студенти бидејќи таквата практика им одговара и ним. Многу често се случува, студентите откако ќе го завршат факултетот да продолжат да работат во компанијата каде што работеле и додека студирале, што значи дека компанијата нема да има приблем со пронаоѓање на соодветен кадар.

Голем проблем ли Ви претставуваше Вам недоволното познавање на словенечкиот јазик во процесот на потрага по работна позиција?

На почетокот јас си мислев дека е невозможно да се најде работа без знаење на словенечки јазик. Но знаете, ако се потрудите тогаш можете да најдете се што ќе посакате. Изборот на отворени работни места тука е многу голем, затоа мислам дека секој студент може да си нејаде некоја работа која што ќе му одговара.

– Што мислите Вие на каква саатница реално може да сметаат студентите од словенечките високообразовни установи, на пример, ако ја земете во предвид Вашата специјалност?

– Се зависи од вашите знаења, а исто така и од големината на компанијата. По моја оценка, студент по IT технологии може да смета на средна плата од 7 до 20 евра на час.

– Како што можевте Вие да се вработите тука и дали Ви е ова прва работа ?

– Мене ме интересира програмирање, затоа јас барав отворени работни места исклучиво во таа сфера. На почетокот јас се вработив како дивелопер во една мала фирма во Марибор и работев нешто што не е многу интересно. Јас веќе имав работно искуство во таа област затоа јас можев објективно да ја оценам ситуацијата. Одкако разбрав дека треба да ја променам ситуацијата јас почнав редовно да посетувам различни конкурси и стажирања, кои што беа организирани од страна на големите компании. На тој начин јас се обидував да го привлечам вниманието на потенцијалните работодавачи. И ме приметија! Јас го поминав стажирањето и добив покана за работа во Љубљана, во голема англиска компанија. Новата работа ме принуди да се преселам во главниот град на Република Словенија и да се преместам во друга образовна установа.

– Колку беше тежок процесот на префрлање од една во друга образовна установа?

– Тоа всушност не беше тешко. Јас си ги земав документите од универзитетот во Марибор и сам си ги поднесов во приватната виша школа во Љубљана на програмата Информатика. Не можев да го продолжам образованието т.е. да продолжам од втора година во вишата школа во Љубљана бидејќи тука и во Марибор програми се различни и предметите кои што ги полагав во Марибор не можеше да ми се рачунаат како положени во Љубљана. И покрај се, мене тоа не ме обесхрабри. Решението за преселба беше веќе донесено, како прво поради договорот со фирмата, а како второ јас сфатив дека мене ми е потребна таква образовна програма со која што јас би можел и да работам и да учам, како што велат да се комбинира убавото и полезното. Во овој момент, универзитетот мене ми се допаѓа и програмата која што ја избрав ги исполнува моите очекувања.

– Многу студенти се плашат да почнат да работат во првата година од студирањето. Според вас како може да се искомбинираат работата и студирањето без да се изгуби квалитетот во ниту едното од двете?

– Чесно кажано, мене ми е тешко да одговорам од прва на ова прашање. Во првата година од редовното студирање во Марибор јас одвојував повеќе време за работата, отколку за студирањето, и морам да признаам дека имав и проблеми поради тоа. Но мислам дека ако студирате како вонреден студент, ќе Ви биде многу полесно, бидејќи ќе можете без проблем да си ги полагате испитите во наведените рокови и со задоволство да си работите.

– Ви се допаѓа ли моменталното работно место?

– Да во овој момент компанијата ми помага да се развивам како специјалист. Исто така искуствово од работатата во волку голема компанија ќе биде многу голем плус во моето CV.

– Имате ли долгорочни планови за работа во Република Словенија, или можеби размислувате да барате работа во други земји?

– Во овој момент мене ми е добро, затоа и во иднина јас сакам да работам во Словенија.

– На крајот на нашето интервју би сакала да го слушнам Вашето мислење за перспективите за стекнување на вишо образование и за самореализација во Република Словенија.

– Јас мислам дека оваа земја е одлична за самореализација како висококвалифициран специјалист. Тука можете успешно да ги развивате професионалните навики и својата личност. Република Словенија е многу интересна и јас сметам дека, секој човек кој што бил тука еднаш, нашол нешто што ќе го натера да се врати повторно.

– Ви благодарам за интервјуто!

Прашањата ги поставуваше Полина Авфукова

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х