Словенечките образовен систем се одликува со прогресивен пристап и желба за постојано усовршување на студиските прогрми. Ако во Република Словенија или во соседните земји постои потреба од експерти за одредена професија, тоа е повод да се пополни дефицитот од кадри со создавање на нова студиска програма. Таквите програми најчесто се создаваат спојување на две или три области на знаења во случаите кога веќе поединечно не ги задоволуваат барањата за образование на експертите. Ќе се согласите дека е одлично да го менувате светот, науката да биде на прво место и да се стекнете со знаење во струката која што е барана на светскиот пазар на трудот!

Photo: Unsplash/Jakob Owens

Што да направите ако сакате да станете на пример дипломиран астрофизичар, а немате можност да го студирате тоа во својата земја? Во оваа статија ќе зборуваме за петте уникатни студиски програми.

„Лозарство и енологија“

Културата на винарството и лозарството во Република Словенија се развива од ХII век, а знаењето од оваа област се пренесувало од генерација на генерација. Во овој момент во Република Словенија постојат околу 28 илјади винарии. Затоа во овој сектор побарувачката за експерти е многу голема, а нивото на нивната обука говори само за себе – каде да се научи подобро, ако не во срцето на винарството!

Тригодишната студиска програма „Лозарство и енологија“ погодна е за тие кои што решиле да ја поврзат својата кариера со винскиот занает: студентите учат не само како да одгледуваат грозје и да прават вино од него, туку и како да управуваат со винарија или фабрика, а изучуваат и маркетинг и продажба. Има можност да студирате слична област во друга земја, но програмата во целост аналогна на оваа не постои.

Дипломецот од програмата за „Лозарство и енологија“ може да работи во салите за дегустација, да биде сопственик на продавница за вино или сопственик на бренд на вино, а може да биде и сомелиер или експерт за вински подрум.

„Физика и астрофизика“

Астрофизика е наука која што ги спојува физиката и астрологијата, а ги проучува физичките особености на вселенските објекти. Работата на астрофизичарот се состои од набљудување на космичките објекти, го анализираат нивното зрачење и нумеричкото моделирање на астрофизичките појави.

„Физика и астрофизика“ е програм за основни студии на кои што во Република Словенија се одлучуваат експерти за работа во истражувачки институции, вселенски агенции и атмосферски истражувачки центри. Студиите се со траење од три години и им овозможуваат на студентите да се докажат во истражувањата, учествуваат на експертски настани и се стекнуваат со корисни контакти во научната фела.

Астрофизичар е професија, која што е идеална за луѓе на кои што одлично им одат егзактните науки. Притоа да се запишете на оваа насока во Република Словенија не е тешко, се што треба тоа е успешно да ги положите завршните испити во средното училиште, а понатаму се зависи од студентите.

„Диетологија“

Диетологија е научна област која ја проучува исхраната во биохемиски аспект и од страна на човечката психологија и физиологија. Нутриционистите се занимаваат со советување во исхраната, ги земаат во предвид индивидуалните карактеристики на личноста и нејзиното здравје. Не е чудно што студиската програма за диетологија е покрената токму во Република Словенија, бидејќи одговорниот однос кон здравјето и исхраната е дел од менталитетот на словенците.

Програмата „Диетологија“ во Република Словенија е наменета за тие кои што решиле да им овозможат стручна помош на луѓето како здраво да се хранат и да го одржуваат своето тело во форма; добро да се носат со патолошките состојби кои што се поврзани со нездравата исхрана, а исто така и да се рехабилитираат од болест. Ова е полна студиска програма, која што вклучува три години основна студии, а по желба на студентот, уште 2 години на програмата за постдипломски студии.

„Кинезиологија“

Кинезиологија е наука помеѓу физиологија и физичка култура која ги проучува механичките човечки движења. Експертот од областа на кинезиологијата им помага на спортистите и танчерите, како и на сите на кои што им е потребна рехабилитација по повреда или болест.

Основните студии по „Кинезиологија“ се со траење од три години, а постдипломската програма трае две години. По завршувањето на студиите дипломецот може да соработува со професионални спортски организации, спортски објекти за тренирање на рехабилитација, може да работи во медицинските институции и фитнес центри, исто така професионално да се развива во областа на рехабилитациската фискултура. Впечатоците од студентите на постдипломските студии по кунезиологија прочитајте ги тука.

„Биопсихологија“

Биопсихологија е прогресивно поле на знаења кое што објаснува различни психолошки механизми во смисла на неврофизиологија, комбинирајќи ги општествените и медицинските дисциплини. Експертите од областа на биопсихологијата можат да бидат технички психолози или да учествуваат во истражувања во склоп на својата струка.

Образованието на основните студии за „Биопсихологија“ во Република Словенија трае три години, а постдипломските студии две години. Дипломците од оваа студиска програма ги имаат сите шанси во иднина да го променат пристапот на практичната психологија, исто така своето знаење и квалификација да ги искористи за решавање на необјаснивите психолошки ефекти и појави.

Без оглед за која професија ќе се одлучите – ретка или популарна, техничка или хуманистичка, работна или канцелариска, експертите од компанијата 2ТМ ќе ви помогнат да ја пронајдете студиската програма која што најмногу ќе ви одговара. „Програма која што ви одговара“ значи програма која што одговара на вашите преференции и реалното ниво на вашето знаење, што значи стопроцентно запишување на факултетот. За совети во врска со образованието во Република Словенија контактирајте не на начин кои што вам ви одговара.

Анастасија Пименова

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!


КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х